Живееме во време каде од мали ни наметнуваат разно разни суеверија. "Немој, не го прави тоа, ќе се разболиш" "Немој тоа носи несреќа, нема да се омажиш" "Нема да можеш да имаш деца" Здрави прави не унаказуваат со ваквите размислувања. Замислете колку малку фали тоа да се вреже во детската психа и да се манифестира понатаму во различни сегменти во животот. Па се јавува чувство на вина, тоа сигурно е така затоа што нешто сум направил погрешно. И моите ме задоија со вакви размислувања, се додека не кажав Стоп, ништо нема да ми биде ако навечер во фрлам ѓубрето или ги исечам ноктите, ако се бањам или сработам нешто во празник. Луѓе 21 век сме значи,,,,
Нивно тело, нивно право дали ќе го шкртаат или не. И нететовирани луѓе ги прават горенаведените работи.
И тоа што го зборите за јавни личности некогаш знае онака по малце да зборува за вас. За менталитетот, осудите и предрасудите, мрчењето како популарен „спорт“, границите на оговарање... Just sayin'.
Ако жената може да успее само доколку се угледува на мажите, тогаш тоа не е успех туку голема загуба. Целта не е само жената да успее, туку да ја зачува својата женственост и да и‘ дозволи на својата женственост да изврши влијание брз општеството
Ако ти не се прилагодиш кон условите во светот,сигурно светот нема да се прилагоди на тебе. Ете така ако ти не се прилагодиш на огледалото дома ондак ни огледалото дома нема да се прилагоди на тебе како што може да ти се прилагоди на тебе огледалото во лифт. Сликање само пред огледало во лифт. #некатрепка#очинекавади
Големи се оние луѓе кои го надминале и совладале глупавиот страв и очекувањата од иднината. Јас сум од групата на оние кои упорно живеат во страв,секојдневно тргнувам да го победувам тој страв,ама за кратко се враќам пак на ужасниот почеток кој ми изгледа толку очаен и безизлезен
Време за промени. Некои пријателства завршиле под неразјаснети околности. Иако поминало време, сакам да ги обновам. Знам дека не рекле за џабе тоа што е завршено да се остави во минатото, но како би знаеле дали би имало ефект нешто ако не пробаме? Долго време се мислев дали да пишам или не, ете пишАв. Барем знам дека сум пробала да не ми е криво.
Многу мразам кога ќе ми речат "Ама те виделе, ти имаш нешто со тој/таа." Абе,што ако ме виделе? Чувај си ги таквите до себе утре вдовица ќе те напраат. Колку што имате уста за оговарање, да имавте таква уста да ми најдевте работа па за тоа да оговаравте ќе разберев. Прости луѓе.
Колку убав ден На човек му е потребна љубов, пред се`. Да се блиску луѓето што знаат да му го стоплат срцето. Се` друго е споредно. Имајте убав понеделник и сакајте несебично, безрезервно. Без штедење
Me додале во група за медитација. Се смеам. Колку души треба да се затворат ради вакви работи... мајко моја. 500 денари саат време за да раскинеш (не знам каква врска) со некои особи во твојот живот, откако прво ќе те убедат дека баш тие се проблемот кој ти не можеш да го увидиш у твојот живот. И после завршуваш во еден лош вртлог каде стануваш зависник од разно разни гуруа кои сите до еден ќе те убедуваат дека ти се затнати сите чакри и дека си навлечен на лоши работи и дека солар плексус ти е пун со горчини... Ај да речеме дека све ова стои како релевантно некаде од некого во светов, ама во Македонија...? А-а... Луѓе како одите на вакви непроверени работи? Како се лажете? Ова е исто ко на бајач да одите да ви забае. Знае ли некоја институција дека вакви работи постојат?
