Зошто сте толку мизерни како народ,зошто постои злоба во вас. Како имате смелост на една мајка на дете со аутизам да и речете мрзлива била што не го шетала за раце? Ех...Македонијо жално е што имаш вакви сограѓани.
Заборавив дека треба да се заштитам од пролет. Слушам isn't she lovely, шис соу лавли. Љубов, секоја на свој начин посебна и единствена. Обвиена во страв, во исчекување, во негирање... душава што боли од љубов боли. Те сакам душо моја. Од сите љубови, ти си мојата половина, како еден човек. Ќе поминат и овие отоци. И ќе почнам да трчам, да трчам без прекин, за да болат нозете, мускулите, грлото, воздухот што влегува, за да не се угушам во оваа болка. Ќе дојде пролет кога ќе бидеме среќни. Ќе ја чекам држејќи те за рака. Секогаш.
@kravce Ти се воодушевувам на стилот на пишување (изразување). Оддамна немам сретнато некој толку јасно и убаво да се изразува и толку многу да успее да ме допре со секој напишан пост. Длабок наклон девојко За почит си
Многу ми се прости луѓето кои немаат што подобро да кажат од она „Само војска да се врати за вас!!“ секогаш кога личност под дваесеттина години ке направи нешто толку вообичаено како дишење.
Кога македонското здравство го водат арогантни швалерки, А ценетите доктори специјалисти се будат само на повик од партиски штаб, шта речи за нашата држава а не заплакати.....
Имам една тајна која многу ме измачува....а не смеам да ја кажам никому,посебно не на личност која ми е многу блиска и драга,и знам дека ќе ја повредам со тоа што долги години ја кријам оваа тајна,а се однесува делумно и на неа. А пробав да и кажам,не дека не пробав,ама познавајќи ја колку е избувлива,знам дека полошо ќе направам,ми останува да си молчам само,исто како и досега,а неретко се чувствувам мизерно и како најголема лажливка,како со само една тајна,јас да и создавам лажен свет и лажна слика за мене на таа личност.... Години поминаа,тајната остави доживотна трага на мене.... На крајот,само јас го носам товарот и казната од сето тоа....и ќе молчам додека можам Од секогаш се борам за искреност и правда и длабоко се држам до тоа,ама овојпат морав да направам исклучок. Морав...
Емоционалната интелегенција се стекнува,не е вродена.може да се учи и развива во текот на целиот живот..Висока свесност и подготвеност да се работи на себе,наместо да се изразуваат негативните чувства кон околината.Најубавите луѓе што ги знаеме се оние кои се соочиле со пораз, страдање, борба, загуба и успеале да го најдат излезот од длабочините на тагата. Овие луѓе знаат да го ценат, чувствуваат и разбираат животот и тоа ги исполнува со сочувствување, нежност и искрена грижа.Не се злобни луѓето - осамени се.Не се сурови луѓето - заборавиле да љубат,можеби повредени биле и сега не можат да опростат,не можат да заборават,и спречени се да ги гледаат работите какви што се.Огорчени се и ја изгубиле довербата,а само љубов им е потребна за да си ја повратат.Сите ние во животот се соочуваме со разни предизвици во различни периоди.И јас во периодот кога бев студентка бев егоистична,себична,нарцисоидна,.Денес драстично ми е променет животот.Во овие денови на солзи на покајание на мојата грешност се потсетувам колку повредував со својот егоизам,егоцентричност,нарцисоидност,недоволно подарена љубов,и ми е жал за сите што сум ги повредила...во овие денови,солзи на сострадание,.......Нека ми опростат и оние кои ги нареков размазени и колерични темпераменти,сигурно и тие се во цутот на младоста,животот ќе им започне после студиите,кога ќе се соочат со вистинските предизвици,кога ќе треба да се грижат за некој друг,освен за себеси,кога пред себе ќе ги стават сопругот и децата,сега тие сеуште се деца и друг се грижи за нив..Така да опростете,искрено,не лицемерно....
