Најјаки се тие што по цел ден се воздржуваат да јадат мрсна храна (постат), а во виртуелниот свет колнат, пцујат, полни се со злоба и провокации. Зар навистина мислат дека постење значи само воздржување од храна? Што е со злобните мисли? Душевен мир? Штом сте помислиле да фрлате клетви на непознати луѓе или да споделите некој статус полн со злоба, тогаш слободно почастете си се и еден хамбургер и бурек. Исто ти се фаќа.
Многу сум среќна што го запознав. Ама многу, најмногу. Толку многу што го гледам и не можам да му објаснам што е тоа кај него што ме радува, едноставно неговото постоење. Баш кога изгубив надеж и се помирив со самотијата, тој се појави. И за првпат во животот, заљубена сум без да идеализирам. Си има маани, и тие ги сакам. Мислев дека знаев како е да се затрескаш потполно и без кочници, епа не сум знаела. Ова е тоа што ми фалеше во животот до сега. И да, можеби е рано. Којзнае што ќе се случи, можеби нема да успее. Ама пак ќе ми го обележи периодов како најсреќен во последниве години. Затоа што е. И затоа што покрај него, сум јас.
@crimson те мислев вчера, денес, дека изгледаш посреќно, поисполнето, попозитивно. Изгледа не сум грешела Мило ми е, само убавини
Грев тркалајсе кај сакаш и во што сакаш. Тој што сака да ја сфати поентата на напишаното ќе ја сфати иако има грешки во составот на речениците. Кога сакам можам да го едитирам постот но нема потреба а да го бришам исто така нема потреба.
Забележувам на форумов дека многу ликови на кои кога ќе им поставиш некое најобично прашање (кога велам прашање не мислам на саркастично, иронично или прашање со кое само сакаш да предизвикаш некакво препукување), не добиваш одговор воопшто или пак го добиваш по неколку дена. Иако ги гледаш истите тие ликови дека во текот на денот се активни во минимум 10-тина теми и поминуваат околу 3 часа минимум на форумов, сепак новите членови или членови кои не им се по ќеиф не заслужуваат да добијат човечки одговор од ваквите “прекул“ фацки. Извинете вие богови на форумов што немате време (или желба) да одговорите, веројатно имате некоја божествена пирамида на битни и помалку битни луѓе па на тие најдолу на пирамидата не се ни обидувате да им одговорите. Ама не сте кул. Воопшто. Всушност сте целосно the opposite of being cool. Така малце беднички сте. ФМП.
Има луѓе кој живеат за да го расипат денот на другите. Страшно од луѓе со немање основна култура. Нека одат во некоја шума од кај што дошле нека живеат див живот.
Ами оние што имаат односи додека постат? Зборам за дечко и девојка,не сопружници.....иако и сопружници не ми се за оправдување да имаат односи дури постат,но ајде ќе речеш во брак се со Божји благослов. Ама,имам блиски кои додека постат си вршат и односи континуирано,и замисли се вадат на тоа дека имале дозвола од духовникот,дај молим те,кој духовник ќе дозволи секс за време на пост,и не само тоа кога знаеш дека кај нас сексот пред брак ионака се смета за блуд Ама,да не одам дотолку далеку,сепак не живееме во 16 век Се надоврзав на твојот пост од погоре,бидејќи и ова не е океј постење,ами лицемерно....
Разочарана сум премногу ... Значи животот не престанува да ми нанесува тешки удари!! Си велам : Има ли крај на ова лудило ? Зарем стварно налетувам на погрешни мажи во животот ? Зарем не им се здосади на некои да глумат цело време ? Аманте бе луге , па и јас сум човек од крв и месо , полека со забивањето ножеви во грб , јас секако ке ве преживеам !! Не можете да убиете она што е убиено ! Да! Убиена е надежда во мене , убиена е мислата за подобро утре , убиена е љубовта во мене , убиено е све во мене ....не можете да ме уништите !! Само се прашувам има ли крај сево ова?? Ке завршАм ли јас некогаш со нормален човек до мене што ке ме воскресне од мртвите души ?! Ке бидам ли некогаш наоколу со луге што нема да глумат дека ме сакаат ?? Или истово ке си продолжи ?? Нека продолжи , јас пак ке ве преживеам ...!!!
Преку глава ми е од вашите лицемерни ликови. Се прашувам како може да постојат личности како вас?! Како тебе поточно? Толку па завидлива и љубоморна личност како тебе немам видено. Па ти девојко немаш свој живот, повеќе време трошиш додека ме замараш и ми го одвлекуваш вниманието. Ама јас не се спуштам на твое ниво. Никогаш нема да се спуштам. Би рекла дека те мразам, ама јас не мразам никој. Всушност ми е жал за тебе. Џабе мислиш дека криеш работи од мене кога на крајот секогаш се се дознава. И сега повторно го правиш истото, знаеш дека имам за учење и намерно го правиш ова. Ама ако. Јас ќе преќутам и ќе си ја гледам својата работа. Па ти и не си способна за нешто повеќе со тој твој мал мозок. Јас само се прашувам тие 2те зошто трчаат по твојот памет. Ај оваа малава ја разбирам до некаде, не изживеана, ама оваа другава бе. Не знам стварно, немам зборови. Знам дека денес зборуваше за мене. Ако, зборувај. Мене не ми смета. Јас знам дека те копка со кого зборував ама нема да знаеш. Сеуште не. Додека ти дознаеш јас веќе ќе стигнам до целта. Па ти уште троши си време обидувајќи да ми сметаш намерно. Ахх колку си малоумна, а можев многу да ти помогнам ама ти не вредиш. Ти се занимаваш со туѓи животи наместо со својот. Жално.
