Како особа што е тапа во ориентација во простор, често се прашувам за луѓето (и наши и по некој странец) што ме имаат сретнато и прашано каде се наоѓа некоја локација, што направиле после мојот обид за давање насоки...
Ви се случува и на вас одеднаш да сте overwhelmed со љубов и од никаде ве удира колку многу ги сакате луѓето околу вас и сакате сите да ги гушкате? Спојлер На трезно зборувам
Ве молиме цитатите ставајте ги во оваа тема. Во спротивно ќе бидат избришани. Истото важи за сликите со пораки.
-Еј, каде си!? -Еве, тука! -Како си!? -Добро. -Што има ново? -Се исто. Овие три прашања ги повторуваме со секој што ќе го сретнеме и секој е тука, секој е добро, секој е исто...а во секој има пустиња од самотија и море од неисплакани солзи
Сакам да го прашам овој " животот мој ": Зарем не гледаше дека од еден селјак кој трошка љубов не ми даде не се откажав три години покрај се, зошто мислиш дека фрлајќи ми ги сите овие пречки ќе се откажам од нешто....? Упорна сум животе и тврдоглава откажи се, секако победувам во овие две три битки!
Во последно време се почесто доживувам Дежа ву(точно мислам напишав)и така језивко ми е малку,аман нека прекине
Овие што уз муабет користат англиски зборови или па на англиски зборат или пишуваат, се прашувам дали мислат дека така звучат покул. За што се мачеа Св. Кирил и Методиј...
Се заинтересирав за една посебен вид на дискриминација, наречена големина на куче. Да, го измислив сега ова. Реално, мислев само јас дискриминирам кучиња по големина, ги сакам повеќе тие со голем раст, тоа е. Но ме интересира, зошто само малите сорти ги облекувате со сваштарии и им лепите венчиња и што ти знам? Зарем не сака и некоја шарпланинка да носи цвет на уво? М? Зошто на дога не и облечете сукња, баш има долги нозе убаво ќе и стои. И такви глупости во глава ми се вртат, а реално не можам да сфатам луѓе со минијатурни кучиња кои им служат како кукли за играње, пресоблакање, па ќе нанкаме, ќе какаме, ќе шетаме... и слични мама синдроми. ИТС А ДОГ! Искрено, всушност не ми се тие проблем. Никој не ми е проблем. Ама ете, си правам занимација на памет. Уствари прајте што сакате Ај чао
Посакувам свет без зло, без провокации, без непотребно трошење на енергијата за да се докажеме кој е во право, а кој погрешил. Посакувам свет во кој секој ќе си го живее животот како што нему најмногу му одговара и никој нема да биде осудуван се додека неговиот начин на живот и неговите одлуки не предизвикуваат никаква штета никому. Црни, бели, жолти. Машки, женски и неодредени. Хомо, хетеро, би, асексуалци. Врвни научници и сексуални работници. Се додека не правиш никаква штета никому, ти си човек. Ништо поразличен од другите, ништо полош од нив. Која е потребата да чепкаш во нечија приватност и да му кажуваш како да го живее животот? Обидете се барем еден ден да замислите дека се што знаете за некој човек е како тој се однесува со другите околу него. Можеби тогаш ќе сфатите дека многу ваши омрази се неосновани. Сакајте се луѓе, и пораснете. Возрасен човек е оној кој сфатил дека не е одговорен за ничии други одлуки освен за своите и престане да ги осудува луѓето поради тоа што се. Се друго е разгалено детиште, па имал тој човек и 50 години.
Rest in peace, Stephen Hawking... Еден од моите омилени научници за кого имав почит и кој ми беше идол и инспирација за моите научни теории. Неговата работа и придонес во науката беа едно од ретките работи за кои бев заинтересирана и ме инспирираа, па дури и ме правеа малку среќна на оваа планета осудена на пропаст од најинтелигентната форма на живот базирана врз јаглерод. Морам да признаам дека се изненадив кога прочитав за неговата смрт, всушност, не го ни очекував ова особено откако пред само неколку дена испратив анализа од аспект на астробиологија врз основа на неговото предавање "The beginning of time" во едно Канадско научно списание ...
Од нештата кои те дразнат,не нешто нарочито ама малкуцка... луѓе на кои не им е убаво кога на тебе ти е убав и обратно - луѓе на кои им е убаво кога тебе не ти е.
Откако прочитав имам некое одвратно чувство како кога умре Prof.Brand vo INterstellar,дека доаѓа крајот... Ама не е така зад секој голем научник стои армија негови следбеници,ќе оправат тие се што е за оправување. РИП С.Х.упорно и препаметно човече,со бескрајна надеж да истрае со битката со болеста. Покажа дека медицината и реланоста често немаат допирна точка. Потсвеста е таа што владее,ако научиш да ја насочиш кон тоа да работи и размислува позитивно.