Страница по страница, пуштив да ме обвитка магијата на приказната и на нејзиниот свет, се‘ додека здивот на зората не го помилува мојот прозорец и моите уморни очи не ја поминаа последната страница. Се истегнав во сината секна и го чув џагорот на заспаниот град како капе по покривите, испрскани со пурпур. Сонот и уморот чукаа на мојата врата, но одбивав да се предадам. Не сакав да престанам со волшебството на приказната, ниту да се збогувам со нејзините ликови.
Сакам да кажам дека со тешки идиоти, дебили, дилеји, сељаци и пациенти го дишеме воздухот и го делиме ова парче земја натопена со премногу крв на нашите предци.
Навремено исклучено рационално размислување, е одлука која деновиве ме спасува.... реченица на мојата пријателка ,психијатар, која ми трепка во сржта со својата вистинитост....
Трет ден како сум излезена од дома по 12-13 саати,да се разбереме тие саати се потрошени на шетање,ама дојдов до заклучок дека кога сум дома во својот "заштитен оклоп",подобро функционирам. Имам ветено уште за утре друштво и шетање,и после си се враќам пак во мојата зона. Еднаш се живеело,еднаш си бил млад,слушано ми е преслушано ова....и многу се нервирам кога ќе ми речат:зошто не излегуваш постојано како порано,дрн,дрн,дрн....не сакам да слушам веќе
Се отепав слушајќи музика од 80те, рокче ми пее низ дома Добро утро, јас веќе будна. Вчера ми дојде најдобрата другарка на гости, сега е мажена и со 6 месечно бебче, бебчето носеше капче и изгледаше како мало штрумфче
Велат искреноста е скап поклон, не очекувај го од евтини луѓе Јас велам, искреноста е скап поклон, не давај го на евтини луѓе
Ќе се намрштам, па ќе дојде до мене, ќе исплете раце околу мене и ќе ме стисне, а јас ќе се топам. Ќе ме потсети оти го имам него и оти тој ги брка сите мои неволји подалеку. Па ќе ме изнесе на тераса да гледаме небо, дур мирисот на новиот крин скокотка нос. Ќе се потсетуваме каде се сме се љубеле и уште каде на светов треба да се љубиме. На грубиот конец на животов нижеме копнеж по копнеж, желба по желба... Полно ми е срцево.
Кога ќе сретнеш човек што сака да се расправа и се впушта со тебе во борба против вистината, ти прекини го спорот и оддалечи се од него...
Денес во мода е да бидиш лоша девојка. Да се дрогираш, тетовираш, расправаш со кој ќе стигниш... Убај времиња. До кај можи да оди глупоста е прашање.
Па мора да се компензира за сите векови машка доминација,мора и жените да осетат како е во времето на женската инквизиција Има многу дискусии на оваа тема а и многу мрчење м*да исто така
Од кога да имаш тетоважа те прави лош? Сте виделе милион мајки и татковци со истетовирани имиња на децата, луѓе со истетовирани значајни датуми, значајни симболи, реченици итн. Ако тоа те прави лош тогаш да, до кај може да оди вашата глупост на тие што го мислите ова?
Не сум знаел дека сум лош,затоа што покојаната ми мајка ја имам на гради истетовирано,извини што сум лош.
@СуперДевојка @ЕденЧлен @ivi1987 не мора одма да се палите. Мислев на оние шо бркат мода. Шо буквално го чкртат телото за да бидат јаки. И шо ги прат сите погоре наведени работи и плус други. СДК арно ме немаше подолг период овде незнам шо се вратив.
Искрено ќе ви кажам ова е мое мислење и не мора никој да се согласи со мене. Според мене личен избор е дали ќе направи или нема да направи тетоважа или сака да се тетовира или не сака да се тетовира. Мене искрено не ми се допаѓаат тетоважите и не би сакал да се тетовирам. Плус таа тетоважа треба да се оддржува, а јас немам живци за тие работи. Плус имам фобија од игла така да не би сакал да дојдам во контакт со неа. Инаку не ги делам луѓето според изглед или тетоважи туку според тоа карактерот и односот кон мене. Како се однесуваат со мене така ќе се однесувам јас со нив. Инаку не ги осудувам тие што се тетовираат тоа е нивно индивидуално право и си носат глава на рамена и си знаат што сакаат. Инаку се сложувам дека тие што се имаат истетовирано по цело тело претерале и дека тоа според мене не изгледа убаво.
Секој што чека дочекува ли.. или ..? Не е лесно да чекаш некој на временски период што незнаеш колку ќе потрае за тој да си го среде животот, за да не те повреди како претходниот пат. Чуствотот кога не си сигурен колку ќе се исплати тоа чекање нема да е залудно ...