Си замина од државата а? Беше единственот човек за кој мислев дека никогаш нема да си оди од тука. Со каква жед во очите ми кажуваше колку си задоволен и среќен од работата. Борбеноста за тука да имаш убав живот ја замени ли со странство? Што се случи со сите соништа? Што се смени наеднаш? Со денови пробувам да ја прифатам реалноста дека повеќе нема да ги видам твоите очи. Ми се навраќаат спомени, а душата ми трепери. Не ми излегува од мисли твојата насмевка кога последен пат случајно те сретнав. Со среќа иако знам дека ќе успееш на секое поле.
Сакам да кажам дека станав алергична на луѓе кои поради блискоста која ја имаат со тебе, мислат дека те поседуваат и си даваат за право да ти го организираат слободното време според тоа како на нив им одговара
Mnogu pati i mnogu ubavi neshta ni se deshavaat vo son. Zashto beshe bash son,ehh shto ubavo ce beshe da beshe se toa na jave.
Да блиски сте ми ама осет да се немало,мора ли секоја секунда да пишувате на фејсбук, да се распрашувате каде одам и со кој?? Не можеш ни да се одмореш ни да си завршеш некоја обврска, ако не е на фб во живо ќе се закаче за тебе и не те пушта.. Епа не ви се правдам веќе и гајле ми е што си мислете.
Во населбава каде што живеам, се населија нови соседи. Некаде од источна Македонија, мислам, го знам гратчето ама не е убаво се да се пишува тука. Сакав да кажам, колку се згодни момците. Да признаам, во минатото имав резерва кон Истокот, ама со вакви колачиња почнувам да ги менувам гледиштата. Утрово станувам и веднаш си пуштам латино музика. Со музика се расонувам и многу ми е убаво така. Потоа цел ден сум насмеана. Па помислив дали на форумов има тема за латино хитчиња, каде на големо ќе го дисутираме жанрот и згодните Аргентинци, Шпанци, Колумбијци. Кон крајот на денов ќе проверам, па ќе креирам и посебна тема (ако не заборавам). Денов ветува многу, треба да идам на шопинг да се подновам. Во последно време, често го правам тоа. Јас не треба да имам голема сума на пари на сметка, веднаш ги трошам. Ако моите соништа за богатство се остварат, сите ќе ги потрошам на патувања. Што впрочем и не делува така лошо. Минатите две години бев преокупирана со тоа како да направам пари, сега полека се оддавам на хедонизмот и уживам во животот. Многу луѓе би рекле дека со мојата професија не се заработува многу, би им возвратила that's where you're wrong nigga! Треба само фантазија и повеќе промашени експерименти. Иднава недела треба да одам на некакво глупаво тестирање. Порано кризирав за вакви работи, сега сум ептен чил. Sometimes it feels good to be Aqua.
За прв пат во историјата на Јипи , Јипи се упиша на Wizzar маратонот. Скромни 5 км ќе трчкараме, сакав 21 км со тоа што ќе трчам 2км и ќе забушам другите 19 ама ете овие паметни биле и гледале све. Сега мора во форма да влезам да трчкарам на кеј да не биде срамота таму на патеката, сите симпатии од фацебук и real life ќе бидат таму. Ама ај , оваа година си поставив 200 новогодишни резолуции и мора да се остварат милом или силом. Друго прочитав на нет , требало да паѓа кинеска вселенска станица , имало 1 во милиони шанса на глава да ти падне , се плашам мојот баксуз или што и да е, да не ја прочита оваа информација и рече , challenge accepted.
Касниш, бидна веќе. Те промаши овој пат. Јас се надевав некаде блиску да падне, да се гледа согорувањето. Еднаш уште како мала имам видено паѓање на метеор... Цело небо се осветли и помина една топка надолу
Тек сега почнувам да го разбирам она Платоновото: "единствено што знам е дека не знам ништо"... Нешта се случуваат и не разбирам ама баш ништо...
Оваа пролет ми е особено убава, особено топла. Можеби зашто преживеав долга и тешка зима. Не ми е првпат да се плашам да чувствувам среќа. Толку голема што те обзема, те остава без ум. Затоа во реалноста не зборувам многу за тоа што го чувствувам. Велат дека среќата ја сака тишината. Но како да сум тивка кога срцево вика на цел глас, секое делче од мене блеска... Да, заслужив и јас да се насмевнам од срце, да заспијам мирно, да му се радувам на денот. Нема да се плашам од среќата туку ќе ја зграпчам и ќе и` се насладувам