СДК дека е прекрасно кога имате до себе личност што секој ден ви го прави поубав од бајка. А вам не ви се верува дали е сон или реалност. И сепак е реалност...
На малото му купив ново шише за вода, кога го виде така убаво се насмеа и му светнаа очињата, не го тргна од раце. Кога гледам колку малите деца знаат на ситници да се радуваат, ми се полни душата.
Сакам да кажам дека мразам кога не можам да се одлучам кој збор да го кажам од двата кои сум ги имал на ум. Па благодарение на мојот мозок кој ќе одлучи да направи комбинација од двата збора испаднам дебил пред одредена група на луѓе во дадена ситуација. Затоа од тогаш преферирам да ги кажам двата збора, а помеѓу нив стои зборот ОДНОСНО за да не морам да си тупам мозок и да се наоѓам во непријатни ситуации.
Пред да тргнете и да ја барате среќата,проверете можеби сте веќе среќни.Среќата е мала,обична и неупадлива и многумина неможат ни да ја видат.
Денес се чувствувам како дете,а и секој ден треба да постанеме во срцето како деца,децата се незлобиви,не знаат за грев,децата не завидуваат, не помнат зло и се безгрижни, а полни со љубов,кај чистите детски душички не постојат иронични потсмевања, префрлување на вина, непочитувања,огорченост,гнев,хулења,да постанеме како дечињата кои се опростуваат и продолжуваат да си играат,кај нив малку им треба за среќа.Самиот човек според својата слободна волја избира како ќе се чувствува,какви ни се мислите,таков ни е животот,човекот никој не може да го дефокусира од суштественото и приоритетите,а тоа е семејството,верата,надежта и љубовта.Целосно треба да се посветиме на нив со грижа и љубов.Благословен ден на сите..
Ме воскреснува...катадневно... секојдневно...и сега веќе засекогаш. Причина зошто има музика во секој чекор од домов и секој атом мирис кој го остава зад себе додека се спрема за на работа. Традиционално...он ја брише прашината од дирките кои се само остаток од животот кој го имавме со моите. Еден вреден остаток довлечкан од одмаралиштето во Охрид каде го поминав детството кога веќе се почна како стара хартија да се топи, единственото вредно нешто кое остана да го имам од тоа време кое остана да ни должи многу во иднинава, од времето кога "убаво се живееше". Навистина се живееше. Пианото. Кое во овој дом за среќа не е само за да ги оставаме клучевите, на кое сонувам дека утре не само од наша амбиција, туку од нејзина/негова вродена желба малата бубачка со мали прстиња ќе тропа по нив, некои нешта ветени ни се, а неа/него дефинитивно ќе и се... и додека траска по дирките сто посто ќе решава задачи по математика ко татко му/и, додека меша со гзот салса, од мене не мора да има ништо, доволно е да е целото негово, има што да и/му даде... Како на филм ми ја буди секоја пролет. Ланската, поланската, оваа...оваа и сите наредни кои ќе бидат многу. Ме буди и ми вика, ајде. Сонливо го прашувам, каде ајде? Ме збуни тотално, знам дека денес сум дома, фала богу дома... До онде де... наместил две столчиња. Му викам ај само ти,ќе те слушам. Упорно ме гледа, како досадно мало кученце и ми игра со прстите на стомакот, веќе свири и вика, а не, секогаш само јас... ајде и ти, доле. Јас, горе. И би пролет... И индид, не е секс во прашање, тука горе и доле имаат поинакво значење. (и не е делото од Шопен, јутјуб има грешка) Ме потсетува како да живеам, да дишам, да постојам и да не заборавам на секој вложен час од моите во мене, од она кое што порано ме правеше човече...пред се да почне да се бои сиво. Има лоши зими, бидуваат и си одат... каква сака нека е зимата, пролетта секако ќе дојде... но некои зими, оние во нас знаат да создадат вечни снегови и санти лед. Е он е она лошо глобално затоплување во мојот свет, но он а гуд веј. Перодов, сериозно се посветив на позитивни нешта. За жал форумов не бил еден од тие. Напротив. И за среќа до сознанието. Но нејсе, ова е таа виртуелна дома на женскиот дел од мене, како и да е секогаш ќе му се враќам. Уствари, едитирав... не вреди... Газиме секојдневно по својот пат. Никого не убивме, ни во духот дури и сум горда заради тоа. Ќе биде се добро се дур има вакви вредни утра... Среќна пролет на сите! Како беше - надвор е пролет, живи сме. Сме!
