Во право си ама што да им кажеме кога и двајцата во овој случај сме претрпеле стрес. Дури и да го нападнам физички, може само да ме тужи плус ако има некој сведок во близина на големо ќе излезе работата. Да му викам нешто од кај да знам со каква будала си имам работа. Вака само си премолчев и не се расправав, а на него нека му служи на чест за се што ми кажа и за претрпениот стрес поради неговата луда глава.
Разговор кога баба ти е глува: Прашање: Меко Родео да ти купам? Одговор: Рекоа од среда ќе се стопли. Ми се случува некогаш мозокот да ми работи екстра креативно и да ми ги вади најневеројатните интерпретации на работите. Тоа често се одразува како мечтаење, daydreaming, и какао редовно заборавање по што ме пратиле од продавница кога бев мала. Деновиве ова се манифестира преку наоѓање на најмалку веројатните транскрипции на нешто во кирилица. Така, "da napravam nozinja za deteto" ме стави во 5 минутна мисла каков нож му треба на бебе. "Strkovite jadat zabi" ме стави во мисла од каде им тој податок на луѓето и како штрковите ги набавуваат забите, a "maska ninja zelki za 5 godisno momce" ме стави во мисла каков телефон има тоа момче и зошто е битна неговата возраст и зошто би сакал маска за телефон со зелка. И каква е таа нинџа зелка? И така, пролупав...
И тоа што викаш. Со цел да се заштитиш, ќе се стаиш во уште поголема каша. Можеби некои работи стварно не заслужуваат внимание, без разлика на ситуацијата.
Денес бев до зелен пазар. На одење накај дома, таман пред да влезам во кола, ме сретнува една жена, и од растојание меѓу нас ме прашува колку е саат.. и кажав и таман тргнав да си одам, ми се залепи до мене и ми вика: " Еејј, носиш фиксна протеза, знаеш ли дека содржи ацетон"? Јас сум како wtf?!? И викам дека немам време, и така застаната, со прстот ми ја подотвора кесата во рака што ја носев( имав купено 2 букета) и она: " Лелее, колку се убави, од каде ги зема, колку пари..па за која пригода ми се..wow. Каде работам, каде мајка ми работи.. кога и кажав дека сите сме медицинари ..нејзината реакција беше: " Леле па јас од таа медицина и лош кадар се доразболев и сега само природно се лекувам". Пффф, мене мн ми е гајле ти како се лекуваш. И јас цело време се правам наудрена, не дека се замарам или слушам што збори, и викам мхм, мхм.. Па се дрзна да ме праша, каков ми бил циклусот? Ако ми е нередовен одма имала лек. Абе пиши го мојот бр.и барај ме. Ама не ти кажувам име, потпиши ме паталец. Јас пак wow. И конечно си заминав, и она на идење пак се врти и ми вика: "Ако има некој некој проблем со акни или др нешто, раскажи за мене. Си викам во себе, еве одма ќе почнам
Постојат убави луѓе. Прекрасни. И не, не зборувам за надворешната убавина. Зборувам за она со кое зрачат одвнатре. Толку е силна таа енергија, што дури и недостатоците избледуваат. Или па ги прават уште посимпатични. Зборувам за луѓе на кои не им е потребна ни шминка, ни глума, ни скапа облека. Тие се прекрасни за тоа што се. Од секој нивни збор, секој гест, секое движење зрачи само топлина. Со нив времето лета. Зборувате со часови. Споделувате. Нема скриени намери, нема маски. Тие го будат најдоброто во вас. Да, постојат. И се повредни од дијамант. Благодарна сум што имам таква личност во животов. Зашто и мене ме прави подобра.
Од сабајле како на лева нога сум станата,депресија ме фаќа сакам да одам некаде да шетам да се одморам...ај нека помине денов не ми се свиѓа!
Она кога некоја членка ќе ти лајкне мислење од 2013 во тема Вицови, отвараш и гледаш десно од твојот ник неколку преглупи стереотипни и сексистички вицови и ти иде да се изругаш сама што ти било смешно и за споделување тогаш...
Депресија ме фати од времево, влегов официјално во ПМС ,си го сакам сонцето. Сега ќе ти кажам ме потсети сликава. Лани за Велигден во Санторини наутро се смрзнувавме. Дека е остров и плус на море очекував да е топло, да ти кажам знаеш што значи да носиш хулахопки под летна долга сукња. Е после 12часот пекол беше. И не само тоа слична случка од вчера. Бев излезена во кафиќ и беа собрани неколку малолетнички и некоја од нив славеше роденден веројатно. Скапи поклони како Пандора, Свароски имаше. Ох и најважното сите со телефоните во раце....трагедија. Јас на нивна возраст знаев за тетратка и молив и викав убава е тетратката. Тоа е.
Зар сум себична што сакам да живеам мирен живот, зар сум себична што сакам некој да ме љуби. Дигната сум што не сакам да разговарам со другите, затоа што знам какви би биле разговорите, како би оговарале некој друг а после се дружат со тој. Мислам стварно што мајка тражеш да збореш со тој човек кога после го оговараш, па викаш нервира ме и оп па кај си ти. Не, одамна сфатив каков е народот и не ми треба улизувачи поарно сама отколку со некој што ми прави лице.
Сакам да кажам - ова е ЉубовИ јас сакам вака https://www.facebook.com/InTheKnowP...149321287567/1806271706341995/?type=2&theater
Знам дека румен крај на оваа шашава пролет ме чека. Ама до тогаш бројам уште еден ден дома. Уште ситно бројам. Дали дома е навистина таму каде ти е срцето? Шашаво време. Снегулка по снегулка, копнеж по копнеж. Се натегам од дневна до спална и обратно. Доаѓам до огледалото и гледам дека овој цел долг период и како сите немири што што ги чувствувам оставиле свој белег на лицево. Како цела хормонска мелодрама да се изиграла по и така пречувствителнава ми кожа. Природни трагови на нешто што ме допрело длабоко и предизвикало бура од емоции. Па ставам вино боја кармин и исцртувам насмевка каква што само за него кријам. Нема да ми ги скрие брчките ниту другите неправилности на лицево, но ми го смирува хаосот во душава. Оти пред мене него си го гледам. Моето среќно гнездо. Со трепките душа ми гали и смирува. И веќе се е подобро. Пак дишам.