Па кај прочита ти дека некој рече дека не постоело. Едноставно ни се гади од целата претстава која ја прават во собранието, кој веќе не личи на собрание туку на пазар. И не е ова од сега туку од осамостојувањето собранието не личело на институција каква што треба да биде. Едноставно разочарувањето е од многу одамна само сега претераа со претставите . Еве и Иванов вели дека нема да го потпише законот, ама изгледа додека не му се заканат овие што ги поддржуваат рамковните. После и тој ќе си легне на брашното затоа што очигледно политичарите немаат совест.
Луѓе, имате цел подфорум за Политика, имате посебна тема за законот каде може да кажете мислење, истото се дискутира и во Актуелни политички настани, па упатете се во тој подфорум.
Разлика помеѓу ситна душа и духовно изграден човек? Ситната душа размислува од денес за утре, ориентиран е кон материјалното, се гордее со наметнатите западни трендови, глуми либерализам и го поддржува неморалнито однесување. Духовно изграден човек има чисти мисли, се придржува до Божјите заповеди, ги поддржува традиционални семејни вредности, свесен е дека среќата не е во материјалното туку во духовното и не дозволува да му се наметнуваат ставови. Што се случува кога некој го уништува мирот, спокојот и идентитетот на човекот? Човекот бара смиреност во молитвата, знае дека Господ ја слуша неговата молитва. Човекот знае дека доброто секогаш го победува злото, но понекогаш поради болката, очајот и немоќта човекот посегнува да колне, ова го прави човек кога знае дека изгубил се што му било важно во животот. Никој не може да избега од Судниот ден.
Дечки здраво. Ванзин едвај си го врати профилов и конечно ми пратија нова лозинка.Од втор обид. Дечки Ванзин и покрај лошите вести што ги доби вчера, денес е за чудо во одлично расположение, и истата таа верува дека ќе успее планот и желбата ќе стане реалност. Не знае како, но ете нешто ќе се случи.Длабоката верба прави чуда. Имајте добра ноќ
Многу лесно е да обвиниш некого за одредена постапка,ама малку потешко е да разбереш зошто дошло до тоа и да се потрудиш да ја разбереш обвинетата личност
Секоја чест Господ здравје да му даде на тој што ги измислил http://usb.mk/2017/11/22/слушалки-што-го-намалуваат Спојлер Имало спас
Сдк 1. Сите знаат што е најдобро за нив, за другите, за подобар живот и подобар свет. Сите знаат како треба, можат да напишат реферати кои звучат толку прекрасно или да држат долги говори, но сѐ останува само на збор. Нема придржување до тоа. Затоа и светот е хаос а не е идила. Сдк 2. Сите ние сме различни и во тоа е нашата убавина.
Сакам да кажам да се искажам и џабе преку глава ми е Преку глава ми е од женски лица што се болни во умот за само да се докажат пред некој,болни од тоа што не се е.... (извинете) па сеа нервозата ја истурат на друг Мислат дека со викање,покажување јаки дека се ќе земат поголема плата или незнам што,па до кога од вакви и после многу се иселувале од Македонијава па нормално кој сака да работи со болноумни колеги во секоја фирма ги има 99% еден нормален дали има Ќе станам како оној од Белград пред некој ден кога си уби еден колега и двајца ги застрела ќе ме гледате на тв Господе каде си ???
За доручек житарици, за ручек ориз и салата, за вечера супа од зеленчук... И после тоа пиво и крилца, или виски и кола, онака скоро секој ден, лабаво... Ебате животот....
Колку пати ќе тргнам да ги опишам емоциите кога се чувствувам демотивирано, но знам дека ако ги направам јавни, тогаш тие ќе бидат нешто што ме дефинира. Не дека луѓето кои што ме читаат тука ќе имаат поинаква слика за мене, туку јас ќе имам поинаква слика за тоа што сум и тоа што во иднина сакам да бидам. Во последните неколку години, многу пати се имам соочено со еден ист проблем, проблем кој никако да се реши и нѐ остава да тапкаме во едно место, место кое што не нѐ прави среќни. Многу пати имам помислено ако изберев друго, дали ќе бев поисполнета? Искрено, мислам дека не. Животот нѝ дава да се сносиме со разни тежини, а оваа е нашата. Можеби со повеќе труд ќе бевме веќе далеку од тука, но некогаш мора да учиме само од сопствените грешки, тоа не прави подобри, помудри. Ми имаат кажано дека не е сѐ така лесно, и толку се плашев дека ќе дојде денот кога ќе бидат во право. Никогаш не ми ни било едноставно.. постојат работи низ кои поминав и кои никој нема да ги дознае, страшни моменти кои нема да дозволам да ме дефинираат, и повторно и повторно, гледам на животот како нешто прекрасно. Сакам да сум позитивна, верувам дека само таквите мисли можат да ме доведат до подобра јас.
Срцкааа душо, другарка си ми 10 години - али зошто пробваш да ме излажиш не знам. Другарка ни со која се спречкав пред да замини во прекрасната Америка (бај д веј - знам дека чисти веце таму, али ок е), дојдена е како херој во Македонија. И тоа не е така. Хммм кучето не го шеташе во паркот, таа нема куче, таа не е таа....Ај ќе се преправам дека ти верувам, ама полека со лагите мнооогуу ти се очигледни. Ептен, резил. Утре ќе излезиме не е проблем, ама аман - јас сум јаааассс. На тел не ти кажвам ни кој е, туку муабетот ни почнува - Е, шо прајш? Кога ќе излезиме? Многу сакаш да балансираш ама не се прај резил хахаха нека е за убо само
Денот почнува најубаво кога ќе ти започне со саканата личност Ништо не може да го замени тоа чувство на мир, љубов, спокој. Чувството дека, конечно, се` е во ред. Животот е убав
Сакам да им посакам добредојде на штрковите и ластовичките кои секогаш пристигнуваат овие два-три дена (од 15 до 17 март). Штотуку го видов првиот штрк
Сакам да ви кажам дека едно време бев од другата страна, од оние што им враќаа на секој "цена?" коментар на слики на фб на кои јасно беше наведена цената. Иф ју фил фор ми, може да донирате средства за вертикален апарат за вафли. Имено научно е докажано дека правењето вафли ги брише лошите сеќавања. Фмп