Понекогаш, кога човек ќе стигне до крајот на патот и мисли дека тогаш станува лесно, тогаш, всушност, се соочува со најголемите тешкотии.
Едно што успеав да научам и воочам во животот е дека чекањето и надежта негувана со многу труд и огромна желба секогаш ми одела од рака да успеам да ја дочекам и уживам. Па затоа трпеливо ќе ја чекам, негувам и ќе молчам.. Убав е животот кога човек има цел за која што вреди да се бори, да се надева и да мачтае со убава мисла..
Мое лично мислење е тенденцијата за самите себе „си замислуваме“ да „ствараме слика за себиси“ е нус ефект кој се јавува од исконскиот порив за средбата со себеси.Сакам да изнајдам јасна дистинкција измеѓу замислената Јас и средбата со себеси,првото претставува неизвесна егзибиција,а другото е есенцијална одговорност.Зошто ни е потребна таа себепромоција?Сметам дека човекот не поседува капацитет за средба со себеси.Можеме најискрено да се спознаеме себеси само преку нашиот животен сопатник и нашите деца.Само во нив,во нивните очи можеме да си ја видиме вистинската вредност...Некако од родителите нема да извлечеме реална слика бидејки и таа љубов е безусловна несебична,но не разгалуваат и тешко дека ќе видиме каде грешиме,ќерко најпаметна си,најубава си,најдобра си,и после ја бараме таа потврда и восхид кај другите.Дали треба да се промениме ќе почувствуваме само по блесокот на очите на оние кои вистински не сакааат какви што сме.Кој треба секој ден да импресионираме?Не,не ,нема да се чувствувате подобро ако ви ракоплескаат од надвор.Ниту пак може да ве додирне и здоболи навреда од некој што не ве сака,едноставно е,само тој што го љубиме,вистински го познаваме.И само тој што не љуби вистински не спознава.
Додека лежам удобно под ќебе, во слушалки сум си пуштила плејлиста од енергични песни за размрдување, па ваквата интересна слика ме наведува на размислување... Сакам луѓе, знам силно да почитувам и да се радувам на убаво друштво – а сепак многу ми е потребно и често го преферирам времето поминато со себе. Го почитувам секој напредок, идеалите ми се насочени кон иднината, а толку често сум склона кон носталгија за личната безгрижност во минатото. Сакам убави новости и динамика, а во исто време се плашам од промени и понекогаш ми треба одмор и од обичново секојдневие... Одамна, пред прикладната возраст за да свариш таква книга, ја имам прочитано Дневникот на Ана Франк – и уште од тогаш од таму ми се има врежано в ум изразот „врзопче од противречности“, веројатно бидејќи отсекогаш можам да се пронајдам во истиот...
Деновиве и на најголемите негативности реагирам со насмевка. Сакам да ја споделам мојата среќа и со другите, да им влеам надеж дека ќе биде подобро. Велат дека среќата станува уште поголема ако се сподели, не знам колку е точно тоа, но како што е тешко човек да тагува сам, тешко е и да се радува сам. Иако не преферирам да раскажувам многу, доволна е споделената насмевка. Убаво е кога човек може од срце да сподели радост
Колку подолго не ги гледам некои луѓе ,толку подобро им го гледам вистинското лице! Дефинитивно сум кратковида...
Три најмоќни особини кои ми се речиси пресудни за убавината на една личност всушност не се воопшто поврзани со надворешниот изглед. Искреноста. Нема ништо на светов што би можело да ме убеди дека било која лага или премолчување е подобро од искрениот одговор. Макар и тој исказ, збор, реченица, да е најбруталното нешто што некој ми го кажал, доколку е вистина тогаш тој човек за мене е убав. Емпатијата. Да умееш да го почувствуваш она што го чувствува некој друг само за да можеш да му помогнеш или барем да се обидеш, можат само личности со убава душа. Одмереност. Рамнотежата и хармонијата не се само знаци на мир со себеси, туку и на емотивна зрелост. Луѓе кои одмерено зборуваат, а притоа му даваат можност и на соговорникот да зборува отсекогаш повеќе ми го задржувале вниманието отколку оние кои не знаат да молчат. Тоа се луѓе кои не осудуваат, кои почитуваат, кои не се љубопитни за туѓите животи само за да си потврдат колку нивниот живот е посовршен, и најважно од се тоа се луѓе кои знаат да бидат самокритични но знаат да се прифатат и себеси и другите со сите несовршености.
Незгодно ми е да означувам личности со кои никогаш не сум директно зборувала, па тука ке си кажам дека некои ликови на форумов секојдневно ги читам и секојдневно успеваат да ме инспирираат, расположат, насмеат. Многу љубов до сите вас.
Посакувам и се молам Бог да ги помилува и Благослови сите со Светата Тајна Брак и да ги Благослови со Божји дар бебенца колку сакаат...Бог да дарува дечиња сегде каде што нема,а да ги зачува сегде каде има..
Едно дете (од многуте) што за одење на секоја екскурзија, празник или распуст на повидок - до последен момент скромно, од срам и со жалење вели „уште не знам, немам одлучено“, е повредно и померодавна слика за државава од сите полни кафичи и тагови по фб и инста што ги користите како „аргумент“ и узречица на секој чекор во заблудени, зајадливи коментари. Вакво општество, полно со толку неемпатични луѓе кои не се ни трудат да ја разберат правата општа реалност околу нив зад фасадата, не ни заслужува да оди напред.
Ништо поубаво од смеење на крајот од денот со личноста која најмногу ти значи, барем во тие моменти сите грижи и проблеми ги снемува.
Една кратка мисла . . Седам на ручек и јадам сарми со @LittleChili одозгора и у меѓувреме ми ѕвони некој на телефон. Инаку општо вака не станувам од јадење али си викам ајде може ми врти некој @Someonespecial знаеш ... али беше сосема небитен повикот, не вредеше да станам. Сестра ми тоа време доаѓа од работа и за назад земала пица со додаток @Ketchup и јас така радосен пица не сум јадел којзнае колку долго Исто така многу јака идеја како анти депресант би било паковање од @sexy.chocolate брате, 2 у едно еј .. сите ќе се навлечат на тоа Мајка ми па многу го сака Владо @Јаневски абе кога и да го пуштат на радио рока тон до даска. А Татко ми он па само @PoliticsMK .. а цело време му сугерирам нешо од странство да прочепка Еве го 2 саат веќе. Одам да @NanaMia .. упс грешка, да Нанам и ја ПозЗ3³ ®
Невозможно е било што да трае вечно, кога ниту универзумот не е вечен. Не ветувам. Но, убедена сум дека никогаш нема да се откажам од себеси и одредени личности, барем додека вратата на нашиот живот не се затвори засекогаш.
Впечатокот што го оставаме е одраз на нашата лична природа, а не на желбата како сакаме да не запознаат. Различноста прави да се соочиме со себе и да го правиме тоа што е наша одлика. Прифаќањето на уникатноста е знак дека сме дозволиле да не води предноста.