Синдром на детски комплекс (љубомора). Демек ние веќе играме, а ти ни се приклучуваш среде игра и не ги знаеш "нашите" правила.
Здраво фемина. Човек губи навика за пишување, пишувањето бара организација на мислите. Се почастив со кафе утрово, иако тоа што вистински ми треба се коцки мраз залепени за очиве. Потечена сум, од многу работи. Надополнето со тоа што си приплакувам неколку дена по ред, онака скришно, никој да не види. Не сакав, ама после оваа битка, и ми олесна и се стегнав. Ќе почуствуваш некое мало задоволство, некој миг на среќа, ќе се израдуваш, и како што завршува се виткаат линиите на усните, на очите.. Ми треба рамо, да го гушнам, да потонам во него. Ама страв ми е овие стравови, оваа бол, овие неубавости да не ги префрлам на туѓи рама. И така.. Еве, фемина ми е рамото изгледа. Силно посакувам убави работи да пишувам. Овие 30ти, толку проклети се осеќаат во моментов. Човек мора да има план, и резерва план, и на резервата уште една. Само така можеш да влечеш сила и да опстоиш. Ни кафето не ми се погоди, благо сум го направила.. СДК мислев дека мразам празни муабети, ради реда, онака, ама всушност не ги сакам луѓето со кои ги имам тие празни муабети. Ако се преброиме, ни една полна рака не сме, ама полн ми е универзумот со нив. Убав ден
Се што треба да знаете за мојов денешен ден: Не можам да се соберам и да почнам да функционирам нормално, а веќе скоро е пладне. Ќе си отворам една тема: “Има ли живот после празници?” да си се пожалиме сите на кои денов ни е
Во црните очи на тоа мало мило суштество се пресликуваш ти. Твоите очи прогонувачки со прашален поглед зар и ти? Да и јас,морав така да одлучам и да ја пресечам таа патека на вртење во круг. А можевме многу повеќе и поубаво да имаме,ама и ти допринесе за се а јас го уништив тоа неубаво се. Спомени....,само тоа на сите ќе ни остане.
Легендата вели дека впечатокот на фраерлук оддаден на рандом други учесници во сообраќајот, расте правопропорционално со звукот на турбофолкот/мафијашкиот српски рап рокнат у кола...
Многу е полесно кога одреден проблем го споделуваш со блиска личност, па покрај сослушувањето добиваш совет и неизмерна поддршка. Ништо веќе не чувам во себе. Цела планина ми падна од грб само со еден мал разговор. Благодарна сум што ги имам
За вакви денови вреди да се живее. Вреди човек да се бори, да ја преживее зимата за да ја искуси оваа пролет, и надвор и во срцето Кога на човек му доаѓа да излезе надвор, да вика на цел глас, но од среќа. Да ги прегрне сите, да даде по една насмевка на секого... Ден полн со љубов, сонце, насмевки. Ден полн со надеж, трепет во срцата, пеперутки во стомакот. Велат нема убав живот, има убави денови. Ова е еден од деновите што го прават животот убав. Имам љубов, љубов на претек, љубов што ми го зароби срцето засекогаш и не се жалам. Само нека трае Пресреќна сум и не се срамам и не се плашам да го кажам и покажам тоа.
Zhivotot e ubav,zhivej go na svoj nachin taka kako shto si go zamisluvash i nichie mislenje naka ne ti bide prechka da uzhivash vo toa shto ti se pruzhi.
Хелоу женски! Одамна ме нема.... Се изгубив. Од многу обврски не знам шо побрзо да напрам. Не знам како ми текна да пишам тука. Вака ко ќе си со обврски до врат немаш многу време да размислуваш и да бистриш политики со себе. Во Словенија ми е супер, единственото нешто шо ми недостига најмногу на светот ми е Марли мај бејби. Се враќам често дома само заради него ако ме вервате. Ако решам да останам и ако можам секако, прво нешто шо ќе го направам е Марли да си го земам со мене душата рајат да ми види малце. <3 На темата, како шо врви времето се помалце мислам дека сакам некогаш да се вратам Битола. Тука имам шанса да сум успешна колку шо сакам да сум и да ми се вреднуваат сите овие години шо давам се од себе. И супер ми е Словенија дека не е далеку многу ама не е ни блиску многу хаха. Пример на месец-два си одам дома по 2 недели. Ова далечина ми е океј за да сум оддалечена од најблиските. Подалеку не знам дали би можела. Мислам би можела секако, ама нејќам. Убо ми е да знам дека ако сакам можам утре да сум дома, за разлика од пример тие шо се преселиле во Австралија или Америка итн. Баш совршена дистанца. Да не тупам поќе ојдов да учам за испит. ПОЗДРААААААААААААААААААВ се читаме пак <3
Пригушено светло, ладна просторија, веќе се стемнува. На масата наместо чинија со овошја има кутија полна лекови. Нема каде да ја ставиш, ионака последната преграда од фрижидерот е веќе зафатена со преостанатите лекови. Што за висок крвен притисок, што за болки...Дома повеќе лекови отколку храна, секако најмногу пари за тоа летаат. А се сеќавам порано од пред куќата во село кај баба ми и дедо ми ќе набереше мајка ми трендафили или неколку гранчиња јоргован, ќе ги ставеше во вазната в кујна. На секое поминување ги мирисав. Дете бев, ми беше интересно. Ќе ѕирнев во фрижидерот и ја гледав таа кутија полна со апчиња. За големите е тоа, ќе помислев, тука не чепкав. Е пред некое време не можев да спијам цела вечер, утрото станав задишана чиниш маратон трчав цела ноќ, срцето ќе ми излеташе. Веќе долго време ова се случува, некогаш е многу лошо. Ми даде мајка ми пола апче, од оние што ги пиеја само големите. Си велам зарем дотука дојде... Приквечер ќе слушнев накашлувања или тешки воздишки и тој одвратен звук кога ќе крцне фолијата од лековите. Потоа голтка вода и повторно болна воздишка. На крај тишина, но некако непријатна. Сега џабе и букети и секакви украси на масата, ништо нема да ги замаскира сеќавањата, нели... Како што стареам, сѐ помалку се радувам и на родендениве. Токму на тој ден некако си најсвесен дека стварно брзо лета времето и старееш, ама стареат и тие, сѐ повеќе се полни кутијата со лекови. Кутија велам...секако веќе не е само една. Чувајте се луѓе, навистина среќата не е целосна ако го немате најважното- здравјето.
zdravo sakam da ve prasam koi se uslovi za zapisuvanje na fakultet, jas sum sega vtora i sakam da znam koi uslovi se za da zapisam treta??
Во погрешна тема пишуваш. Сите потписи собрани, плаќаш школарина, предметите за во трета внесени во индекс, Икса плаќаш и уште ако имаш за презапишување предмети и за нив плаќаш по кредити.
Pa mi bese mnogu vazno da znam koi se uslovite, dodeka imam vreme da gi ispolnam bidejki nemam kade da se obratam, i nemozev da najdam soodvetna tema za ova prasanje... Ok.