Она кога скролаш по инстаграм профил од некој рандом познаник и случајно му лајкнуваш слика од 2015 .
Пролетни мириси на природата и џагор на деца кои најрано и најинтензивно почнале да уживаат во пролетта... Кој вели дека не постои такво нешто како времеплов?
Мрзливо попладне по дома па и миризливо на балкон и од пролетни и од ручек-подготувувачки миризби Имам чувство дека е почеток на јуни а тек је април почео Топло не трпам,само ме радува дека започнува сезона на бањски туризам
Среќна сум. Празник ми е на душава. Враќајќи се накај дома попладнево, ги впивав сончевите зраци во мене и само мислев на тоа колку сум благодарна за тоа што го имам сега, денеска, во овој момент. И ништо друго не ми е потребно. Само нека остане вака, баш како што е
Zelbite na lugjeto se kako zakonite, duri I da gi opises najperfektno mislejki deka nisto ne si zaboravil, sekogas zivotot ke ti go sklopi seto toa sto si go posakal so odredena falinka taka da da sfatis ustvari deka zivotot sekad ke ti najde dupka u zakonot Ke ti go ispolni seto ona sto si go posakal I ke ti pokaze deka ne go sakas, zivej so edna edinstvena zelba, da bides srekjen.
се изгубив самата себе....мислите хаос,се трудам да се соберам ама штом направам еден чекор напред се враќам три назад....ко сите сеништа од минатото да се вратиле да ме прогонуваат...луѓе кој што никогаш не ме запознале се трудат да ме оцрнат,повредат.....страшен период,нека помине веќе дпволно беше...
Колку долго време всушност се обидувам да се втопам во толпата? Толку време ми требаше да сфатам што правам со себеси. Ако некогаш кревав глава горе, онака како некоја гласна личност, кога почна да ми смета луѓето да ме гледаат? Кога почнав да посакувам да станам невидлива? Има моменти, како оној период на почеток од љубовна врска, на заљубување, кога толку силно сјаат очите што се е всушност замаглено, сликата е всушност потполно нејасна. Ниту ја забележуваш добро личноста, ниту што се случува околу тебе. И во таква фаза на заспаност, всушност многу добро се осеќаш. Има такви моменти и кога не си заљубен. Кога едноставно се замаглува се околу тебе, и си среќен. Среќна, со волја, со крената глава и желба да се одвоиш од толпата. Штета што траат толку кратко, или не толку долго колку што трчаат бавно нозеве. Не знам... да не го користев статичниот како закачалка наместо за вежбање, можеби ќе бев побрза. Да ја дочитав книгата, наместо да пишував овде, ќе бев побрза. Да го направев планот, наместо да ги раздвојувам илјадниците идеи, ќе бев побрза. Да бев одлучна. Ми недостасуваш. Те сакам. Те чекам. Ќе биде во ред. Ми недостасуваш. Те сакам. Ќе дојдам. Ќе бидеме во ред.
Сакав да го кажам во хумористична смисла. Не го земај здраво за готово. Секогаш значи има некој што ќе искоментира контра... Боже...
Бев на брдеј славје дома кај бебе. Седиме са и одеднаш ко фате да ме чеша околу предело измеѓу батакон и гзо леле кај најде сега бе?Кај да се чешам луѓе има ќе изгледам ко свињетина.Ружа кравата. Чеша паленото јас во мозоко си велам дај почешај се самото некако бе. После некое време прекина нагоно за чешање. Абе карневал. То не е се бе луѓенца... Некни наместо гаштине да ги фрлам во корпана за алишта јас отворање тоа капако и џврц фрлам у шољана... И чистите чорапи наместо на мене во корпата за алишта... Излегвам од дома и тато да заклучи,јас застанвам се крстам пред него... Дефинитивно ни чичко ви фројд неа лек за мене...
Киви јадам тебе сањам. ********************************************************************* Долг е патот до таму а уште подолго е враќањето. Не се надевам дека ќе успееме, но тоа зависи од тебе. Јас ќе чекам.
ЉУБОВ ... - детска, платонска, прва, тинејџерска, невозвратена, невозможна, забранета, лажна, родителска, пријателска, другарска.... ЉУБОВ - збор на кој ниедна придавка не му доликува, збор кој сам по себе зборува и кажува доволно, премногу. Кога е ЉУБОВ - само ЉУБОВ се пишува, изговара и слуша, а пред се - се чувствува...
СДК дека не ги разбирам луѓето кои очекуваат да имаш ист однос во работна атмосфер и кога си излезен со друштво. Само затоа што сум сериозна кога работам нешто не значи дека не сакам да се опуштам кога ќе излезам негде надвор, не значи дека не знам да се насмеам или нешто слично. Или во обратен случај ако се зезам надвор и дека за време на работни обврски ќе се зезам.
Ако нешто автоматски може да ми го расипе расположението тоа се ненајавени, непоканети и непланирани гости. Посебно во недела Кога се прават наудрени и не се јавуваат да те известат дека планираат да дојдат, вака заслужуваат да им ја треснеш вратата во лица, ама ај... Слабо осет