Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Многу одамна не сум имала ден без анксиозност.
    Вчера се враќам накај дома и размислувам, прекрасно си поминав, ама нешто ми фали. И сфаќам, ми фали грутката во стомакот.

    Не знае ни сам колку ме радува. Само со постоење.
     
    На cresa-jagoda, Joi, Lella и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Сум бил србоман бидејќи сум навивал за Црвена Звезда. Тогаш што си ти со капче LA, маичка на која пишува Лондон и тренерки Италија ако се водиме по таа логика? Прост, глуп, ретардиран, неизживеан народ.
     
    На cresa-jagoda, Quuen, ЕденЧлен и 2 други им се допаѓа ова.
  3. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
  4. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.335
    Допаѓања:
    76.631
    Пол:
    Женски
    Вреди да се прочита. Точно дека не убедија во се. Отворете ја темата колку се платени професиите во Македонија и ќе налетате на коментари “ 12000 денари малце да не се” и ќе ви стане јасно каде живееме.

    Колумна од Љубинка Боба Недиќ

    Нè убедија дека е луксуз да се излезе барем еднаш месечно со семејството на ручек. Нè убедија дека е нормално да се трпи, да се нема, да се зајмува... Нè убедија дека е луксуз да се отиде со семејството на летување, и тоа на рати. Нè убедија дека е расфрлување ако имаш повеќе од два пара чевли, а дека е нормално да се избира кој од семејството оваа есен ќе купи нови.

    Станавме нација која се дебелее од леб, затоа што за месо нема пари. Станавме земја на исфрустрирани родители затоа што на децата не можеме да им овозможиме ни стоти дел од нормалните работи што ги посакуваме. Станавме земја на раскарани сопружници затоа што постојано сме под стрес, постојано нервозни, хронично несреќни. Станавме губитници, а не ни е јасно зошто. Чесно завршивме школи, чесно ја работиме својата работа, но оваа држава не е задоволна – нè цеди додека не цркнеме и нè убедува дека така мора. Дека така треба. Дека тоа е совршено нормално. Побргу би нè погребале, но не можат додека плаќаме даноци и придонеси. Наместо да викаме „Сакаме подобро!“, ние шепотиме дека може да биде и полошо. Нема стремеж кон посреќен живот, туку само страв од поголема несреќа.

    Срамно ја нарекуваат минималец најниската плата во овој дел од светот, со која не можат да се покријат ни минималните трошоци. Двајца родители на минималец, со две деца дома, се подготвуваат за купување зимски јакни како да станува збор за купување нов автомобил. Нашите работници се најобесправени во Европа. Немаат пари да се лекуваат, да ги поправат забите, да ги зашијат чевлите. Штедат на огрев, крпат една дупка додека друга се отвора, должат за струја, за дрва, им доаѓаат извршители, стравуваат дека ќе останат и без она малку што го присобрале. А потоа се разболуваат, па и болни одат на работа, затоа што е луксуз да се отиде на боледување. За тоа време цената на трудот се зголемува три-четири денари. Нè убедија дека и тоа е нормално и дека така треба.

    Ни ги понижија родителите на старост, ги натераа да копаат по контејнерите наместо по години работа да избираат бањи каде што малку ќе закрепнат, ќе ги намалат болките, ќе го подобрат здравјето. Наместо да си играат со внучињата, ги гледаат преку „Скајп“ затоа што од оваа земја заминаа сите што можеа.

    Децата ни растат во уверување дека е нормално така да се живее, затоа што не знаат поинаку. За разлика од семејствата во нормалните земји, кај нас не можете да испланирате да отпатувате некаде со децата за време на празници, за децата да ви се запознат со други култури, да ги посетат знаменитостите од учебниците...
     
    На mila89, ivi1987, Lady*Bug и 45 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Добро времево не е нормално. Излегов од дома - зима, стасав до Центар- пролет.
    Срцево тахикардија ми е.
     
    На cresa-jagoda, ADOKI, Marija) и 7 други им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Моментот кога по улица одиш со насмевка од уво до уво, онаа вистинска насмевка, искрена, најискрена, само затоа што среќата извира од тебе и се бранува, а ти не можеш да го скриеш тоа.

    Ме гледаат како да сум се мрднала од умот... Ако, нека гледаат. :)

    Убаво ми е и не ми е срам ни страв да го признаам тоа. :$
     
    На cresa-jagoda, Srcka $, senjorita-v и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Изгледа дека некои од квази новинарите, навистина го користат форумов за инспирација, а воедно и за кликови на страната.
    Проклет капитализам. :D
    http://www.magazinplusnews.com/дечки-во-десет-реченици-ќе-ви-објасн

    Дали во иднина, треба да очекуваме дека наши мислења ќе завршат во дебатна емисија, ток шоу, трачарење на кафе со другарите (ова не важи, веќе се прави) или можеби инспирација за скеч од некоја, се освен не хумористична емисија. Останува да видеме.

    Едит: Не знам која е членката која го напишала ова. Немам ништо против неа, не ја ни спорам вистинитоста на коментарот кој овде го пишала. Проблемов ми е, кога ќе научат дека не смеат вака да злоупотребуваат?

    Ако сум напишала нешто на форум, сакам и таму да остани.

