Менталитетот дека треба да почитуваш една личност ако тебе не ти прави лошо е многу, многу погрешна и токсична. Лоша личност си е лоша личност без разлика дали тебе ти прави лошо, на твојата најдобра другарка, на некоја непозната особа или пак на цела група луѓе во кои ти не припаѓаш, и точка. А моја почит нема да ја имаш доколку само спрема мене си добар. Мрш.
Постот на Срцка ме потсети на нешто. Она кога роднинските врски ги користат како оправдување за сѐ. „Брат/сестра/братучед ми е, не можеме да сме лути и да прекинеме контакт, роднина е, знам дека не мисли лошо...“ И сега некој ќе рече дека фамилијата е најголемото богатство, дека тие луѓе ни се најблиски и се секогаш тука за нас...Ама постојат исклучоци. Искрено, не значи дека заради тоа што со некој човек си крвно поврзан, не може и нема никакви шанси да ти мисли лошо. Абе една мајка ќе ги роди што се вели, ќе бидат толку различни, црно и бело. Понекогаш и најблискиот може најлошото во животот да ти го стори. Сум видела вакви примери, за жал. Не брат, не сестра, родител, што сака нека е, не е никој должен да трпи непочитување. Оправдување за такви постапки нема.
Сакам кога одново запознавам луѓе кои одамна ги знам, а со години не сме имале контакт. Со некои па и од детски замерки сме се разиделе. Денес седев со пријателка од детството. 10 години не разговаравме. За тогаш сериозна работа, сега веќе неважна. Ми вика не сакам да ми се лутиш веќе за тоа... Си велам...како да ти се лутам кога ни ти ни јас повеќе не сме истите личности како и тогаш... Денес се запознавме одново...и особено ми е убаво за тоа... И пак наравоучение како контрадикција па од друга ситуација - не преценувај ничија зрелост. Така јако можеш да се засакнаш да не знаеш кај ќе завршиш. Чудесно е колку бебиња во возрасни тела постојат. Научиле само како успешно да преживуваат и ништо више.
^ Ме потсети на моите стари пријатели/ки. Не можам да се замислам повторно да искочам со било кои од нив и да почнеме да се дружие одново. Не дека на лошо сме прекинале конктакт, туку самиот факт што поминало долго време и јас и тие сме скроз нови личности. Тоа што било поминало.
Убава е помислата, да, мило ми е кај тебе што успеало. Имам пробано со 2-3 другарки ама не иде. Стилот ни е доста различен
Убаво е кога ќе заѕвони телефонот, кога мислиш дека е нешто неважно, а на дисплејот е баш името што сакаш да заѕвони. А уште поубаво е кога ќе ги слушнеш оние зборови... Јас само да те чујам...
Одамна почнав да верувам дека се што ни се случува се случува со причина. Дека не постојат случајности. Сите го имаме тоа едно нешто (или неколку такви) што ако не се случело ќе имавме сосема поинаков живот. Заради тоа често знам да си поставувам прашања "Што би било ако би било...? " Како да универзумот си има редослед на настаните што треба да ни се случат на одредено место и во одредено време.
Глупаво е да нарекуваш нешто судбина, кога исходот зависел од тебе, ама не си се потрудил да се оствари. Не е тоа судбина, туку неодговорност, мрза, непочитување кон себе си и другите вмешани. Се додека некоја виша сила ќе ни биде виновна за грешките, нема да знаеме како да превземеме целосна контрола врз нашиот живот. За жал, common sense is not that common.
Кога ќе сватиш дека под какви безвредни жени те ставал тој што си го сакала повеќе од себе е тогаш.... Е тогаш веќе нема назад....
Секогаш јас бев „швркнатата“ која чекаше на црвено за да се упали зелено и да поминам безбедно, додека другите претрчуваа како растурено стадо. За што? За вечерва да не знам што повеќе преовладува, страв, шок или бес - предизвикани од фактот дека ќе бев прегазена на пешачки на зелено. Ќе те одгледаат, ќе ти се радуваат, ќе пораснеш, ќе правиш планови за некој ваков лудак да ти го скрати животот за секунда. Ајде можеби се случува да бидеш малце улетан, ама да ме гледаш во очи и да не кажеш едно извини е срамота. Џабе се бориме за влез во ЕУ, од нас луѓе не бива.
