Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    43.309
    Би сакала на сите припаднички од понежниот пол, па и од посилниот, да им го честитам големиот форумски празник 8-ми Март.
    Јипман се врати, вајстина се врати.
    Амин.

    Потоа, би сакала да им го честитам големиот Македонско/ Балкански празник 8-ми Март на сите мајки, па на вторите мајки, такозвани тетки и баби, и наравно на сите наставнички.

    И на крај, би сакала да им го честитам на сите жени интернационалниот празник на борбата за женските права, еманципација и еднаквост, 8-ми Март и да им порачам дека ако сами не се опаметиме, не се бориме и не си помогнеме, никој нема.

    Фмп.
     
    Последна измена: 8 март 2018
    На duffi, Srcka $, Purplelilac и 37 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Би било добро да сме добри и ние жените една со друга. Или барем поискрени.

    Посакувам секој ден храброст и здравје во умот, јајниците, градите.

    :f:
     
    На Bozica1980, duffi, CoCoGiiiRL и 17 други им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Вие ја имате најголемата моќ на природата, вие подарувате живот.


    ЧЕСТИТ 8-ми март, дами.
     
    На Bozica1980, Rama, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  4. BoyL

    BoyL Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    7.290
    Пол:
    Машки
    Да си се надополнам на честитката..

    FB_IMG_1520500160237.jpg
     
    На EMMA EMILY, Srcka $, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.898
    Допаѓања:
    34.102
    Пол:
    Женски
    Среќен 8ми Март , жени, девојки , моми и ќерко.

    Од вчера се острев колку имам да пишам за овој празник. За нашите права и за тоа колку мојот сега 78 годишен татко е бил во право кога е велел вие жените сте попаметни од нас мажите. Сакав само да кажам зошто толку се слави овој празник кај нас кога се уште работите ги делиме на машки и женски. Сеуште на интернет можам да прочитам за таа и таа професија платата на маж е 3000 евра , а за жена е 2500евра(сумите од мене го измислив). А зошто? Нема ли исто една докторка да го прегледа пациентот како нејзиниот колега доктор? Зар една сметководителка нема да го состави билансот како својот колега. Зарем една менаџерка нема исто да изменаџира како својот колега менаџер? Дали жената добива помалку плата бидејќи утре ќе биде мајка или оти е мајка и и треба време да се посвети и на децата ? Не знам мислам само да бидеме подценети и да се знае дека мажот е најбитен и најпаметен.
    Додека бев помлада не сакав да ми честитат 8ми Март оти си велев да не се бореле тоа жениве до сега 5 деца ќе си имав и ќе си седев дома и ќе си ги чував.Сега треба да работа и немам време за деца . Треба да докажам дека сум иста со мојот колега.
    Немојте да мислите дека нашите баби биле подчинети , не мои дами ние жените секогаш тивко сме се борел и ќе се бориме да бидеме самостојни , еманципирани и рамноправни.
    Продолжете мои дами борете се дали погласно или потивко важно немојте да седете мирни и во канџите на ѕверот.Ослободете се бидете свои, но никогаш немојте да бидете предмет на фалба на некој маж оти ќе останете само тоа-предмет. Само напред и до другиот 8ми Март каде ќе видиме дали нешто е сменето.

    Убав ден феминки:f:
     
    На duffi, Srcka $, Ivan4e04 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Среќен Oсми мaрт, жени! Денес не се слaви сaмo фaктoт декa сте рoдени кo жени. Се слaви прaвoтo нa женaтa, бoрбaтa зa еднaквoст меѓу пoлoвите и бoрбa прoтив нaсилствoтo. Oсми мaрт е мнoгу пoвеќе oд еден пoдaрoк.
    92e3fbbc-f006-40bd-9d0b-1b8d218b9302.jpg
     
    На duffi, Srcka $, mareane и 31 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
  8. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Па дека се римува претпоставка ама...
    Кај мене дома да речеме мајка ми е од домакинка до хаусмајстор,татко ми не мрда со прст.
    Колку е изменето ме интересира,дали денешните сопружници ја скршиле таа традиција?
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Here's to strong women.

    May we know them.
    May we be them.
    May we raise them.

    :bow:
     
    На duffi, happygirl, Purplelilac и 18 други им се допаѓа ова.
  10. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Среќен 8ми Март на сите Дами:f:
    101-red-buket.jpg
    И секој нареден ден.....:hug:
     
    На duffi, Purplelilac, Yipman2 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.588
    Пол:
    Женски
    Аааааа јас од рано утро си ја добив традиционалната честитка. :lol: Уште од декември ви кажав дека Јипи ќе ни дое за 8ми Март :D
    ******************



    Го сакам овој ден оти жените го дигнале гласот за ние денеска да можеме рамноправно да се еманципираме во неправедниов ни свет.

    И запомнете, никогаш не ја спуштајте главата ниту гласот пред наметнатите норми во општеството. Имаме уште многу за освојување. :muscle:
    Со мојата традиционална честитка, ви честитам празник на сите. :f:
    A2508F3B-A65E-4F97-AA41-A7A0A8178183.jpeg
     
    На duffi, macka91, Srcka $ и 22 други им се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Честит 8-ми март, бидете сакани, среќни, горди, достоинствени борци за своите права секој ден и никогаш не заборавајте ја својата вредност.:l:
    Повелете за секого има цветче.:f::f::f:

    index.jpg
     
    На duffi, macka91, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    И јас рано-рано си добив честитка од @Yipman2 :P
     
    На Ketchup, Yipman2, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Дај им на Американци доволно време и ќе успеат да го искомерцијализираат секој празник и да ве натераат да трошите пари. Дај им на Балканци доволно време и од секој празник ќе направат повод за јадење, пиење и веселба.