    *Реков квази новинарство? Грешка. Ова е копи-пејст новинарство.
     
    Последна измена: 26 март 2018
    На cresa-jagoda, Yipman2, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам некои личности не заслужуваат ни одговор
     
    На ivimis, cresa-jagoda, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Ова не е на @bittersweet мислење?

    Ќути барем извор напишале. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, SV1911, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  10. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Иии верно ова за Австралија? Убаво ако е така.
     
  11. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    14.416
    Пол:
    Женски
    Прв ден специјализација на клиника

    Прв кометар од менторот:

    „Лицето ти ги покажува сите емоции,продолжи така,
    зошто човекот е составен само од емоции
    и се што ќе видиш тука е последица на истите.
    Моќ е човек да е свесен за своите емоции и да си ги признае себе.
    Тоа е мудрост која го чува нашето здравје, а не разумот“

    Ах ми олесна.... реков ете нормална сум, откако некој предолго ме исмеваше за моите емоции,,,,

    Затоа нека трепка тука...за сите оние на кои им треба потврда дека хиперсензитивноста е дар...
     
    На Srcka $, poenta и macka91 им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.379
    Пол:
    Женски
    Како да разбере дете од 6 години дека си имал да му дадеш а веќе немаш бидејки животот толку силно те удрил по плеки и ти плеснал шамар, дека повеќе зависите од една минимална 10 000 денари плата, дека едниот родител засекогаш исчезнал од невните животи и нема да се врати.
    Дека си имал се а сега веќе немаш ништо..
    Дека сите кои што биле во доброто за добро сега се кријат од лошото и не сакаат здраво да ти кажат ..
    Како да свати дете од 6 години дека оваа година ветениот поклон за роденден не можеш да ми го приуштиш..
    Како да свати оваа држава дека мајка на 2 деца вдовица работи од јутра до сутра и се бори за нив со 10 000 денари а вие и давате ебани 800 денари децки додаток за да си покупи месечно тоалетот за до вц.
    Како да свати дете дека не смее да рипне од прозорецот за да оди кај татко му..

    Не сме требале да живееме со мотото "има и полошо" ама после шамарот во грб и ножот во плеки, после дотолчувањето и срамнувањето на ваков начин до земја жив ли си или си мртов? Има ли полошо или нема?

    Да сме живи и здрави.
    Здравиот и живиот може да работи, да печали, да се гушка, да дари љубов, подршка, надеж за подобро утре .....
    Она другово после се се е џабе!
     
    На Carissa, cresa-jagoda, Lejla8 и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.730
    Допаѓања:
    162.534
    Да ми згрешат и да побараат прошка од срце простувам и заборавам.
    Ама не заборавам кој што бил и што станал благодарение на што. Никогаш.
    Лесно е после војна да се самопрогласиш за генерал...а цел батаљон стоел зад тебе... И сега силен...па и насилен. Е памтам. Многу добро памтам туѓи лигушки.
    Смачено ми е да слушам муабети од луѓе кои се и какви се, што они не сакале, а сакале. Што нив им пречи и не пречи. Знаете дека не сте сами на планетичкава и дека грото ги боли цев вие што мислите и сакате, така?! А и како вас и другите имаат критериуми во кои би било фино да се вклопите понекогаш.
    Пред да ги ооставите вашите критериуми за другите, запрашајте се дали прво самите ги исполнувате и сте спремни строго и принципиелно да ги испорачате?!
    Самокритичност - нула...
     
    На Someonespecial и macka91 им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Уууу I’m famous......8)8)8)

    Сега ќе добијам дневница, нешто хонорарче, да спремам сметка?:wasntme:
    :D:D
     
    На cresa-jagoda, Lejla8, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Нема Битерке, ghostwriter си ко шо гледаш, не ставиле никче.:worried: Едино за exposure да преговараш, па да те правиме инфлуенсер во Острелија. :rofl:
     
    На Yowannty, SV1911, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Колку љубов има во тоа: АЈ НА ЦИГАРА..
    скокнуваш од столче,
    трчаш ко луда,
    го погледнуваш длабоко во очи,
    се молиш никогаш да не згасне
     
    На ivimis, cresa-jagoda, Dadusicka и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Зошто да се тешиме со ''има и полошо'' кога може да се мотивираме со ''има и подобро''?
     
    На cresa-jagoda, hermosa, Dadusicka и 11 други им се допаѓа ова.
  18. filip4

    filip4 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Машки
    Se naspav kako chovek,bash domakinski.
    Sega edno ubavo tursko kafe i denot mozhe da pochne.
     
    На hermosa и КикиМаус им се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Убаво е кога човек го почнува денот со мислата дека сака и дека е сакан.

    Дека навистина има нешто за што да се бори, да се буди со насмевка, со енергија да ги прифати сите предизвици на денот и на животот воопшто.

    Се` што е лошо и негативно како да исчезнало, испарило, без трага.

    Убаво е кога во тебе има толку многу љубов, што нема простор за ниедно друго чувство.
     
    На cresa-jagoda, Srcka $, sparklie и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    106.715
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека се разбуди детето во мене и чуството е прекрасно:sun:
     
    На cresa-jagoda и alexa_dimoska им се допаѓа ова.