Мене ме има пцуено на пешачки иако јас поминав на зелено за пешаци. Плус нозе ми се пресекоа и срцето ми отиде во петици. Ми собра се на куп и ми вика нели гледаш дека сум улетан за да поминам.
Ма ја да сум машко би го извадила, би го истресла од кола. Кај улетан, кај на пешачки, кај на зелено па уште која дрскост да пцуе или да ќути ко педерче и да те глеа (извини на израз). Не знам. Немам коментар. Не дај боже некој невин да настрада, мада не дека немало такви случаи.
Јас не знаев што да му кажам, немав коментар не сакав да реагирам како него бидејќи не сум така воспитан. Се почувствував глупо бидејќи од една страна можев да настрадам од друга бев изненаден од неговата реакција едноставно не го очекував тоа. И сега секогаш кога поминувам гледам да не налетам на таков ист тип кој брза да помине бидејќи очигледно некои сакаат да глумат шерифи во градот.
Во Париз, англискиот научник Флеминг, откривачот на пеницилинот, одговарајќи на многубројните пофални зборови рекол: - Вие велите, дека сум открил нешто. ... Всушност , јас само сум видел, - сум го видел тоа, кое што е создадено од Господ Бог за човекот. Честа и славата не ми припаѓаат мене, туку на Бога...
Aбе види, и да си добро воспитан едноставно понекогаш се наоѓа некој морон којшто ќе те извади од такт. Јас бев шокирана и жалам што не го направив партали, едноставно не знаев што да му кажам, исто како ти со твојот случај. Ти понекогаш џабе и да гледаш да не налеташ на таков некој, од кај знаеш дека исти таков идиот нема да те собере на тротоар.
Сакам да кажам - официјално сум бумбар. Денес со двете најважни жени во мојот живот - мајка ми и сестра ми бевме во потрага по фустани. За мојата веридба, се разбира. Скроз ко на друг човек да му се случуваат работиве. Мене, цел живот некако нејасно ми се провејува во глава моментот со шопинг. Кога сакам, одам. Кога не сакам, ништо не ме собира, ништо не наоѓам и не ми се бендисува. Е па оваа сабота некако беше така. Мајка ми си најде одличен наметка/фустан, сестра ми џезерски еден совршен и тоа од Лептокарија во едно бутикче, а јас, јас, јас... Јас имам 84 кг, веќе сум за број 46 и цицките ми извираат од сите страни како потоци. Не се жалам, едноставно сум веќе во фаза на бидување крава. Му му. Мјау мјау. Облекувам еден фустан (не сакам да шијам за веридба, а и ме мрзи), изгледав како швајцарска млекарка или октоберфест келнерка. Облекувам втор, малку поразлетан - Есма да ми прости, ама бев поџеваирска од неа. Ништо не ме собира убаво, башка мешето веќе подрипнува и просто, грозна си бев на себеси. Па најдов еден лосос боја, нежен како за НАСА научничките од Hidden Figures, со тој ентитет и ненаметливост. Дали ми се менува и вкусот или едноставно немам време ни нерви ни избор? Па ќе се расплачев среде бутик. Па отидовме да делиме шарска и увијач и ми се смири аурата. Па му се извинував и на бебето и на светот и на сите. Куп хормони излегоа денес со мене очигледно на шетање. Изедов три различни сладоледи, си ги собрав другарките на капучино и колачи и си оговаравме све што ни дојде на ум, сосе жалење за денов, за периодов, за растењето, за стареењето. Скоро до заспивање. Либето е на машка, ја на женска собиранка. Понекогаш, само треба да си го слушнеш телото и да си пуштиш Simply Red откако ќе си заминат сите. И да ги собереш чашите гледајќи го фустанот што си го купи, со нежност како да е нежна гладиола.