    Почнувајќи од верски празници, како Св. Трифун, преку Први мај – до, секако, Осми март. За Св. Трифун се иде у кафана, за Први мај се врти скара и се љока алкохол, а за Осми март пак се иде у кафана (ама само женско друштво), на екскурзии и шопинг тури у странство. И се купуваат поклони, воглавно цвеќиња. Во суштина, правиме сѐ, освен соодветно да го одбележиме денот.

    Но зошто?

    На страна од не-толку-долгата традиција на одбележување на празников (особено кај нас), главен проблем е во тоа што или воопшто не нѐ учат за неговото значење или нѐ учат, ама погрешно, уште од најмала возраст. 90% од децата (а богами голем дел и од возрасните) на прашањето „Какво е значењето на Осми март?“, наместо „ден на кој се одбележува добивањето на еднакви работнички права на жените со мажите“ или нешто слично, ќе речат „Денот на мајката“, „Денот на наставничката“ или евентуално, „Денот на жената“ – поим со многу општо и нејасно значење.

    А што се однесува до подароците – подарок за ден кој одбележува некаква еднаквост меѓу луѓето е во најмала рака, несоодветен гест. Дали на црнците во САД треба нивните бели пријатели да им подаруваат поклони на денот кога е аболицирано ропството? Дали на хомосексуалците треба да им се подарува нешто на денот кога се здобиле со еднакви права како и сите останати луѓе? Денот секако треба да се одбележи, но на достоинствен и соодветен начин.

    Но покрај несоодветни, има и едноставно навредливи поклони. Сфаќам ја дека цвеќарите кај нас 90% од прометот го прават за Осми март и дека сите бизниси си бараат начини да привлечат купувачи, но до кога уредите за домаќинство – а поимот „домаќинство“ подразбира заедница од, во најмала рака, маж и жена – ќе се сметаат за поклони, и тоа исклучиво наменети за жените?

    Од друга страна – дали имаме причина да славиме и празнуваме? Жените имаат еднакви права со мажите, барем на хартија, но реалноста е сосема поинаква. Жените сѐ уште се најзастапени во најлошо платените индустрии, како текстилната, сѐ уште се помалку платени од машките колеги за истите работни места, сѐ уште се во огромно малцинство на раководни позиции, сѐ уште се дискриминирани при вработување и сѐ уште се жртви на сексуално вознемирување.

    Ама не се секирајте – денес повеќето жени ќе добијат цвеќе од сопругот (прв и последен пат годинава), вечер ќе заминат со пријателки и колешки во кафана (можеби на трошок на фирмата), ќе пијат, јадат, ќе се провеселат, па и ќе свртат по некое оро. А веќе од утре ќе се вратат на својата должност на жена/мајка/сопруга/домаќинка/вработена. И така до наредниот Осми март, кога повторно ќе имаат прилика да уживаат и да ги прослават сопствените права и еднаквост.

    И можеби орото е сосема соодветна метафора за сите веселби кои си ги правиме по повод на некој важен датум на одбележување на нешто – 3 напред, 2 назад, и така, со години, никако да мрднеме од место во ниедна сфера на нашето постоење.

    Среќен Осми март! :f:
     
    На iloveyou29, macka91, Srcka $ и 24 други им се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Среќен 8 Март !!!

    Screenshot_1.png
     
    На macka91, fallenangel, CaraMia и 5 други им се допаѓа ова.
  16. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    14.416
    Пол:
    Женски
    Жените кои со револуции го променија овој свет за нас
    нека не потсетат дека секој ден го обележуваат
    силните жени кои храбро ги следат своите соништа
    и ги менуваат правилата на игра
    Честит 8ми март! [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]

    28378889_10204641517635853_6804606502246889923_n.jpg
     
    На stetoskop, macka91, Srcka $ и 7 други им се допаѓа ова.
  17. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.420
    Пол:
    Женски
    Ручек, кафе, пријатели, уживање во празнична "експлоатација" :)
    Најубавиот дел од денот - подготвување на десерт со мајка ми.
    Среќен 8ми на сите што слават!
     
    На Purplelilac, fallenangel, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Тенкјууу :)

    E5AE68F0-748D-490A-B8ED-23F885AD3063.jpeg
     
    На fallenangel, Ava.84, BlackAndWhiteSwan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Осми Март... Само еден ден во годината наспрема секојдневието...

    “Силата на жената произлегува од факт што ни психологијата не може да го објасни.
    Мажите може да се анализираат, а жените само да се обожаваат“ – Оскар Вајлд


    [​IMG]
     
    На Purplelilac, Ava.84, CaraMia и 4 други им се допаѓа ова.
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.068
    Читање и слушање мафијашки работи како „никој не се опоравил од мене, хехехе“ па тука фурање филмови со боксирачи, палки, кеш колица, Србија во деведесеттите, дизелаши и така натаму. Ќе ви купам по еден нос за кловнови и држете претстави во циркус, ќе ви доаѓам редовно, обеќаем, ако е влезот бесплатен, нормално...

    Фиромски менталитет: оставам настрана нешто што не треба да биде чепкано без човек да праша и наредниот ден ништо не наоѓам. Опаковката исто така изгризана; на неа се познаваа траги од човечки заби.
    А што ќе прашува кога може вака да си се најаде како човек. Сега и јас така планирам да правам; без да прашам ако видам некој како јаде хамбургер ќе му го земам од раце и ќе го изедам пред него.

    И да, им го честитам на жените празникот 8ми март и имам порака до посилниот пол: било која жена на било кој ден треба да се третира со почит и да се става на исто рамниште со мажот, не само на овој ден кога се купува цвеќе и се кажуваат „ради реда“ неколку зборови. Секоја чест на исклучоците.
     
    Последна измена: 8 март 2018
    На Srcka $, Purplelilac, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.