Колку сум блиску до свадба говори фактот дека инста профилот „zanevesti” го прочитав како „Жане вести”.
Јас разбирам и различни стилови на облека и се ама кога видов девојка која носеше штикли, тренерки и една маичка под која се гледаше се незнаев дали да се смеам или да плачам.
Ако ме снема од форумов, сум цркнала од срцев удар благодарение на маж ми и неговите реакции кога гледа фудбал. Страшно!!!
И мене ми се случи истото а пред да ми се испонаша така планиравме и одмор заедно да истераме. Некои луѓе толку ги боли туѓиот успех да не можат да поднесат да слушаат за тоа.
Посебна категорија на луѓе што би биле интересни за психолошко посматрање ми се оние самопрогласени објективни индивидуалци кои всушност го уништуваат значењето на овие епитети. Постојано неутрални, ништо не ги допира емотивно (при што исфорсирано се расфрлаат со таа ладнокрвност како посебна вредност), и пред сѐ – „не дискриминираат“ во таа смисла што сите подеднакво ги хејтаат и ги гледаат од височините на ароганцијата. Човекот е создаден освен како рационално – и како емоционално суштество, и расудувањето му функционира според спојот од тие две работи. Емоциите не се слабост и наивност, а рамнодушноста и неутралноста доста често значи поддршка на негативното. По сѐ изгледа дури и од оние најпозитивни пораки за индивидуалност и несекирање за било чие мислење има нус појави... Ич не сте кул, ја да ви кажам.
Спротивно од радост не е тага, туку мрморење - радосен човек не мрмори, и човек што мрмори не е радосен. Скоро и да нема поубаво чувство од тоа кога некој му благодари на Бога за твојот живот....
Посебно досадни ми се оние луѓе кои постојано дискутираат за една иста тема само што во мислењето скратуваат едни епитети а додаваат други, и после тоа се осеќаат така малку прејаки за тоа што го кажале као мисла на деценијата нешто во тој филм. Досада ме фаќа од ваквите. Нешто како да гледаш еден ист предосаден филм само со други светлосни ефекти, отприлика така нешто ми се
Посебен наклон за сите мудреци денес кои заклучија за лудувањето на Охридско - Зајко дојде, живот дојде и дека ова е знак од Господ заради двојазичноста. Зошто тонеме...ете зошто... штета мало е езероно да фати да не потопи сите, ништо да не остане од нас простотата.
Pozz jas sum od Tetovo ziveam vo Italija vekje 6 godini i sakam da kazam kolku i da e ubavo tamu kaj sto zivees nema poubavo od rodnoto mesto
Сакам да кажам, дека кога ќе прочитам "ама македончето..." во некоја реченица, ми се гади. Искрено. Зошто не можеш да критикуваш само зошто си ... Македонче. Некогаш, критиките и мислењата, се конструктивни, ама поддржување на нешто само зошто е од родната земја е во најмала рака апсурдно. И да, не е само македончето, сегде на светот има луѓе, така да сегде има поделеност и доста веројатно за исти и слични работи.
Денеска се разбудив со насмевка. Не останав да се излежувам во кревет. Недела е, не ги сакам многу неделите. Но во мене има само убави чувства. Многу радост. Затоа си ветив дека и денеска ќе биде убав ден. Имам причина за радост, таа ми е доволна. Не барам ништо друго. Конечно се тргнаа црните облаци. Тешко ми е да се навикнам на тоа, но овојпат си ветив дека нема да се плашам од среќата. Колку и застрашувачки голема да изгледа. Ќе ја прегрнам цврсто, знам дека ја заслужувам
Кога бев помала и конечно се изјаснив на мајка ми дека не верувам во господ беше голем момент. За неа. Религиозна жена каква што си е - се потресе. Првин ме скара, и рече дека под нејзин кров не сака да слуша такви работи. Потоа се загрижи за мене. Мислеше дека нешто ке ми се случи бидејќи сум неверник. Рече дека морам да верувам во господ без разлика дали тоа ке е Исус, Алах, некој трет или некој што јас ке си го измислам. Требало да се верува во некој што е надчовечки, за да можам да најдам спокој, мир, но и да се плашам од него за да не правам неморални работи. И јас, иако никогаш не и го реков ова, со мојот детски памет си помислив Па ти си тоа за мене. И тоа мислење ми остана. Никој друг туку таа ме научи што е морално, а што не. Од никој друг туку од неа се плашам кога мислам дека правам нешто лошо. Гласот во мојата глава кој ги одобрува или прекорува моите постапки е нејзиниот. Спокој наоѓам во нејзин нежен допир, во нејзините зборови. Не само што сме душевно поврзани туку и физички некогаш сме биле. Зарем има нешто посилно од тоа? Зарем да има друг Господ за мене освен мама? Чии бели влакна низ кои се гледа сета грижа за мене, можам да ги видам, и чии брчки низ кои може да се види се што таа направила за мене, можам да ги бакнам? Чија прегратка претставува мој храм со кој највеќе можам да се доближам до тоа чувство на Божество? Чие тело живот ми дарил? Господ е жена. И таа е Мајка ми.
