Дали ќе беше поразличен светот ако мажите се гадеа од чинот на силување, дофрлување на улица, психичко малтретирање на истиот начин на кој се гадат од чинот на пораѓање и добивање менструација?
Моментот кога десетгодишно девојче ми кажува да знаеш колку сум под стрес денес зашто ќе ни ги соопштат резултатите од општинскиот натпревар по Природни науки...А јас целата вџашена и во прашалници размислувам: И тебе ли те запозна стресот? Ах, бре детенце, има многу нешта што не можеш да ги разбереш, а и не треба. Сепак е рано за твојата возраст. Гледајќи ги постапките, во тебе препознавам дел од себе и тоа ме прави малку горделива и повеќе несигурна. Сфаќам дека генетскиот код силно доминирал во особините што со тек на времето се претворија во фосилни остатоци. Мислев дека сум меѓу реликтите, ама тука си била и ти. Мојата мудра внука... Чувствувам дека си на пат да се изградиш во принципиелна и доследна личност на своите ставови, само би рекла не секогаш, не секаде и не со секој. Нашите правила не се признати на тоа ниво. Научив дека искуството е бесценета лекција која може да и се потсмева на хартијата. Па,поради таа ценета предност, не би сакала пред мене да имам моја копија во поглед на очекувањата. Доволно е и вака. Резултатот секако отсуствува. Не знам дали амбициозноста и одговорноста еден ден ќе те одведат во вистинскиот правец, зашто јас и после толку време не ја почувствував позитивноста од таквите предиспозиции. Можеби ти ќе успееш. Не те одвраќам од намерата.Твојата среќа и времето во кое растеш, созреваш и учиш не се мои. Секој со своето, нели? Биди си ти зашто од тоа нема бегство. Се надевам дека еден ден ќе ја истуркаш упорноста и ќе ја освоиш целта. Патем, се би било оправдано, па дури и детското исчекување во напнатост да се освојат повеќе поени за повисок ранг и понатамошно учество, ако образованието се вреднува по стручни квалификации и знаење и секој си ја заземе заслужената позиција, наместо прочуената селекција според полтронско-теренска одработка на задачите низ која поминуваат многумина од нас и се соочуваат со суровата голгота на општествениот систем. П.С. Некогаш и јас бев таква, нетрпелива, додека не се пронајдев на списокот меѓу останатите. И денес се уште се барам меѓу другите, но не со таква доза на волја и енергија.
Колку убаво е чувството по редовен тренинг кога се бањаш во сопствена пот без грам шминка и се гордееш со себе си што го преживеа и овој тренинг.
Грижата на совест е добра работа. Значи дека имаме совест и дека сме свесни за своите постапки. Секој би требало да биде свесен за тежината на своите постапки и да има каење.Многумина не се свесни и не сакаат во себе да ја пронајдат вината,себеси се самооправдуваат,а другите ги обвинуваат,ја префрлаат целата вина на некоја жртва која ќе ја искористат како влажно марамче за да си го избришат образот,и го фрлаат кога веќе не им е потребно,веќе употребено.Сите сме грешни,но не сме сите покајани.
Мислат за својот џеб,а не за народот. 20години да тапкаш во место,а народот слеп за пари не го гледа сето тоа,или го гледа ама се прави слеп.
Утрово во кујна си спремам кафе а ќерка ми (3год.) ме чека во дневна и си гледа цртани..влегувам јас со кафето и ми вика мамо овде имаше дете...Какво дете бе ќерка, па кај е сега? .. Па си отиде сега, кога влезе ти..... Знам дека си измислуваат имагинарни другарчиња ама моментот кога ми кажуваше сакав да си збришам од дома
На некои луѓе едноставно невозможно е да им се објасни дека секоја слика која е прикачена на интернет, секоја испратена порака, не е можно перманентно да се избрише...
Мерил Стрип во Mоја Африка и Мостовите во округот Медисон,ах незаброравна интерпретација. И книгите ми се прочитани и филмовите изгледани. Каков актерски талент,вечна ненадминлива класика.
