Како што стареам почнувам да мислам дека луѓето први април го користат како добра прилика да кажат што навистина мислат и потоа да си се извадат од ситуацијата велејќи дека тоа е шега.
Кога сте добри во нешто, им го кажувате тоа на сите. Кога сте одлични во нешто, другите ви го кажуваат тоа вам.
Сите сме само едно тело и една душа на овој свет, живееме за да поминеме одреден дел од некој си живот. Самите одлучуваме што ќе биде а што не.
Јас сум намќор.. премногу често Со нови луѓе сум крајно резервирана.. затоа и намќор некои ме викаа.. И факт е тоа.. Но затоа кога некои луѓе ќе ми влезат под кожа, во состојба сум да одам до другиот крај на светот за нив ... Во нивна близина сум ведра, насмеана, секогаш позитивна... Ама.. кога ќе почнам да молчам во нивна близина ... е тогаш е опасно. Таква се мразам.. а за жал се почесто се фаќам во такви ситуации.. Жалосно е колку луѓето не внимаваат на туѓите чувства а очекуваат сите да се добри и сочувствителни со нив.. Епа нече мочи.. Може до вчера душата ќе сум ја дадела за вас.. ама денес ни со прст не би мрднала... Заклучок: Не повредувајте туѓи чувства, не си поигрувајте. Сите сме луѓе од крв и месо. Утре може се да се сврти и вие да сте од другата страна
Некаде прочитав:Кога не си во право,а сакаш да изгледа дека е така,само викај што е можно погласно.... И да,во пракса се почесто наидувам на соговорници кои очајно сакаат да се во право,и по секоја цена се дерат,урлаат на цел глас. Ете од вакви личности,јас секогаш се повлекував на страна,трпев и трпев,ама денес беше пресудно. Истата таа личност која со урлање мора да е секогаш во право,денес за прв пат сакав да и докажам,дека и јас знам да зборувам,не да викам,и не ме остави да дојдам никако до збор... Раскрстив со таа личност,со личноста која ме труеше секојдневно,со личноста која ми ја уништуваше и самодовербата и вредноста. Ама,кого лажам...зарем можам јас да раскрстам еднаш и засекогаш со толку блиска личност!? Не знам....знам само дека вака е подобро
Не ми е јасно зошто по аптекиве нема крема за сончање и други месеци освен летните? Или има некоја залутана по грешка без врска. Зошто ги повлекуваат кога има луѓе на кои им се потребни речиси во текот на целата година? Сто пати изгорев во лицево и којзнае уште колку ќе горам додека дочекам да дојде летната сезона.
Ти дошле дома и си мислат дека не знаеш дека лажат... И така си лажат, си лажат и си лажат и одеднаш ти се приспива им кажуваш дека сфаќаш колку е саат и време е за спиење им отвараш врата и они вознемирени... Ама другари зошто сега да се лутиме??? Не е убаво кога се караме.
Не дека ми била преблиска,ама ете сум ги слушала сите нејзини мислења и мавања во гради колку е јака. Заедно слушавме предавања. Полагав еднаш кај еден манијак во ист ден со неа,на времето на усно. Условот беше пишуваш семинарска он ја одобрува и те вика на усен испит.. Закажани јас и таа во ист ден. Неа ја пуштил,јас одам во канцеларија секретарката ми вели итно мораше да замине да чекира авионска на семинар е таму и таму доаѓа за 2недели. Тебе кој те врти во превод. Одам на жалби-поплаки и тоа теткичето ми вели ехеее не си ти прва така ќути што не те бутнал и чекај да те прими кога ќе сака. Ме прими по некое време и ми вели ти си таа со семинарската за тоа и тоа,темата ти е одлична(а добро знае тоа беше нејзината тема). И ден денес ми е криво што не му реков стари дај не сери дај ако планираш да ме испрашуваш почни ако не чао адиос,само не толку некултурно,ама да му го спуштев бре да не ме праи будала. Ама авторитет,а и демек без негов амин каков студент си бил тешко за вработување. Ме гледа и соблака со поглед. Си спуштам поглед и културно одговарам што ме прашува. Не е веќе битно тоа се....веќе историја е се. Таа и тој по толку време денес. Имав службено работа таму иако не ми е омилено место за врткање,премногу лоши спомени. Ко за беља таа и тој еден до друг,бре дедо може да и биде. Го слушам тивко и вели јас ќе скршнам од овој пат да не не гледаат заедно нели. Таа Мерлин Монровски стенчи ахаа колега. Ме виде,се пофали,многу напреднала и таа сега е професорка,колеги со дедово се. Пак враќање во минатото последен испит кај манјаков ме бутка онака и ме брка од канцеларија со тешки навреди. Му се пререче од погоре не дека не. Ама толку беше кај мене,се прекрши нешто одвнатре. Ќе го нема еден ден и него барем да го имам пемпелето од тој факултет црно на бело,не дека ќе ми смени нешто. Колку вода поминало ехе имам јас друго пемпеле и поубави видици во животов. Можда па и не ми е се совршено,ама пак не сум кучка во рацете на дедото. Во животот постои слободен избор да бидеш сечиј роб, нечиј роб или роб сам на себе си т.е.господар сам на себе си. Изборот е лично твој.
Не Лили, не верувам дека е како за мене. Затоа се нервирам. Оти имам специфична кожа и тен и не ми е колку да купам било што. Таква една најдов залутана во аптека за некои 160 денари и џабе ја земав. Башка и за децава немам веќе, ја гребам уште таа ланската. А сега уште поинтензивно сме по планини. Ова и тука долу сонцево знае да биде опасно во пролет, камо ли на повисоко. Сакам да докажам...имам побарано во октомври, еве барам и сега...дури и чудно ме гледаат. Не им е јасно дека на некои луѓе не им треба само за на плажа, иако јас и на плажа одам, според нив, надвор од сезона.
Dali sme naporni vo zhivotov ? Pravime greshki so toa ? Uporni treba da sme,no dali i naporni za da stigneme do celta shto ja posakuvame ?