~Мислење инспирирано од истата ситуација што се повторува секоја година.~ Спојлер Пополека почнувам да не ги сакам ваквите празници. Причина- неспособност од страна на луѓево да имаат толеранција и разбирање за различностите кои отсекогаш постоеле во светов. Секоја чест на исклучоците. Ако некој не отиде во црква, а претходно си го искажал мислењето околу религијата, и ќе се најде некоја личност да прашува зошто не оди со така зачуден тон и поглед како да ги колнел до десето колено наназад. Ова прави огромен притисок. Ептен глупаво чувство на неприфатеност, особено од најблиските. Не разбирам како очекуваат со тоа да сменат нечиј став за вакво нешто. Од мое искуство, не зборувам многу на оваа тема, ама кога ете дошло до нешто такво, кога кажав дека не верувам, веднаш добив негативни реакции и критики од одредени луѓе, иако немам ништо против тоа што тие се верници. Непријатно е, ама тоа нема да ме промени како личност. Друга работа е тоа што ако речеш дека не си баш некој верник, веднаш помислуваат дека си атеист. Поимите агностицизам и атеизам голем дел од луѓево ги сметаат за едно исто, што исто дополнително влијание на нивнава нетолеранција и неразбирање на таквиот став. Лично, дури и да отидам во црква, не би се чувствувала пријатно, би било лицемерно од моја страна. Не чувствувам мир и толкава верба како некои верници кога ќе отидат таму и едноставно сметам дека тоа место не е за мене. Без разлика кој го чита постов, дали е верник, агностик, атеист или нешто сосема друго- ВЕ МОЛАМ, имајте толеранција и отворен ум за сѐ, бидејќи сите сме различни, ама луѓе сме. Тоа дали некој верува или не верува во Бог апсолутно не е важно сѐ додека си човек, пред сѐ. Сѐ додека имаш почит спрема другите, сѐ додека немаш предрасуди врз основа на најбанална работа како тежина, физички изглед па до боја на кожа, сексуална ориентација, вероисповед и слично. Прифатете ги другите такви какви што се за да го добиете истото за возврат. Знам дека и на форумов имало многу контрања на оваа тема уште кога се зачленив, не ме сфаќајте погрешно, немам никаква намера да навредам некого. Не се наметнувајте на никого и оставете ги луѓето да бидат она што навистина се.
Mnogu dostizhni,no sepak nedostizhni raboti ima. Mnogu sakame da imame nekoi raboti,sepak tie raboti shto nese za nas kolku i na kakov nacin da se borime,teshko deka bi gi imale za sebe. Teshko e toa malku shto go sakame a go nemame za sebe.
За многу години празникот. Редовно на трпеза јагнешко. Да јагнешко е не е куче на пекиншки спремено ... Легенда:Лајк за јагнешко,дислјк за куче,дури и блjак Обожавам животни,особено расни кичиња и кучки и некој да ги јаде ми е не не незамисливо.
Мислам дека не се многу пријатни и умни коментарите и погледите што ги добивам кога ќе одбијам одење во црква од причина што не сум верник? Не ја гледам смислата да отидам само за да правам друштво некому. Мислев дека луѓето веќе преминале преку тие нешта Како и да е, среќен нека ви е празникот на сите што славите денеска
Никој не ве гледа попреку ако не одите во црква, не си придавајте на важност. Многу ретко сум одела па никој не ме прашал зошто, дали верувам или не или едноставно ме мрзело тој ден од дома да излезам. Среќен празник.
Ви го честитам овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да ја поздравиме Божјата светлина која донесе радост. Христос Воскресе!
Зарем има љубов поголема од љубовта на Бог кон нас, кој синот свој го даде од злото да не' избави и да ни донесе спас? Затоа, да го следиме неговиот пат и со верба во него да го дочекаме секој нов ден... ХРИСТОС ВОСКРЕСНА❤
Ширете љубов, насмевки и раце отворени за прегратки како секој ден да е Велигден, не само денес! Простувајте си, извинете се ако сте згрешиле, имајте неизмерно трпение, давајте го најдоброто од себе. И едно нешто најважно. Молете се на Бога. Тој ја слуша секоја молитва. Тој е секогаш со нас. Овој ден го создаде Господ, за да се зарадуваме и развеселиме во него. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!! Честит празник на сите православни христијани, за многу години.
Животот е најлош учител прво ти го дава тестот, а потоа лекцијата ! Мило ми е, што сфатив каков е животов и што конечно секој ден барам причина да се насмеам, бидејќи до после може да се случи нешто за што ќе бидам тажна. Уживајте во мигот, а на се друго препуштете се!