Многу луѓе можат да ти посакаат среќа, но само неколку од нив можат да те направат навистина среќен!!!
Не сум од оној тип луѓе што постојано се жали за каква ни е државата затоа што се знае каква е. Но, кога го прочитав ова таков срам ме фати... дно. Ама тоа не ми беше ни првата реакција. Многу ми падна криво за тоа како се чувствувал човекот. Да им на тие копилиња.
Велигден е кога колку и да си ГОЛЕМ мајка ти и татко ти ти купуваат нова облека, а баба ти кондурчиНа. И традиционално мајка ти ти ја раскажува причата од Москва и црвените и бели панделки на киките на косата и белите чорапки до исчуканите коленца. За баба и што и миела лушпи школки (што и да значи ова ама ваљда е за у другата наука).
Непроценливо е чувството на внатрешен мир кога човек знае дека не е сам... Дека има некој кого може да го држи за рака, да му биде потпора, да му биде инспирација за успех, за да оди само напред. Непроценливо е кога човек има зошто да му се радува на денешниот ден, а истовремено со душа да ги чека и следните денови, со претчувство дека ќе бидат прекрасни!
Страшно иритира кога на литургија на некој му ѕвони мобилниот или некои си прават муабет. Ова е крајно непочитување, секој може да го исклучи мобилниот на 2 саата.
Се прашувам кога ли ќе се научат луѓето да престанат да се мешаат таму кај што не им е местото? Сама ќе си дадам одговор-НИКОГАШ.....
Кога и да искачам од Скопје и пасош си носам. За секој случај. Еднаш така ко божем до Ниш, завршивме во Прага. Тру стори. Живот.
Ме јаде туѓ срам кога безобразната колешка на факултет не знае како пристојно ара со професорот. Незадоволна од слабата оценка која ја добила на колоквиумот, му направи една дрска фаца на професорот и на столот се намести во ваква поза пред него: Професорот се вцрвени, никој од колегите не се осмелуваше да рече нешто освен јас, која инаку имам голема почит за стариот професор, и реков да се обиде барем да седне како дама...
Многу планови за наредните денови, многу возбуда и пеперутки во стомакот уште отсега, многу нестрпливост, многу треперење, многу добро расположение Го дочекав денот кога ниедна негативност не успева да ме засегне, кога ниеден лош збор не успева да ми го расипе денот. Имам толку убави работи на кои вреди да останам фокусирана и да не губам енергија на ништо друго. Знам дека се` што правам вреди кога ја гледам насмевката на најсаканата личност во животов. И ништо не е тешко, баш ништо
Меѓу најубавите типови комплименти е она кога драги личности ќе ти кажат дека нешто убаво (песна, стил на фотографии, уметност, добар хумор...) ги потсетило на тебе.
Гледам емисија за реакциите на луѓето кога умрел Тито. Плачат бе луѓе, коси корнат. Притоа мајка ми и татко ми кои биле само десетина години ми кажуваат дека исто така плачеле и тоа од вистинска тага иако не знаеле зошто. Еден професор поодамна исто така кажа дека не знаел зошто, ама се убил од плачење. Па ако не се лажам имале нешто како shrine на Тито во школо и таму двајца цело време стоеле како чувари. На мајка ми тетката требало свадба да прави за неколку дена, ама морала да ја одложи бидејќи цела недела жалост имало. Дел од изјавите на луѓето од тој ден: - Ми се расипа совршено убав ден. - Првпат во животот заплакав. - Јас бев многу тажен, ама жена ми плачеше. (она кога Тито умира ама ти мора да си останеш муж) - Во тој момент знаев дека свое дете би дал за неговиот живот без да се каам. Притоа, секој во куќата имал слика од Тито како икона некоја. Ама чекајте, тоа не било задолжително, луѓето сами си бирале да го обожаваат Тито до нездрав степен. Ако ме прашувате мене, ова е полошо и од Северна Кореја. Замислете да се негува такво општество каде уште од најмала возраст на малите ќе им се наметнува култ кон владетелска фигура. Знам што ќе кажете тие што сте живееле тогаш, среќни бевме, навистина го сакавме, навистина бевме тажни кога умре. Сфаќам, тука лежи проблемот. Не било диктатура туку една нова, стопати поопасна форма на перење мозоци.
Од почетокот на седмицава, на клупа во центарот на Велес ноќта ја преспива велешанката Благојка Малинова. Таа и вечерва Велигден ќе го мине на отворено, под ведро небо, стуткана под неонските светла на блиското казино. Без пари и без облека, неколку дена е оставена сама на себе и покрај тоа што има пензија и блиски. „Таму каде што живеев ме избркаа, поточно жената на газдата. Ме истурка од собата и ми рече да си одам. Таму ми останаа сите работи облека, постелнина. Имам пензија, ми ја земаа и ме набркаа, ама ништо не им должам. Сега сум на улица, од понеделникот. Барам каде да се сместам, да си плаќам кирија но не ме примаат. Ми ја бараат пензијата цела. Јас би си платила колку е киријата, а другото да имам за живот. Имам двајца браќа и тие не ме примаат. Никој не ме сака. Бев во Пензионерски, претседателот Веле ми рече дека немало место. Ако некој умрел и се ослободело, мене ќе ме викнел. Ама јас да не умрам попрво на улица. Овие две вечери беше многу ладно, изѕемнав на клупата“, вели 72-годишната Благојка. Има јасна мисла, здравјето ја служи, освен ревмата и сега без пари не може ниту лекарствата кои ги прима да ги зема. Куќата каде живееше пред шест години, на Габерови во Дворови, една од знаменитостите на Велес, се запали додека варела кафе од плинот и од тогаш е во потрага по кров над главата. Овие неколку дена преку ден е во фризерскиот салон „Марио“, чиј сопственик ја прими, но навечер мора да замине на улица. „Ме хранат тука што се вработените околу, помагаат, јакнава ми ја даде обезбедувањето од казиното. Преку ден сум кај Марио. Не знам кој пат да го фаќам. Не сакам во старечки дом да живеам“, додава Благојка. Нејзиниот татко Стеван Малинов бил борец, учесник во НОВ 1941 година. Таа работниот век го минала во „Ветекс“, а има завршено средно економско училиште, но несреќниот животен пат во староста ја остави на улица, забоавена и искористена. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...-vo-tsentarot-na-veles/#.WskBfiMhxxg.facebook
Како бе тоа идете у црква со кратки панталони, пола гз надвор и со штикли не ми е јасно?! Кај идете во црква или на бал?! Страшна работа човече.