Од се што ни се дешава у Македонија ние народот ќе станеме правни стручњаци у пракса, пратејќи ги актуелностите. Не ви треба правен факултет...
Испратив уште еден другар на аеродром. Уште една надеж за живот надвор од мизерија, уште едно семејство помало за еден член. Бем те животиште фиромско. Останавме уште 4-5 души поблиски, сите чекајќи само шанса и повик да летнеме. Последнава година со минимум 12 души се поздравив за до којзнае кога, ако вкрстиме патишта. Не знаете колку ми е криво за сиот пустош што остана по градов, за сите родители растргнати помеѓу „Сине, ќе ми фалиш“ и „Таму нема да трпи за леб“. Бескорисни се политичкиве теми више. Исто говно, различно пакување и смрдеа.
se isplasiv od ovie tugulenki za baranje na rabota od site Vas. Zar tolku e se tragicno? A, jas pak mislam deka samo jas sum bila bez sreka , a u stvari mnogu ne imalo bez ksmet. Fala Vi ubavo sto ke si spijam vecer i ke mislam zasekagas deka ke sum bez rabota zasto stvarno licno 10 godini eve vaka ja baram po ovie sajtovi koi gi zborite.
Сакам нешто да кажам, да измамам насмевка барем на нечие лице но не знам како. Многу тага сме насобрале сите, многу тежини од неисполнети соништа, многу разделби кои не растргнуваат на сите страни на светот каде што имаме луѓе кои ги сакаме и ни значат. Знам. Знам колку недостигаат тие луѓе, имам почувствувано на своја кожа за некој со кој во одреден дел од животот имаме делено и дом. И знам дека сите посакувате можност да си заминете, верувајте и јас чекам и правам се што можам за да си заминам. Но додека очекувате конечно да стигнете на посакуваната дестинација, не се уништувајте себеси со негативни мисли на патот до неа. Ве молам, насмевнете се луѓе па колку и тоа да изгледа невозможно направете да биде можно. Насмевнете се и верувајте дека и патувањето до посакуваната дестинација нема да биде веќе толку сиво. Барем да имате понекое убаво сеќавање од местото каде што сте поминале еден добар дел од животот. А понатаму, каде и да сте и што и да правите, ви посакувам на сите тоа да биде живот каков што отсекогаш сте посакувале
Лесно е да бидеш брутално искрен со „плескање“ твоја верзија на вистината безобѕирно на другите. Да бидеш ранливо искрен и да споделиш нешто лично интимно и емотивно, со цел да поддржиш други кои поминуваат низ исто или слично - е тоа е ретка доблест за вистинска почит...
Постојаното бранење-само затоа што некој друг има различно мислење од вашето, не значи дека греши.Ги прекинувате другите,постојано го изнесувате вашето мислење потценувајќи го другиот,а да ги љубиме сите луѓе без да им завидуваме на нивната добрина и љубов..а...
Ова е мојата вистина...ок...почитувам..а ова е мојата вистина...љубовта е - те сакам каков што си,не ми е целта да те променам,само ја изнесувам мојата вистина...
Дали луѓето кои никогаш не ја поседувале способноста да бидат независни индивидуи, одат во тоалет со придружба?
Другарка ми викаше: Ве испраќам сите, ако добијам можност да заминам и јас ќе му платам на таксистот да плаче по мене затоа што сите заминавте.
Седам у амфитеатар на факултет и си го чекам професорот да дојде и да започне предавањето. И додека да дојде тоа си викам што да праам нешто да не биде досадно. И добив идеја виртуелниот начин на комуницирање да го пробам како функционира у реалноста.. Седеше некоја си колешка пред мене, не ни знам која беше и викам: - Колешке, ( она почнува да се врти накај мене ) - Не не не се врти. гледај право пред тебе. ( ми вели ЗОшто ? ) - Така ќе си разговараме, зарем мора да се гледаме во очи .. ( па глупо е вака не гледам а и не знам кој си ) - Е ако де, шо има лошо у тоа ? - Имаш ли акаунт на фемина форумот ? ( имам, зошто ? - Да не сакаш да знаеш која сум ? ) - Не, не сакам .. али мислев дека и таму си разговараш најнормално со луге што не ги знаеш па зашо не и вака ( У право си, ајде тогаш вака да разговараме ) итн итн итн итн ... П.С. Целата случка и конверзацијата беше измислена, ниту местото ниту соговорниците беа вистинити. Туку сето ова ми дојде додека седев и ми беше досадно. А замисли да беше вистинито... do you like it ? ПозЗ3³ ®
Сакам да кажам дека ми здодеа да му објаснувам на некого зошто не отстапувам од моите принципи, ставови и гледишта. Секогаш првото прашањето е : Зошто не правиш како што прават сите? А мојот одговор е дека не сум овца која заедно со своето стадо оди по пастирот. Ако сите така прават не значи дека го прават правилниот и вистинскиот избор. За да го правиме она што е правилно треба да имаме совест и способност да расудуваме. Но за жал голем број на луѓе ги немаат овие две работи.
Сакам да кажам дека постојат навистина ефтини девојки кои се продаваат пет пари. Пред две недели мој братучед договори средба со девојче од друг град кое го запозна на фб. Отиде таму и таа од прво гледајне замислете го шетала по сите продавници и го молела да и купи нешто. На крај и купил ташна. Откако се разделија го блокира и од фб и на моб. Значи толку ми е просто ова што немам зборој како да го опишам. Толку е ниско долно никакво никакво.
И братучед ти е легенда јас во таков случај би и купил едно лижавче, чисто да се занимава додека влегуваме по продавниците.
Бегам од такви што луѓето ги делат по тоа кој колку услуги им завршил во животот. За жал порано не можев да видам. Ама кога човек ќе дојде до некаква моќ, сами се цртаат пред тебе. Море марш!
Светот би бил многу поубаво место за живеење доколку сите би ја вреднувале многу повеќе духовната,емотивната и целокупната внатрешна убавина,наместо физичкиот изглед....
Научете да се радувате на малите работи.. Кога нема да можете да ги имате, како што сега не можам да ги имам јас, ќе почнете да ги цените..
Убаво е кога ја споделуваш среќата т.е. покажуваш дека си среќен, затоа што тогаш уште повеќе се чувствуваш среќно, а особено на личноста што ја сакате.
Сакам да подарам алишта и обувки, сочувани, чисти, перени, пеглани како нови на некоја срцка што сака да си се дотерува а нема баш услови за тоа, а и со дечко ми долго време бараме некое семејство или осамена душа, па да им ги наполниме кесите еднаш неделно, или ручече да им однесиме или едноставно присуство и муабет ако е тоа што им недостасува, ако знаете некој ве молам пишете ми локација и име, само да бидете сигурни дека може да го направам сето ова без да се навреди некој и погрешно да ме разбере. Да се наоѓа некаде низ Битола.
Ова е можеби најдобриот совет за жени , кој скоро сум го слушнала, затоа нека си трепка тука: „Биди своја и подготвена на крв и солзи, но уште повеќе на восхит кога ќе успееш да се справиш со стеротипите, кои, за жал, се вратија на голема врата. Не очекувај дека некој друг ќе се избори за тебе – избори се сама.“