Седмица испланирана од почеток до крај со многу обврски кои треба да се завршат, ама сонце златно ти дава толкава позитивна енергија и оптимизам дека се ќе се заврши како што треба. Ако е вакво времето и за викенд, тогаш викендот ќе ми биде позитива. Само вторник е, а јас веќе размислувам за викенд.. ехх.. Туку во изминативе недели се посветив на нешто што го посакував долго време, нешто само за мене и чувството и енергијата кои ги имав за да ја завршам работата беа неверојатни. Сепак мотивацијата е најважното нешто за да истраеш до крај. Резултатите можеби ќе бидат позитивни, можеби не но сепак среќна сум што барем си дадов шанса и за прв пат после долго време верував дека јас МОЖАМ. Ги оставам вторничките филозофии и започнувам со работа. Ах да, да не заборавам мисла која ми се вртеше со денови во глава. Многу сакам да ги читам постовите на @kravce во темава. Онака ми се совршена рамнотежа и хармонија во изразување на среќите и незадоволствата од секој еден обичен ден. Некогаш дури и ги препрочитувам по повеќе пати Доста зборувам веќе. Убав ден ви посакувам
Таа клоцка. Ми кажува да не се наведнувам многу многу. Да престанам да си го набљудувам лицето. Ми кажува да бидам директна. Бара чоколада навечер, а можеби и двете сме крајни немирки и невоспитани во однос на храна. Затоа утрово на лево рамо, мала алергија. Е па нугат крем чоколадна пралинка во 23:11 не е најпаметен избор. Скришум го спакував фолиичето и го пикнав во фиока. Се кријам од сама себе? Не знам. Патологии. Си зборувам со неа, ѝ плачам. Ѝ кажувам дека татко и е безмерно будало човече кое е нејзин надворешен набљудувач и внатрешен крој. Пишувам песни за неа, нема бегање и одлично е. Избегнувам да им објаснувам на луѓе што ми е. Ти си ми. Ми се случуваш сега ти. Најважната алка во ланецот состојби. И без патетичните моменти, просто е различно кога знаеш дека имаш нешто поголемо од тебе. Поголемо од сите глупости. И од сите важни работи. Мерките за фустан, нежниот акцент на моја Лела и математиките за американски сатен и чипка. А потоа следуваат пченкарни мафини, смуди од портокал и банана, меланхолија здиплена на пола и ставена во плакар сосе чистите пешкири, Liberian girl на звучници и посета на пазар пладнево. Во совршено време со несовршени околности ми се менува светот. Ти благодарам, малечка моја.
СДК дека доколку нема различни мислења и дебата на сите теми што се отворени на форумов, дека немало ни да постои ни да опстои толку години. Ако јас имам поразлично мислење од друг член, истиот тој не треба да ми вика: - Ај престани веќе. - Досадна си. - Го тупиш X дена итн. Или научете се да одговорите на пост и да цитирате, или доколку ви е досаден членот едноставно прескокнете го зошто на јавен форум несмеете да му речете на човек да престане и да не го тупи, несфатливо е искрено.
Пишуваш во општи прашања не добиваш одговор, пишуваш во здраствени проблеми бараш совет, ако еден ти пише добро си поминал, пишуваш во како да искомбинирам...бараш мислење, пак демек никој нема идеа што да ти предложи, ама затоа пак пишуваш во модни критики и ете ти беља..сите модни експерти..надвикувања, надмудрувања, ударање у гради кој последен да е...да се дискутира и на др.теми како што се дискутира таму форумот по друг ќе беше
Вреди да се издржат тешките денови за она што следува потоа. Секој мисли дека тагата трае вечно, но не е така. Секогаш се разденува. Облаците не можат вечно да го покриваат небото. Не е важно ни колку ќе трае среќата, важно е да уживаме во секој момент од неа. Без излишни мисли и непотребни грижи. Тука и сега е се` што имаме
Отров луѓе се како дрога. Ти виси едноставно над тебе. И мислат дека се знаат напротив многу негатива шират.