Мразам размезни дечишта. Имам во фамилија едно, косата ми се крева коа ќе ми го спомнат. Нека му ја мислат родителите коа ќе порасне, има у прва прилика да ги избрише од животот. Жими се ради детево и луѓето околу него, не ми се раѓа.
Девојки и жени, ако фустанот ви е краток и ви се дига нагоре додека одите и постојано се обидувате да го вратите на место, најдобронамерен совет - воопшто не го облекувајте и купете друг фустан. Истото важи и за деколте кое е премногу отворено. Која е поентата на деколте од кое ѕирка градникот и партал кој постојано го теглите нагоре? Ич, ама ич не изгледа убаво скоцкана девојка која постојано се мести и проверува дали се гледа нешто што би требало да е скриено. Поентата на облеката е да се чувствувате пријатно во неа и да ги истакне вашите атрибути а не постојано да мислите дали се' e на место. Уште еден совет, бунди со 3/4 ракави се носат со ракавици до лакт. Дали навистина мислите дека е океј да шетате со голи раце на -10 степени, кога всушност и се носи бунда? И да, истата таа бунда не изгледа убаво кога се гледа најголем дел од ракавите на дебелиот џемпер.
50 кошници со пчели даваат добивка колку фирмата на мене што ми дава придонеси за цела година. Покрај пчели има и простор и време за други сезонски приходи но и расходи да не ги заборавиме Без некој да ме замара,повеќе слободно време,повеќе пари. Пчели може да чува секој без разлика на полот
Што се слуша во ваква ноќ? Што се пие во ваква ноќ? Ни песната, ни пијачката не можам да си ја погодам. Чувствувам како се одвикнувам од една личност. Од тие моите, што веќе извесно време прави да не ја чувствувам своја. Рамнодушност беше тоа, спротивно на љубов, кој го пиша ова пред некој ден? Веројатно да, затоа што не ми доаѓа да кажам ни дека ми е криво... Почнав да пишувам дневник, требало да помогне за психичкото и емоционалното здравје. Едвај изредив една страница и се изнервирав. Како кромид, колку кори треба да се излупат? А сите се јадат. Што ако тоа што останува цело во средина е всушност тоа што најмногу вреди да се јаде, и затоа е толку заштитено со толку кори? Ете такви мисли ќе ти се вртат кога ќе почнеш дневник да пишуваш, за кошулите на зелката или на кромидот... И кошулите на една крава, што ни сама не може да се спознае. Ова е од оние вечери кога се чувствувам добро што сум сама. Уште песната да ми се погодеше, листам и листам и ја нема. Колку кори треба да излупам за да ја најдам, таа. Мојата. Ете, така дневник се пишувало..на фемина. Тетраткава нека ме ѕирка исплашено, како да ќе ја изедам.
Се прашувам дали би им дозволиле на вашите деца после 15-18 години да прочитаат што сте пишувале на форумов оваа година?И дали ако бараат совет би ги упатиле овде да добијат совети и мислења за својот проблем?
Дали газдата на Кајгана тн Ејсид пеца клиенти со тоа што им се закатанчува, ги малтретира и замара со денови на фб, па така што немаат избор па мораат да ги ангажираат мега јаките кајгана маркетари? Напорен човек! Безбедност во сообраќајот? Човекот има некој ментален проблем. Еготрипач на векот!
СДК лута сум... Добив писмо од Министерството за здравство на РМ со покана да се пријавам за Националната скрининг програма за рано откривање на ракот на дојката. Бев пријатно изненадена, убава акција, значи во државава се грижат за нашето здравје!!! Нооо... бев и непријатно изненадена... Наведениот телефонски број е надвор од функција, а на меил адресата не е можно да се испрати порака Се прашувам... Која е поентата на праќање писмо со покана да се пријавите за нешто, а потоа никаде да Ве нема? Подобро да не испраќаат такви покани, помалку се брукаат
Вистинската добрина не е во оние што постојано се жалат дека добрите луѓе денес станале преретки, со скриен заклучок дека они се едни од нив. #justsaying
Многу е глупаво чувството кога во автобус слушаш како 13 годишна девојка им се фали на другарките дека за секоја свадба и роденден оди кај Дадар да се шминка и да и става свилени трепки. Како школото и е на 7 минути пешки, а секогаш оди со такси. На другарката и се смее што одела пешки од Скопјанка до Капитол за да стигне во школо. И таман превртив со очи од муабетите видов мало сираче како стои на автобуска со рачето кренато накај олукот, чека да му се собере вода и да се напие. Мислам дека срцево ми се распара на 1000 парчиња. Си викам што ти е животот..за еден мајка, за еден меќеа.
Очигледно само луѓето кои не меднале од своето „ментално село“ и од ограничените и завидливи луѓе, од правилата кои им ги смислиле комшиите, се оние кои ги исмеваат соништата, емоциите, успесите ги поврзуваат со припаѓање на кланови и партии... Тоа се оние кои се чукаат по гради како се полни со разум, како се доминантни и се над овие емотивците... Оние другите пак, кои шетале, кои сами во своите чевли без подадена рака стекнувале луѓе, како луди го следеле својот сон, кои имаат секакви контакти и кои знаат колку емоциите им помогнале да преживеат се , се токму оние кои даваат се за тие емоции... кои потклекнуваат на љубовта, ја поистоветуваат со решителноста, продуктиивноста, успехот... Е за мене ако може овие вторите, зошто предолго живеев во својот ментален затвор дека и првите и вторите се исти!
Потеклото е основна генеза на сечие постоење. Познавањето на фамилијарната лоза е предност за лично пронаоѓање. Секој чекори во својот опинок без оглед на (не) удобноста.
Ne se ni sam zamisluvav deka ce zaspijam so kniga vo raka Sepak stvarno dava mir i te otrgnuva od se i sekakvi misli. Ce ja listam pocesto,ali denes mora poslednata proba da se napravi na proizvidot koj ce izleze vo prodazba,mora da se drzi se po planot,zashto vaka ne ja biduva povekje.
Здраво Феминки Како сте? Кај мене деновите се слеваат еден во друг, сивило невидено... Чекам сонце да огрее и да облечам кратки ракави. Ве читам колку можам, позз.