За жал не на одмор идам само, ама да многу многу сакам да се иселам да ти кажам и јас. Ајде работи на тоа, док сме млади
Само што измив заби.. Сакам ама не можам да ги разберам лугето кои после постигнување на одреден успех во животот како на пример дипломирање на факултет или после боледување од некоја болест е направена успешна операција и се излекувале .. ќе кажат "Благодарение на Господ, успеав .. "Thank you God for this happy moment" Тоа ми дава слика дека постојат луге кои не знаат да се ценат себе си, својот вложен труд ниту пак во прв плат да го стават трудот на другите ( од 2та примера погоре ) Не е битно дали некој е верник или не, сепак треба да постои малце разум како се случуваат некои практични работи. Зарем мора се да зависи од друг ? Малце е наивно кога се ќе се сведе на некоја мистична појава наречена Бог. ( да не бегам од темата дефинирајќи го значењето на зборот Бог, го земам класичното сметање од религиите). - Ако не беа докторите кои ќе ја направеа операцијата или медицината да пронајде лек немаше Бог да ти помогне .. - Ако не ја загрееше столицата да учиш со денови, ноќи и саати немаше Бог да ти помогне да го завршиш факултетот Ја осеќам репликата од другата страна " Ама знаеш како он помага во процесот, постојано е околу нас и се е во негови раце, ние сме само негов продукт и ... " shut up ! Океј Знам дека е многу полесно кога товарот ќе се префрли на друг и кога ќе се ослободиш од одговорност во животот .. Ако сеуште мислиш дека за ова Бог ти помогнал и има контрола врз сето тоа, во секој даден момент, тогаш сигурно додека го читаш ова мислење сметаш дека предходно од Него било стаено у план .. so what are you gonna do now ? Disclaimer: Немам намера со ова мислење да навредам било кој, ниту една индивидуа не беше посочена. Туку најдиректно и отворено се обидувам да го образложам мојот став и слободно да го искритикувам филозофскиот концепт кој е застапен.
Многу убавко си се избањав и преработив денес. Само да сум здрава,се друго можам да постигнам. Конечно почнав да излегувам од таа ужасна состојба.Депресивна или каква и да е,гадна беше...
Che me umrish be zhenoo,che me umrishh Chovek a ti spomene za tvojot taka omrazen kolega deka malku napreduva ili nekoj od negovite bliski,ti sekogash istite muabeti gi kazuvashh. Sedam te slusham i se chudam,ne gledash za takva,ama od dnoto na dushata si rasipana i polna so omraza i zavidlog. Mi se zdosadi od tebe,od sekoj den istite muabeti. Odi vech zaminisi vo penzija zashto kade shto te slusham sekoj den se povekje i povekje nemozham da te podnesam. Mrazam zavidlivi osobi kako tebe,zashto i jas sam neznam.
Мигот кога сфаќаш дека ти не си ништо поразлична од тој до тебе, а сепак не сте исти. Можеби имаш неколку перипетии повеќе или помалку од него, но не сте исти. Очиве ми се насолзуваат. Не знам дали е од пролетта или пак е некаква кулминација на она внатре. Дали сите тие перипетии сега се прикажуваат и на моето лице како што пролетта се исцртува.. Дали и тие како и поленот што го вдишувам ме дразнат најпрвин од внатре па потоа се пресликуваат во стаклен поглед.. Хм Се сетив. Се сетив на мигот кога се чувствував најслободна, најбезтежинска, најбезгрижна, најсмирена. Мигот кога ќе се оттурнев од камената карпа и ќе нурнев во длабочините и темнината на морската вода. И иако беше темно, јас бев бесстрашна. Таа темнина токму спротивно на она што беше во својата суштина за мене носеше само разбистрување на мислите и опуштеност на телото. И кога повторно ќе излезев на површината, задишувањето од минутите минати без воздух не беше значајно во поглед на ослободеноста која ја чувствував. Со телото заспивав лебдејќи на површината на водата, чувствувајќи како ветерот нежно ме занишува додека уживам во топлината на сончевите зраци. Тоа беше миг на слобода, целосна слобода на телото и духот. Веројатно во тој миг и грижите лебдеа некаде над водата, заедно со мене, но не во мене. Уживајќи во слободата која им ја дадов отпловуваа некаде далеку без мое знаење, но на моја среќа. И ова лето ќе биде така. Ќе видиш дека зад сите овие дразнења на очите, телото и душата ќе следува дразнење на стомакот со болка од искрена смеа. Ќе видиш дека зад сите овие дразнења ќе се крие нешто убаво, нешто со полетен мирис и енергија. Слично како што кивањето од поленот го навестува будењето на пролетното цвеќе, така и овие дразби носат нешто ново. Само имај трпение. Малку трпение
Конечно Владо Јаневски ќе има концерт. Многу, многу сум среќна, го обожавам човекот, се надевам дека ќе одам.