...Егоизамот,сопствената волја е најголемиот непријател на човекот.А љубовта е пожртвована,се отфрламе себеси за ближниот.Луѓето се стремат да имаат,а не да бидат,се стремат да владеат,а не да даваат,не благодарат.Неправилно ориентирани кон вредностите..Ако веруваш дека постои вечност,лесно се одкажуваш од материјалните потреби,не се плашиш од утрешниот ден,придобиваш увереност,придобиваш вера,умереност,скромност,кроткост и за се благодарност.Претпоставката дека треба да сме среќни во секоја минута од животот,во основата е погрешно и раѓа фрустрации,бидејки луѓето стапуваат во состојба на нереален утопичен модел.Животот не е постојана среќа,исто како што не е постојано насилство.Животот е испреплетен со страдание и радост,радоста често доаѓа како награда за страданието,доаѓа како исполнување на некоја задача,од тоа како ги исползуваш талантите кои ти се дадени.Бог се трудел шест дена,а седмиот одмарал.Главно е да не го сакаш тоа што е невозможно и да се радуваш на тоа што го имаш,и на убаво и на лошо,да наоѓаш смисла за се што се случува со тебе.Да го исполниш со смисла секој испит во својот живот.Ако ги отфрлиме животните тешкотии,тогаш ќе ја отсстраниме и радоста.Животот без грижи е исткаен со задоволства,тоа е живот во кој ја испушташ можноста да да се самореализираш.Само опитите проследени со дисхармонија и жртва оставаат трага во битието на човекот,и веќе немаш страв од тешкотиите и страдањата.Кога сакаш некого ти во него активираш сили за кои не знаел дека ги има.Секој човек разоткрива во нас некој друг аспект од нашето постоење во светот.,затоа главно е да најдеш смисла за секое искушение и страдање од кое се соблазнуваш,ако го исполниш со смисла,тогаш ќе најдеш сила и смисла да одиш напред,те поттикнува да мислиш подлабоко......Непријателите ни се сурови пријатели,да им опростиме и да ги љубиме
Минатата недела еден професор од Лондон, обидувајќи се да ни објасне какво влијание имаат емоциите врз психичка благосостојба рече: „Животот е премногу непредвидлив и во тоа е неговата убавина да знаете, зошто само така ги измамува оние кои мислеле дека ги победиле емоциите и го славеле разумот...“ ќе ми остане оваа реченица долго во мене....
Луѓето се раѓаат tabula rasa, чисти, непокварени, без гревови, без лоши одлуки, без да повредат никого, без емоционална свест, само со нивното тело и инстинкт за преживување. И во тој момент почнува некој да ги мрази. Ги мрази затоа што кожата им е црна, затоа што се женски, затоа што имаат еден родител, затоа што не се родиле во богато семејство, затоа што не биле посакувани, затоа што физички се ограничени од нешто. И тоа мало, невино суштество, уште пред да го направи првиот чекор, пред да го изговори првиот свесен збор е осудено на сета таа омраза, само затоа што некој не може да размисли рационално дека тоа бебе не можело да бира како ќе се роди, дека тоа бебе можеби е поразлично од тебе, ама во никој случај не значи дека е полошо. Никогаш немој да осудуваш човек заради нешто со кое што се родил.
Зборови кои не сакам да ги чујам пред празник - Што ќе правите викендов? Ај да одиме некаде заедно! Ноу, ноу...
Празничниве пазарувања ми се омилена семејна традиција. Не поради купените производи, туку поради поминатото време со моите родители. Порано не го вреднував ваквиот шопинг и ми создаваше нервоза. Сега ми создава топлина во срцето затоа што обврските околу подготвувањето на храната ми се омилени. Моментот кога татко ми постојано нешто заборава па допишува на празничниот список ми е ептен cute
Колку само одвај чекав да дојдат овие претпразнични денови и сега сум ептен среќна. Планирам потполно да уживам во празниците.
СДК дека леѓето се повеќе и повеќе немаат домашно воспитување. Го шета детето и дозволува да плука по други поминувачи. Наместо да го прекори со некој збор продолжува да си зборува на телефон и уво не ја боли што и прави детето. Не знам како така, ама ете се случува. Гужва денес на бит пазар, разбирам луѓе Велигден иде сакате побрзо да завршите работа за подоцна да уживате во продолжен виќенд, ама тоа што свирите на семафори и притоа гледате дека полицаец управува со сообраќајот нема да направи да завршите порано работа. Кај свири па уште и пцуе, навистина не знам каде терате вака. Ваква непристојност и некултура немам видено одамна.