Далеку сме ние од Полска ''Во Полска стапи на сила законот за задолжително неработење во недела и голем број маркети и продавници веќе почнаа да го почитуваат. Опозицијата се противи на законот и вели дека поради оваа одлука, десет илјади работници ќе останат без работа. Новиот закон им забранува на трговците да работат две недели во месецот, но идната година бројот на неработните недели во месецот ќе биде зголемен на три, а од 2020 година сите четири недели ќе бидат неработни.''
И вика - ма што имам јас од твоето извини?! ... за згрешена нарачка... Извини госпожо што ќе почекате уште некоја минута да ја примите вашата порачка. Која некултура и безобразност е изразот - ШТО ИМАМ ЈАС ОД ТВОЕТО ИЗВИНИ? Кажано во било кој контекст. Една Германија која направила масовен геноцит во светот, предизвикала војни, секоја нова влада му се извинува на светот за невољите кои му ги предизвикала и светот го прифаќа тоа, некоја смрдла од Благодарево за салатата немала ништо од нејзиното извини или некое недоразбирање кое не може да се поправи, но може да се даде извинување... јер ти си бог на што? Еготрипачите? Посебните снегулки? Што? Вакви луѓе со изразот - што имам јас од твоето извини, сте она црното под ноктите. Зависи од контекстот и ситуацијата, ама за ноторни глупости...а ноторна глупост е речиси све на светов, сем ако не убиеш или не му нанесеш огромно злодело на некого... све друго проаѓа... Аман... лечете се.
Си зацртав до касна пролет да симнам некое кило, онака, со внимавање на исхрана и со помали порции..... Епа одкако ке се прејадам како ѕвер, од после се сетам на планот...
Не знам можеби е до мене и јас погрешно размислувам, ама да не си во состојба сам да направиш проектна, да плаќаш други да ти прават, ми е дно! Без навреди, сеуште сум студент (последен семестар) и искрено се чудам, од 100 студенти 50 плаќаат да им прави некој друг, ајде да е некој вработен и студент ок, може нема време, ама па ништо да не правиш и да чекаш други да ти средуваат, не можам да сфатам, еве стварно, што е целта што си запишал факултет а не си во состојба една проектна да направиш (да истражуваш) треба да се воведе уште некој наместо нас да полага ...пак ќе кажам до мене е може, погрешно размислувам.
Кожата ми се наежи.. од суровата болна и тажна вистина... Spoiler Гозба По бурек сабајлево во локалната пекара. Додека чекав да се допече симитката, влегува човек во работничко одело. Имаше преку 50. Засушена вар и бетон на неговите чевли. Прастари, со врвките во различна боја, кафена и сина. Валкано капче на главата. Избраздено лице со длабоки брчки. Уште подлабоки пукнатини на грубите раце со крвави рани на неколку места. Сино одело кое посивело од прашина на колениците. Работничка класа. Типичен пример. „Да ве замолам за јогуртче едно, ако може, за со ѓевреков, да не го јадам на суво. Работев кај еден денес, не ми плати, ќе ви донесам пари утре, еве онде работам, подолу, кај што е паркирано белоно комбе“... покажува со раката. Му се тресеше од срам, непријатно му беше. Надничар, си помислив. Ја стискаше ќесата во рака во која се наоѓаше ѓевречето, врзано во чвор. Момент кога ти се смрзнува крвта во жилите. За 15 македонски денари кои ги оставаш бакшиш, ги расфрлаш по дома, ги забораваш по џепови. За тебе ништо, за некого многу, живот. Со нив можеш да изгаснеш жед, да не јадеш на суво, со нив можеш да си приуштиш задоволство. Две јогуртчиња му даде газдарицата, не едно. „Нема проблем, терај чичко“. Не знам колку пати ѝ рече фала на жената пред да излезе. А потоа седна на бетонската ограда надвор, го испи едното јогурче на екс, го разврза ќесето па се „гоштеваше“ полека. Ми се виде како цела церемонија, иако траеше само 2 минути. На крајот од церемонијата, со грубите раце си ги избриша усните, рацете од оделото, па си замина. Колку ли ќе го држи едно