Мастурбацијата може да е инфериорна замена за секс (иако зависи до сексот ), а порното е само поттик, стимул, па истиот ефект го прави и добра слика со храна за апетит. Ич не те разбирам
Мене пак не ми е јасно зошто мора се да биде јасно ? До сега 2-3 пати те имам прочитано дека ти е нешто нејасно за таков тип на кованици, а сега ми е нејасно како живееш со толку нејасни работи Aли сепак сметам дека ти е јасно само што "не ми се свиѓа ова" го заменуваш со "не ми е јасно"
Порнографијата е нужно зло на човековата сексуалност, не е ниту облик на уметност, ниту нешто возвишено или глорифицирано. И затоа не сфаќам како епитетот, т.е. претставката „porn“ се користи за нешто -нај, кога постојат многу други зборови посоодветни за тоа, макар и да се со сексуална конотација. Оргазам или секс, на пример. Orgasm food - што му фали? Порно-храна за мене би бил хамбургер од 7-мца - нешто без никаква нутритивна или гастрономска вредност што сепак ќе те најаде - ниту ми праи нешто посебно кеиф, ниту уживам у него, ама најмалце замарање е и достапно е у секое време. Баш како и порното
Понекогаш а и последно време мислам дека имам две лица едно лошо едно добро ама повеќе доброто го покажувам, а и која сум пак јас на сите да им угодувам за сите да мислам од тоа јас не можам да мрданам, неможам да живеам како што сакам. А пак каков живот имаш ти, човек да го посака, во истиот момент ќе се покае што го посакал.
Нашиот мозок ја прима музиката истовремено со двете хемисфери: левата хемисфера го чувствува ритамот,а десната- бојата на тонот и мелодијата.Ритамот врши најсилно влијание врз организамот на човекот.Ритмите на музичките дела се движат во дијапазон од 22,4 до 4 осцилации во секунда,што е многу близу до фреквенцијата на дишењето и биењето на срцето.Организамот на човекот што слуша музика,како да се прилагодува на неа,како резултат на тоа се подига расположението,работната способност,се намалува чувствителноста на болката,се нормализира сонот,се обновува стабилна фреквенција на биењето на срцето и на дишењето.
Зар има човек на кого сендвич од 7ца не му прави "нешто посебно кеиф, ниту уживам у него"? Хммм, а сепак го јадеш? И порно? Не ти прави посебно кеиф ама го гледаш? #прашањакоимемачат @Bender Rodriguez
Мене не ми прави Најдно од храна ми е. Ептен да немам избор би јадела сендвич од 7ца. Немам добри неколку години јадено... Не дека ми е грдо на вкус... не ми пружа никакво задоволство, се чувствувам измамено, ко да би било подобро да сум си купела конзерва туна од продавница
Ама сепак го јадеш? Пример мене нешто кога не ми прави кеиф не го купувам воопшто, ниту како последна опција. Мене ми праи кеиф, ама ми праи и вишок килограми, па не го јадам.
Немам неколку години јадено, така да не би рекла дека го јадам А јадам брза храна, не сум баш од оние што пазат на килограмите. Седмица ми е на 2 минути, над 2 години живеам тука и уште немам влезено
Епа тоа е, ти не јадеш, туку некогаш си јадела. Мене на 20 ми е, затоа не влегувам често. Лажам, на диета сум, затоа немам влезено и ја некое време.
Како немајка добив злобничок коментар оти сум се радувала на снегот надвор,не била радоста во тоа да стојам со телефонот во раце и да снимам како паѓа снег каков што не паднал цела зима.... Е па,драга моја,во право си,немам друга радост,освен секојдневните мои ситници и глупости..... Еден ден и јас ќе бидам мајка,ама никогаш нема да прекинам да се радувам на снегот...
Океј, може требаше да напишам “комбиниран од Чичко Стоилко", пошто има луѓе кои actually уживаат у храна од 7-мица. Поентата ми беше таков тип на храна и порно се консумира само кога човек не е у можност од некоја причина да има нормален оброк, т.е. секс, respectively.
Ех, шо е убаво рано сабајлечки, да идеш да читаш у нај чкљ темите на форумов, и да ги читаш најдебилните муабети и препукувања, али одлогирана... Ем треба пасворд да пишуваш, па рифреш да правиш за да пратиш мислење, а и онака ќе пишеш нешо недемократско, па ќе ти биде избришано, или ќе те банираат... Што не значи дека после тоа од кога ќе ти спаднат импресиите, не моеш да се логираш и да пишеш како има дебилни мислења на форумов... ¯\_(ツ)_/¯ Yolo!
@Rama За луѓето со такви коментри замисли колку немаат што да прават во животот штом се замараат со анализирање на туѓиот Таквите заслужуваат одговор во Фиби-стил
Ок е , ви успеа , ќе го скокнам нормалниот оброк кој го планирав за вечера и ќе се упатам во 7мица да кркам еден фул комплет хамбургер. Браво. Се надевам сте среќни и ќе спиете вечер убаво знаејќи дека со вашите муабети и вршење индиректен притисок расипувате дечиња насекаде низ светот.
Наоѓам парче убавина и среќа во секое ново утро И покрај студот надвор, со леснотија ја задржувам топлината во мене Не ми се верува дека јас, некогаш непоправливиот песимист, го кажувам ова. Имајте прекрасен почеток на викендот