Загрижувачки е што луѓето не сакаат да бидат добри. Не сакаат да направат услуга, да помогнат, некогаш да отстапат од нешто за да направат добро на некој друг. Не сакаат. И не ми е жал за мене што некогаш наидувам на луѓе кои кон мене се однесуваат лошо. Не ми е жал за мојата ситуација, туку за нивната. Тие губат повеќе отколку јас.
Можеби тие се такви уште од раѓање што би се рекло. Ако е така, тогаш е лошо. Но, од друга страна гледано, можеби животот ги научил дека ако си добар само ќе те искористуваат, повредуваат и ќе те сметаат уште и за будала, бидејќи си добар. Можеби биле премногу добри и се изгореле, па сега се промениле, бидејќи не виделе арно од другите кога тие биле добри. Затоа можеби се претвориле во такви ладни личности на кои веќе не им е гајле за никого и си го гледаат само нивниот живот.
Затоа јас си останав истата будала на сите помагам и ме искористуваат и после останувам без пријатели. Не е убаво ниту да бидеш премногу добар. Треба да знаеш да ги процениш луѓето односно да помагаме само на оние кои заслужуваат. А вакви будали како мене има со лопата да ги ринеш во Македонијава, а и тие лошите од тоа што нема да помогнат нема некој аир да видат. Мене ми претставува задоволство да му помогнам на некого, па дури и да се однесува кон мене како кон најголемо губре.
Срцето на човек треба да биде непресушен извор на добрина. Дури животните се посолидарни. Но добро, нивно право да одлучуваат како ќе се однесуваат.
Додека мериш на кантар што има "тој/таа", а ти немаш или се убиваш од работа да бидеш подобар - не бива човек од тебе.
ВНИМАНИЕ !!! ЛУге бегајте, напаѓаат фактите ... Само Македонската е најскромна .. само ние "можеби" сме најстариот народ ПозЗ3³ ®
Снег Како мало дете му се радувам, 2 по полноќ јас снегот и тишината. Улиците празни и бели, прекрасно!
Verus amicus rara avis est''-Вистинскиот пријател е ретка птица.Вие драги сте ми ретки птици,ти благодарам,мило ми е,љубов и респект и за тебе.Само да не се возгордеам...
Штотуку прочтиав на интернет дека албанци во Куманово до смрт претепале момче.Ужасно беше,сликата кружи по интернет.Душава ми плаче Невино момче до смрт да претепаш.... и бесна сум,да.Никој ама никој нема право да го прави ова.Насилствата од ваков тип ни се познати,навистина доста е,мора да се казнат злосторниците.За овие случаи долго се ,уште колку жртви има...Колку од нив психички се малтретирани,колку физички,колку девојчиња се силовани Само се прашувам,како мирно ќе спијат? Каде ќе им оди душата? Имаат ли воопшто совест? Или сепак ќе се однесуваат како ништо да не било? Сликата беше ужасна,не би посакала никој да ја види... Ме скрши,целосно Уште повеќе се пробуди во мене желбата за правда,истата желба која ме одведе до Правниот факултет.Изгледа дека никогаш нема да се смирам.Независно кој е злосторникот,никогаш нема да се смирам додека не биде казнет.Апсолутна правда нема,знам.Ама знам и дека,правдата се тенчи ама не се кини
Да се собереме сите ние нормални луѓе што останавме во државава, а сме од загрозен вид и да се заштитиме со закон.
Сакам да се жалам дека прв пат не се радвам на снег. Океј не се радвам на снег во Март. Ми умре кајсијата, праската и вишната. Сакам да кажам дека сите имаме своја природа и нема смисла да ја криеме, а само суптилно да ја прикажуваме, додека во исто време, сепак, ја негирме. Мора да се прифатиш себеси ако сакаш да ја стигниш перфектната слика за себе која си ја замислил дека ја имаш, а не се стремиш да ја постигниш.