Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.609
    Пол:
    Женски
    Четири полици полни со книги. Петта малку по малку. Книга по книга. Речиси е до половина.
    Добра поента во добро познатата реченица: Дом без книги е како тело без душа.
     
    На Marija), cresa-jagoda, Purplelilac и 18 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Одамна сакам да кажам дека човек колку повеќе има толку е понезадоволен и понеблагодарен. Оној кој има помалку знае да го цени тоа малку што го има.
     
    На cresa-jagoda, duffi, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    Колку човек повеќе има и аптетитите се зголемуваат:)
    И природно е да дојде до тоа.
    Не исто размислуваат и делуваат луѓе со различни џебови, па и еден исти човек се менува кога е со празен и полн џеб.

    Да се радуваме на малите работи...во смисол:

    на утрата...
    на миговите поминати со саканите...
    на ветерчето кое мириса на пролет иако ни ја бушави косата...
    на пролетниот дожд кој тропа по симсот, со мирис на зелено и прав од улиците...
    на мирисот на својот домот
    на детското ,,мамо,,
    на мекиот поглед на своите стари родители
    ...
    Не вредат ни паринка..ама во дадени моменти ни ТОН пари неможат да ги платат!..посебно кога ќе почнат да ти фалат во животот!
    Додека се радуваме на ваквите работи и се додека материјалното не ни е опсесија, ќе бидеме пре-среќни.
     
    Последна измена: 16 март 2018
    На cresa-jagoda, duffi, Yipman2 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    43.953
    Утре заслужен викенд на планина.

    Ми се бере чај, ми се дише воздух без ауспуси и контаминирани глави. Одбив две кафиња сабајлево - ми се седи сама со себе и со бебе.

    Слушам музика и си правам ладен сендвич по моја мерка. Интегрален леб со сусам, кајмак, шери домат, младо кромитче, малку рукола и димен врат.

    И слушам убави музики...
     
    На kankus, cresa-jagoda, duffi и 13 други им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.546
    Мојот коментар не се однесуваше само на материјалните работи, туку на се', воопшто. Истото го прочитав и кај Даст.

    Не секој може да ја почувствува светлината на денот, не секој има родители, деца или пак љубов од нив...
     
    Последна измена: 16 март 2018
    На Marija), cresa-jagoda, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.116
    Пол:
    Женски
    Ох, за алишта заклучно со Вторникот имавме акција на факултет за донација на алишта за Демир Хисар (душевна болница). Ако има пак нешто ваква акција, можам да ти пишам ЛП ако сакаш.
    Патем, сакам да ти кажам, пред дестина минути во лајкови на тема те забележав прво, ти го сакам името. ^^
     
    На КикиМаус и irrelevant им се допаѓа ова.
  7. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Фала ти :l:
    Да ми пратиш пп ако има нешто, имам еден куп алишта што не ги носам а не се за фрлање пошто се како нови. Некои и нови се пошто бааѓи ослабев и сега ми се големи.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Не можам да учам од песната на Еye Cue за евровизија, цело време ми се мота низ главата... :@
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Вчера, денес, утре...
    Таа беше нетрпелива, а јас и давав смиреност. По неочекувано одложување резултите му возвратија на стресот. Гласот и трепереше како жица на ветер. Пискавоста ја замени со скромна срамежлива линија. Лимитирано ги изговори зборовите исклучувајќи ја брбливоста.
    Мигот си ја покажа моќта...
    Таа бликаше од радост, а јас со погледот се обидував да протнам во разиграната чиста душа. Осамнаа грст насмевки кои се излеаја како бисерчиња на детското лице. Се тркалаа низ скутот на денешното денес. Ги гледав и им се восхитував на убавината, ситни, а прегрнати со сјај.
    Таа победи, а јас се чувствувам славеник.
    Нејзиниот успех го доживувам како мое достигнување.
    Таа е среќна, а јас си правам дежа-ву.
    Не се посомневав во сериозноста на намерата кога сама состави листа од сто прашања и рачно ја пополни. Низ призмата на самостојноста покажа дека е доследна на амбициите.
    Верувам во неа зашто се познавам себе.
    Мало, а големо девојче во умот. Научи и ме увери дека можам и сакам кога силно ќе ги сплотиме знаат да го разобличат сонот и да му пркосат на јавето.
    Искрено, ми недостасуваше ваква треска. Чувството на среќа молскавично ми го зграпчи телото и ме потсети дека не си го менува наравот.
    Повторно го разбудив сознанието дека секој ден е по нешто различен, а овој е посебен за длабока и долга издишка.
    Во име на победата јас и ентузијазмот тргнавме во поход за реализација на договорот за ветениот подарок.

    Продолжение во темата Добив подарок дадов подарок ^_^
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Не е ок секој ден повеќе од пола работно време да грицкаш сончоглед на биро, да плукаш љушпи и со лигавите прсти на сите колеги да им подаваш хартија и материјали во врска со работата.
     
