Иако само дел од мојата научна работа се базира врз него, без разлика дали тоа е во форма на критичка анализа, научен труд или нешто слично, сепак се согласувам со ова што го кажуваш. Особено ако се работи за научник кој имал голем придонес и бил инспирација на толку луѓе и други научници, па дури и на млади научници како што сум и јас моментално. Најважната работа овде е што и покрај тоа што Stephen Hawking е сега починат, неговите теории и мисли никогаш нема да умрат - ќе живеат во оние кои навистина ја сакаат и се посветени на науката, и сигурна сум дека има многу вакви истомисленици кои се трудат тоа да го докажат секој ден, како и јас самата...
Во филмот ќерка му и сите истомисленици го направија тоа поради кое филмот вреди да се гледа. Го надминаа професорот со своите замисли и практична изведба на карјот. Времето како постојано променлива варијабла.... Многу интригантна појава. И С.Х.остави зад себе иновативни умови.
Пролет ме асоцира на балентанки, получизмички и патики. Но толку е ту мач кога ќе видам девојки во чизми до под колена на 20 степени. Нели ви е топло, нели ви мириса ногата после тоа. Ужас.
Потребата да се изгледа младо и да се биде на рамниште на младината неверојатно силно влијае на женската популација одразена низ здодевните фотографии што секојдневно ги преплавуваат порталите. Разноразни извикани стручњаци од одделни области континиурано шаблонски пропагираат како треба да се чувствуваме, што да се храниме, како да се движиме, каде да одиме, како да изгледаме, во секој животен период, не/свесно не земајќи го во предвид фактот дека секоја жена создава своја слика различна од останатите. Не треба да се тежнее да се биде млад, туку да се инвестира во здравјето. Здравјето е младоста и без следење на модерните трендови. Секој поминува низ природен процес на стареење кој не бара објаснување за годините пред никој. Староста е убава исто колку што е мудра младоста. А среќата е во убавите нешта.
Вистинско променливо пролетно време. По малку дождец убаво сонце. Чај и убава музика. Време само за мене под ова пријатно сонце
Сакам да кажам дека ќе си одам од државата колку и да ми е тешко да ја напуштам татковината не би останал веќе по никоја цена. Им посакувам на политичарите да останат со рамковните во државата сами како гробови.
Ова истото и го кажав на мајка ми кога ја разбрав веста на денот. Нема веќе поента зошто да се седи тука
Нема поголем вербален одраз на невоспитување, злоба, простотилук, морално дно - од користење клетви, во која било прилика.
Сакам да кажам .. Ма не знам што сакам да кажам точно ама сигурно до крајот ќе кажам нешто. Денеска сите за јазикот зборат, мене јазикот ми изгоре од лутите пиперки шо ги јадев преѓе. Ми скурчи од постојано да слушам од луге кои велат дека дно држава сме. Добро, знаеме. АМА ЗНАЕМЕ ! ЗНАЕМЕ !! не си ги трпшете зборовите .. додуша и не е точно тоа само така ви се чини, изгледа не го гледате полошото. Ми скурчи секој ден исто па исто исто па исто Му скурчи од самата помисла со што се замаме ние Македонците. Ми скурчи од сарказмот за патриотите МИ скурчи од просотилукот наоколу Ми скурчи од моите мисли кои ми се повторуваат. Ми скурчи од протести бе. Недај боже за нешто навистина да сакам да протестирам, нема да одам пошо скурчено ми е од тоа .. Ми скурчи пошо се замарам за ова, иако не сакам ама насекаде е околу мене. Ми скурчи ........................ ај чао ...
Бесна сум што овој датум намерно го одбраа за глазање на Законот за јазиците.На овој ден почна војната,сега како за инает на бранителите на овој ден гласаат.За малку ќе бев сирак поради таа војна,малку фалеше татко ми да загине во група на бранители.Ме боли тоа
Јас сериозно сум загрижена за луѓе што мислат дека нешто што постоело многу одамна и сега стана официјално значи крај за државава.
Утре ми е ветена карта за концерт на Каролина. Ај утре ќе видиме дали како денес ќе биде ветено-исполнето
Се вели, видрите спијат фатени за рака...за да не ги однесе водата....Денес-раздели па владеј...На Страшниот Божји Суд ќе нема гласање...Смирено..човечка правда не постои,Божја правда постои и тоа најправедна...