Не паметам кога последен пат сум се изназборела како денес со фризерка. Трач муабети не сакам затоа и најчесто си молчам ама девојкава ме изнасмеа со глупости, in a good way & she made my day Новиот фриз секогаш подобрува расположение:
Ако некој не сака насекаде и пред секого да се расфрла со некој тип искуство или аспект од животот (социјален, љубовен) – не значи дека ви дал вам пенкало и право на имагинација за гласно во своја верзија да му го пишувате пред други, или пак да претпоставувате дека воопшто и го нема. Луѓето треба повеќе да учат и да се воспитуваат дека интимата и интимноста не постојат само во физичка и телесна смисла, и дека голем дел од целокупната култура и интелигенција на една личност е она колку си дозволува да чепнува до приватноста на другите во зависност од тоа колку е блиска со истите.
Кога ќе седнеш на кафе или ќе ти се јави мајка со дете кое е врсник со твоето и почнува да те бомбардира со прашања а воедно и одговори поврзани со нејзиното дете од типот: - Почна да збори нешто? Како бе не, моето одамна кажува многу работи. - Реди сложувалки? На моето му купив со разни бои, леле од прва знаеше да ги нареди. - Му даваш благо, смоки и тетрапак сок? Аааа не, јас на моето само здрава храна му давам, домашни јајца и мевце, посебно за него готвам, несмее да јаде прженици и запршки. - Му даваш млеко да пие? Како бе една чаша, моето минимум по литро пие во денот, мора да му даваш така и на твоето. - Го видела на слика моето и вика дека е само слатко, а не убаво дете, ама нејзиното лепотан, најубаво дете имала. Ќе го види нешто како прави, фрлило играчка, викало чао, играло на музика и одма муабет лелее и моето исто вака прави одамна. - Од кај му купуваш обувки? Јас само цицибан и најк, нема шанси шкартоина да носи. Сите деца се убави, мили, паметни и интересни на свој начин. Биди најмајка за своето дете, давај го најдоброто за своето дете, не за да се докажеш на околината и за да по секоја цена покажеш дека ти и твоето дете се подобри од другите или најдобри.
Покрај пропуштањето на многу родендени, излегвања, фамилијарни веселби и други дешавки, си ја пропуштив церемонијата за доделвање на дипломите. Денес дознав дека ќе си ја пропуштам и 5 години матурата............ Ова е најлошиот дел од живеењето на друго место. Баш ми се одеше.
За некого пролет е радост. Седење на трева, куп цвеќиња по куќа, радост на се што е зелено. За мене пролет е шмекање со полен, врв на возбуда- јака кивавица, болно грло, куп паломи капки и лекови. Една вазна лалиња и таа ќе си ја преплатам.
Ги обожавам луѓето кои умеат да ти кажат "те сакам"," те молам","извини","ти благодарам","прости ми". Да,бидејќи како да губат на вредност овие зборови. Луѓе,не е ништо страмно или страшно да се извините некому,или да му кажете дека го сакате....
Сакам да кажам брат брата понекад не трпи ама тешко кој му фали. Или си посакувам да се смириме на денов, таков е.