ѓеврече? Физички работник. Со две кревања на лопатата ќе му отиде силата од ѓевречето. Туку... ако не му платил човекот, од каде му е ѓевречето, си помислив? Можеби му останале 10 денари по џебовите па си го купил? Можеби си го донел од дома? Можеби исто вака некаде, во некоја друга пекара влегол, објаснувал, се молел... ѓеврече да му дадат? Ми се одјаде. Ни симитката веќе не ми мирисаше убаво. Ни бурекот. Свесен ли беше чичкото, како што бев јас, дека во моментот кога ги побара јогуртчињата тој просеше? Зарем дотаму сме дошле? Работничката класа да ни проси? Дотаму. Тоа е реалноста, насекаде околу нас, само треба да подзастанеш, да ги отвориш пошироко очите, за да ја видиш. За некого „гозби“ од ѓеврек и јогуртче, за политичарите гозби од срнечки грбови, лососи и коњски стекови... платени преку грбот на чичкото со чевли испрскани со вар и бетон Јас само не знам, се прашувам, не можам да сфатам, како не ви мирисаат скапите гозби на потта на работниците? Нивната пот ви е зачинот! Нивната крв ви е скапото вино кое го пиете... една ваша голтка чини стотици јогуртчиња... Крвопијци! Копиран статус од Фб...Калина Коси
Жалосно,многу го споделија и нормално го прочитав. Епа дојде животот.Ама дојде и не одмина. Работничката класа се дави во сиромаштија.
Сакам да кажам дека сум разочаран од оваа држава и сите институции без разлика на дејноста со која се занимаваат. Се јавувам денес на неколку огласи за работа за работна позиција Административен работник и лицата со кои разговарав ми рекоа дека лицето кое ќе аплицира за таа работна позиција треба да го познава македонскиот и албанскиот јазик. Да ми кажеше дека треба да го познава македонскиот и англискиот јазик ќе разберев до некаде бидејќи повеќето софтверски програми се базираат на него. Искрено сум разочаран и ќе ја напуштам земјата дали во скоро време или подоцна, ама не планирам да останам овде. Во огласот не беше наведено познавањето на албанскиот јазик. За плата од 12 000 денари за извршување на работните одговорности плус познавање на албанскиот јазик, да не сакаат да знам да ги пеам химните на Косово и Албанија за да бидам достоен за таа работна позиција административен работник. Тоа е она чувство кога ќе ја загубиш сопствената држава и се чувствуваш како туѓинец во неа. Кога малцинството има поголеми права од тебе јасна ти е целата работа и знаеш колку е часот.
@RAF Camora се ти е точно пишаново.Ама еве административен работник се бараше во една болница ако добро памтам пред некои време. И на газдата не му е многу гајле за индивидуалното размислување,тој бара некој кој истовремено ќе му услужи секаква клиентела. А ако земеме во предвид дека цело Косово тука се лечи и плаќа во евричи па нормално на газдата повеќе му е во интерес билингвалец. Моја познајничка уште по Рамковен отиде на часови по албански,заврши и факултет на албански и се тоа и одма се вработи,нормално меѓу првите знаеше и албански течно говорно и писмено одлично. А ние другаркиве и се чудевме тогаш,некој познајници и коментираа дека е продадена душа. Тие што коментираа заминаа во Острелија и сега протестираа како непродадени души а познајничкава фино се снаоѓа се уште. Така да секој си гледа интере. И газда свој интерес и работник свој интерес.
@CaraMia во такви случаи ја разбирам потребата , ама на пример во повеќето од огласите никаде не беше наведено тоа. Барем коректно нека напишат што бараат да не си го губам времето без врска. А од друга страна не им е важно образованието и тоа кога им кажав дека сум дипломиран во оваа област. Според нивниот муабет не е важно толку образованието колку што е важен албанскиот јазик. Епа затоа нека не се чуди секоја власт зошто младите си одат од државата. До кога образованите кадри ќе ја напуштаат Македонија само драгиот Бог знае. Најверојатно додека пензионерите не останат сами како гробови.