Нема поубаво чувство од тоа кога си сакан и битен во нечиј живот. Нема поубав момент од тоа кога ќе си дојдеш дома да има на кого да речеш: - Јас си дојдов. Нема поубаво од тоа да имаш некој да те испрати и да ти рече: - Те чекам да ми се јавиш кога ќе стигнеш, патувај безбедно. Нема поубаво од тоа да имаш човек кој се грижи дали си јадел, дали ти е топло и дали си стигнал дома, а уште поубаво е кога имаш некој што со радост чека да те види. Без разлика дали за тебе се грижи член од семејството, пријател или партнер, битно бесценето е кога имаш со кого да споделиш како ти поминал денот. Криво ми е што и досега не бев доволно свесна за овие нематеријални нешта што ги имам... Среќа ми се.
Нашето битисување како човечки суштества е невозможно без љубов кон другите.Секој човек разоткрива во нас друг аспект од нашето постоење во светот.Најважно е да се радуваш на тоа што го имаш.Љубовта е единственото спасение.Луѓето би требало да личат на свеќи,кои горат,светат и ги топлат и другите.Ти си среќен не кога земаш,туку кога даваш.Љубовта е дарување,несебичност,безусловност,пожртвованост....Љубовта не е егоизам..
Кога знаеш дека вредиш и душата на зло не ти мириса, и без да ти кажат дека очите чистината ти ја издаваат, ти на другите им ги припишуваш своите вредности и карактеристики, посебно кога гледаш со срцето... Затоа оној кој е вреди пет пари и кој нема трошка од твоите ѕвезди ќе те сретне тебе што вредиш богатство, па нема да види каков дар си ти, па ќе те срамни со нула.... и ќе ти се смее иронично како да навистина си нула... Жално што сите мислиме се како нас...тука се прават најголемите грешки! ·
Луге !!! Еј ти, ти што го читаш ова имаш право да си го кажеш твоето мислење и притоа да си мислиш дека тоа ќе биде земено сериозно како дел од решението за некој проблем од светот. Мајко му стара еј, колку ми е смешно и иронично, Еве ќе се задржам за тоа што го гледам тука во Македонија. Бидеќји секогаш имаме некаков проблем за кој нацијата ни е ставена у прашање и други погубни сценарија. ние народот како дел од државата имаме слобода да кажеме шо мислиме за целата ситуација, нели. Тоа ни е овозможено преку интерактивни емисии на сите ТВ канали, како и социјалните мрежи. Значи луге имаме можност сегде да си го кажеме мислењето, од што имаме толку многу еве јас не знам од каде да почнам. Еве последнава актуелност за законот за јазици. Абре луге, не можам веќе да ги гледам на телевизија секој човек да кажува што мисли, еве овие протестираат и доаѓаат новинари да им земат изјава на рандом луге на улица шо се погодиле таму. Зошто ? Затоа што сите тие се обични луге, да не ги навредувам дал се неуки, прости и сл ( исто и јас сум у таа категорија ) не се компетентни да даваат мислење за тоа што треба да се прави. Имаш таму експерти бре, викни ги на телевизија у живо сите нека се соочат со факти и аргументи за да може да се дознае се што е и како е. А не го слушам секој втор кој никнал на земјава, што мисли. А исто така голем дел од изјавите на лугето кои се пристрасни, не се објективни и се полни со емоции и нерационалности. И ти што го читаш ова, ако мислиш дека нешто знаеш за Законот за јазици повеќе од изјавите на политичките партии кои се на тв, а притоа не си стручен у таа објаст, се лажеш!! Calm the fuck down. Еве еден прост и смешен пример: Ова ви е исто како некој рандом лик да го прашаш колку е 2+2 . И граѓанинов на Македонија може да каже абе 5 е и овие Грците не лажат цело време дека е 4 пошо се на море еве и на Вести изјави премиерот дека они само праат така за да не спречат да влеземе у ЕУ . И нема да не лажат они дека е 4, и ќе протестираме против тоа !! Решение: Викни експерти, математичари и нека објаскат колку се 2+2. Али за да се дешава само гужва и драма, секој е повикан да каже што мисли, оти секој знае, нели. Преку кур веќе ....... ПозЗ3³ ®