Има и друга крајност на ситуацијава - такви што фино си се изнасмеаја на видеото. Ова е страшен проблем. Воопшто не се реагира на насилните девојки низ училиштата, се смета како несериозна и смешна работа (секако поради скриен сексизам, демек што може женско да ти направи). Жив пример е мојот класен кој како интересна приказна на час почна да кажува како некоја девојка ги шамарела и малтретирала машките. Тоа било константна ситуација, а ниту тој, ниту некој друг не реагирал. Зошто? Бидејќи тие што ги тепала не се жалеле. Кога прашав зошто одговорот од класниот беше ,,ееј ти па, замисли машко да оди кај директорка и да се жали дека некоја девојка го тепала", што беше проследено од бран смеење и мојата желба да се фрлам низ прозор. За да биде работата потрагична, човекот предава социологија.
Рекламана за пуц пуц толку е заразна што отидов да си направам пуканки Значи толку промашен концепт за маркетинг немам видено. Нит се рекламира што е пуц пуц туку пее убаво звучи. Ми делуваат како чоколатца ама не знам точно што е.Важно ќе се јадат пуканки
Старите рекле изброј до 10 и после направи нешто,ама за жал нас тешко ни е да изброиме,па го избираме секогаш оној другиот непромислен начин на постапување кон околината....
Суеверниот страв од петок 13-ти си има и медицинско име: FRIGGATRISKAIDEKAPHOBIA Никогаш не е доцна да се лечи човек ако го има стравот од ова суеверие.
Понекогаш посакувам да сум приглупа. Да ги терам деновите колку да се бројат. Да не ми пука умот со двеста анализи и среќно да сум си задоволна со баналниот живот. Ама не...морало да патам со опсесивно-компулсивни пореметувања, да ја оптеретувам психата со бубачки кои сама си ги произведувам и размножувам. Па уште и да ја поседувам доблеста да се грижам на никој да не погрешам, за да истите покасно те акнат од земја со два збора. Деновиве сум меланхолична, ме тепаат немири, ја нејќам пролетта. Се чудам како сите зрачат овие периоди, а јас одвај ја очекувам другарка ми Есен. Со неа сме погодени. Таа ми ја лади душата. Таква сум, топла, вжештена, прегреана која копнее по студено ветре. За храбрар и оптимистичен човек како мене, тешка и мрачна е една пролет...
Надвор ми е најубаво кога одам чекор по чекор покрај липи, силно вдишувајќи го нивниот мирис; кога дува ветре и ми ја расфрла косата на сите страни; кога паѓаат ситни капки дожд а јас без чадор ги пречекувам врз себе; кога во тмурен и облачен ден се наѕира сонцето и ги пушта своите зраци колку што може а јас врз себе ја чувствувам нивната топлина и како ме гали; кога во ноќ паѓа ситен снег, снегулките се испреплетуваат во мојата коса, а ноќта од таа белина добива друг лик; кога е доцна летна ноќ а сеуште е топло; кога чекорам низ паднати есенски лисја; кога сѐ околу мене мириса поубаво од најубавиот парфем, мириса на јоргован, на цутови, на цветови. Па се прашувам: Ако тука е толку е убаво, како ли е во рајот?
Цела недела се мислам како да објаснам колку е неважен некој во мојот живот и ми текна: неважен е колку онаа мала грда жолтеникаво/сиво/зелено смрдлива бубачка што личи како голем крлеж. Од време на време сакам да ја гледам од надворешната страна на стаклото како во грч се обидува да влезе ама јбг јас не попуштам. Лоша сум? НЕ! Почнувам да си се разгалувам и да си се радувам на успехот дека некои работи ќе се променат. Кога - тогаш!
https://www.facebook.com/izborkocani/posts/231035187634997 Сакам да кажам.... продајте еден пар чевли и платете некое девејче без попуштени вени и испукани капилари, со добра депилација и педикир да ви ги рекламира чевлите.