Она кога после цела емисија, уште неколку видеа изгледани и цела нова симната апликација, приметуваш дека прееска кога си се прибрала дома си заборавила од мобилен интернет да смениш на вифи...
Даваш пари на заем. Чекаш да ти ги вратат.... Гледаш слики на фб како пијат кафиња СО ТВОИТЕ ПАРИ, јадат со ТВОИТЕ ПАРИ, прчат кур СО ТВОИТЕ ПАРИ, се шетаат СО ТВОИТЕ ПАРИ... Како да си ги земеш? Идеш и ги кољаш.
Се сеќавам многу добро зошто го направив профилот. И ете си поминала година. За мене оваа година значи многу. Јас во оваа година буквално преживеав. И пораснав. Оставив зад себе едно искуство кое ми служи во секој аспект од животот. Станав од својата пепел и повторно се изградив како нова личност. Сега сум потполно поинаква него кога го направив профилов. Сега дури и во исти ситуации постапувам поинаку. Сега јас им одржувам лекции на другите. Денес очекувам да се случи нешто убаво. Конечно да се среди уште еден аспект од мојов живот. А денов надвор асоцира на нешто убаво. И пролет е. Можеби небото испраќа знак. А може и не. Посакувам конечно се да дојде на свое место. Посакувам она на кое работев изминатава година да се исплати.
Ти си она чувство кога сонцето ти свети во очите и те заслепува, ама не ти пречи, пријатно ти е, топло и на лицето и на душата. И знаеш дека целиот универзум да го снема во една секунда - само тебе да те има - доволно е. И само да те гушкам бидејќи знам дека ти си мојата душа, а во твоите гради чука моето срце. И пак да ме прашаат - дали пак истото би го направила? Јас би рекла - да! Милион пати да! Би те родила тебе, ангелу мој. Ти си моето сонце кое ме заслепува ама пак ми е пријатно и топло во душата. За тебе живеам, сонце мое...... Посветено на син ми
Кој плитки муабети,малограѓански....во брак жената кога ке се породи 80% повеќе ке ги сакала и ке пазела на децата одколку што ќе го сака мажот ок да ако не мажите нека одат со други жени а ние децата ке ѓи пазиме пошо нели ко ке дојделе децата на свет женава го заборава мажот од вакви си патиме мизерија само кај нас е ова жената да се грижи и за деца и маж и пак крива
Интересно е колку луѓето им придаваат значење на мааните што мислат дека ги имаат и се сосема небитни и незаприметливи и уште поинтересно е колку повеќе ти од страна ја заприметуваш мааната кога така ти е нон стоп сервирана пред очи и само неа ја гледаш додека го гледаш човекот. Да не слушав од една колешка секој ден дека имала клемпави уши (а нема) немаше да видам ни уши дека има не па да и ја мерам клемпавоста, а сега после толку време муабети за "клемпавоста" кога ќе ја видам само ко уши да гледам. И само во ушите и гледам и жими се сега и ко клемпави ми изгледаат.
Понекогаш кога човек ќе се одлучи да ви направи директен муабет или се пошегува околу некоја незгодна, осетлива, „табу“ тема – не само што не значи дека сака да ве навреди, туку баш напротив, ве смета токму вам за созреана, стабилна и интересна личност пред која може да се биде отворен. Па, навредувајќи се и правејќи драми – покажувате дека ве прецениле... Пречувствителни до степен на каприциозност луѓе... ги има од сите страни и ставови, за жал.
Слушам турска серија... Девојката: Ти си како магнет за неволји. Либето нејзино веројатно: Во тој случај, ти си ми компас. But... but... that's not how it works.
Моментот кога пеперутките во стомакот полудуваат... И се прашуваш Дали е се` во ред со мене? Да, се` е во ред. Ова е "само" љубов
Не можам да опишам колку се потресив пред малку! Значи,со кое право некој лудак ќе пука со оружје во 1 по полноќ!!! Разбирам кога ќе пукаше некој за свадба или веридба по 2-3 пати и толку,ама ова беше многу страшно,не прекинуваше едноставно,можеби 30 пати се слушаа громогласни истрели,скокнав од кревет и почнав да велам,те молам немој да е војна Господе,стоев неколку секунди во темнина и истрчав кај моите,а сум возрасна личност....ми се слоши,имав паничен напад.... И добро рекле,не може никој да разбере нешто низ што не поминал,но многу се плашам и сочуствувам со сите кои поминале или поминуваат низ војни....
Прави се дека ништо не слушаш, не гледаш, климај со глава и кога не е некој во право, смеј се и кога не е смешно, кажи им тоа што сакаат да го слушнат... Оооо па што било убаво вака. Линијата помеѓу искреноста и глупоста е кратка. Некој веќе не заслужува искреност. Нека живеат во лажен свет ако им е така добро.
И не дај боже да не можеш да ослабиш по породување и тоа за неколку месеци, нема да си му доволно секси на мажот. Тоа за љубовта дека повеќе ќе ги сакала децата од мажот - тоа е нормална работа, ама се користи како изговор за да оди мажот по други жени, демек не ме сака ко порано жена ми. Детска работа - ама од страна на мажите. Наместо да и помага со децата - тој уште дополнителни нервози ќе и прави, да го чека до сабајле илезен некаде.
Посебно место во пеколот за ѓубриња кои ме уценуваат и заплашуваат бидејќи сум подобра од нив. Маме ви