    На cresa-jagoda, duffi, Anabelle.Amorette и 8 други им се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Секоја пролет ме фаќа толкава носталгија, ме враќа назад низ времето, ми става насмевка на лицето. :f:На спомените гледам само со радост, иако поминале и некои моменти веќе никогаш нема да ги преживеам повторно, благодарна сум бидејќи ми се случиле на мене. :)

    -----------------------------------------------------------

    Вчера гледав да купам карта до Скопје, ама обврските тука не ми даваат да мрднам некаде на повеќе од недела дена. |(

    Сакам да ги изненадам моите за Велигден, да им се појавам на врата неочекувано :angel: што повеќе мислам на ова, се подобра идеја ми изгледа :sun:
     
    На Dust, cresa-jagoda, duffi и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.221
    Пол:
    Женски
    Луѓето неможат да се мерат со животнте. Преска на улица, додека сите упорно претрчуваа на црвено едно улично куче упорно чекаше да се запали зелено и тогаш тргна да ја премине улицата. ;( Жално е како во денешно време кога толку многу нешта одат напред, културава кај народот се враќа наназад.
     
    На cresa-jagoda, КикиМаус, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.609
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои те потсетуваат кој си, кои ако си скршнал од патот, те фаќаат за рака и ти го покажуваат вистинскиот правец. Има луѓе кои го бараат и го гледаат доброто кај другите и, ако го најдат и видат, се радуваат на истото, ако не го најдат, се оддалечуваат знаејќи дека нивното место не е таму каде што нема добро. Има луѓе кои се како темни облаци и луѓе кои зрачат топлина и светлина како сонцето. Светот е голем, но нас ни е доволен еден мал свет кој ќе го креираме сами и во него ќе има токму од луѓето - сонца, со кои заедно ќе растеме. @Presque vu оваа инспирација ја добив од тебе, ти благодарам за прекрасните зборови. Ми го разубави денот. :) Ти благодарам за советот, навистина во иднина ќе постапувам така. :) :hug: :l:
     
    На 8463., Marija), cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Интересно е со колкава леснотија човек игнорира пораки и повици што му се неважни.

    А кога ќе светне она име на екранот, способни е да остави се` во секундата, да се спреми со брзина на светлината и да стигне баш навреме, баш онаму каде што треба.

    :$
     
    На cresa-jagoda, Feminka192, Yipman2 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ми се може и убаво ми е.
     
    На Marija), cresa-jagoda, Feminka192 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.642
    Пол:
    Женски
    Навистина не ми се верува дека на форумов сум пробала да објаснам некои работи на луѓе кои озбиљно мислат дека Земјата е рамна. (facepalm)
     
    На Gosh, Sanjichka007, КикиМаус и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.084
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека наскоро излегува во продажба мојата прва книга (дај Боже да се множат) за природна и органска козметика, совети и рецепти за убавина. Еден мал водич за природна убавина кој го направив со многу многу љубов, посветеност и внимание...толку сум среќна што сакав да го споделам овде со сите вас. :l::l::sun::music::music::music:

    корица.png
     
    На dayla, artemidis, Dust и 51 други им се допаѓа ова.
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    14.574
    Пол:
    Женски
    Браво @Biodevojka !!! :clap: :clap: :clap:
    Да ти се множат успесите :f: па наскоро да не изненадиш со своја линија на органска козметика :)
    П.с- ти благодарам што секогаш си тука за совет, мислење и препорака:l:
     
    На Dust, cresa-jagoda, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.084
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу драга...ќе биде и тоа, сон ми е да направам еден ден и своја линија. Инаку во секое време, кога и да ви треба нешто совет, декларација или било што, тука сум. :inlove::*
     
    На cresa-jagoda, Doozy, КикиМаус и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.209
    Допаѓања:
    10.127
    Прв пат го слушнав зборот терорист во 2001 кога ја киднапираа Снежана Лупевска во Танушевци, не ми беше јасно кои се тие луѓе и што сакаат. Се чудев зошто тоа ни се случува баш пред мојот роденден, почнавме да живееме некое стресно секојдневие во кое почнаа вестите да се полнат со загинати и повредени. Не ми беше јасно повторно, мислев дека војната е реалност само таму некаде далеку во други земји. Поминаа месеци во неизвесност и сите се плашевме од терористите. Денес како возрасна жена јас сеуште се плашам од секој машки припадник на тоа малцинство, ништо не може мене да ми ја смени сликата за мене биле и ќе останат терористи. Ќе наведнувам поглед кога ќе се разминуваме, ќе избегнувам контакт и комуникација. Тоа е никој не може да ми го промени тоа внатрешно чувство што инстинктивно се појавува.
     
    На duffi, Zaljubena26, Feminka192 и 5 други им се допаѓа ова.