Секој има свој ментален матрикс.Прашањето е дали сака да излезе од него.Можеби проблемот околу вечниот живот само околу тоа се сведува.....Во трпеливо исчекување на The Matrix 4 и 5 ....
Жално. Жално што морал да објави на ваков начин, а уште пожално е што e ХИВ позитивен. А најжално е што сидата ги погодува најмногу геј и бисексуалците. Според статистиките во САД тие се само 2% во општеството, а 70% од сите новозаразени со сида се геј или бисексуалци. Ова се должи пред се заради честото менување на сексуални партнери кај геј популацијата. Според едно истражување, половина од геј мажите имале над 500 сексуални партнери, една третина помеѓу 100-500, а над 90% барем 25 партнери во животот. Овие бројки се шокантни и алармантни и не треба да бидат табу или да ги премолчуваме за да не бидеме етикетирани како „хомофоби“. Напротив, треба да се подигне свеста кај геј популацијата како превенција за ширењето на сидата помеѓу нив. Ако навистина ни стало за оваа ранлива категорија во општеството, треба да ја подигнеме свеста за ова. За да не си помислите дека горната статистика важи само во САД, во 2014 кај нас беше објавено дека од 11 новозаразени со сида, 8 беа хомосексуалци.
Да се надоврзам, за истово сакав да пишам денес. Зошто ранлива категорија? Па нели се како сите нас? Кончита не живее во земја каде што ова е табу. Напротив, излезе јавно да охрабри се што е транс и сл. Мене не ме чуди веста воопшто. Жал ми е, ама .... "Што ќе си сееш, тоа ќе си жнееш". Не е хомофобија, не постои таква фобија. Тоа е измислена фобија, да се одбранат горенаведените во твојот пост од луѓе кои не ги подржуваат. Од страна на верник знаеш како гледам на ова, претпоставувам и ти така гледаш. Неприродна појава каде што не е чудно што се соочуваат со вакви "удари".
Па не се баш. Хетеросексуалците се 98% од општеството, а само 23% од новозаразените со сида се хетеросексуалци. Геј и бисексуалците се 2% од општеството, а дури 70% од новозаразените со сида се геј и бисексуалци. Оваа драстична диспропорционалност се должи на горенаведениот промискуитетен начин на живот, каде што тие не се врзуваат во моногамни врски, туку менуваат по стотици сексуални партнери. Затоа тие се ранлива хатегорија, бидејќи сидата најмногу ги ранува нив и затоа треба да им се помогне.
Сакам да кажам дека, не сум човек на кој му е грижа подалеку од својот двор. Ама, ако на некој му треба разговор, сослушување - тука сум. Е сега стигам до категорија на луѓе кои ми одат на нерви. Луѓе кои се жалат за ситници. Проблемот не е нешто вау па да прашам нешто за човекот да се отвори, ама се обидувам. И океј си разговараме и ме прашуваат за совет, поточно ми се жалат и ме прашуваат за совет. Нормално дека преферирам нешто, ама се обидувам да не советувам (сем на форум каде не водам разговор во теми во кои советувам), па заедно стигаме до некој совет. Пријателов пресреќен. По два дена се гледаме пак и ми се жали за истата работа, сосем заборавајќи дека веќе сме зборале, со исти реченици дури, како да ги учел/а на памет. И јас реално, си кажвам ако ми смета нешто, и потсетувам што уствари тој/таа решил/а, па ми кажва дека изумила и со сосем исти реченици ми се жали. И вака неколку дена ова оди во круг дур истечи рокот да се реши проблемот, за кој не прави ништо да го реши. Па сега се думам дали можеби човекот имал подлабок проблем до кој не стигнав, или ... Едноставно проблемите си ги користи да се најди во муабет зошто имам забележано дека најчесто ваквите личности зборуваат поќе од што јас можам да слушам. Иако сакам да верувам во првото, знам дека е второто зошто ова трае од секогаш, само да се збора. Две личности имам такви во животот, машко и женско. Еднаш кога се најдоа на кафе кај мене во исто време, сосем не очекувано, јас зедов лаптопот меѓу нив и серија гледав. Не е возможно да стигнеш до збор кога темата се менува во минута зошто ако нема што да се кажи на претходната одма се менува на најблиската иако другиот ти кажува нешто сеуште. Сакам да кажам дека, не сакам карање, ни пак здрвеност, туку фер и пријателска дискусија. Имам забележано дека на форумов луѓето се закаруваат ако некој нема исто мислење, ама замислете да познавате некој кој постојано со сѐ се согласува. Повеќето пријатели се discussion worthy, ама дел ... Еднаш, одамна, кога прв пат почнав да забележувам дека со се се согласува, почнав да зборам глупости кои не прават смисла и добив "Е да, така е". Зборав со татко ми на темава ми вика дека со согласување ја добива довербата на соговорникот ама према мене само губи свое јас. А покасно дознав дека сугестибилност е во прашање. Еднаш со истиот човек, еден е, зборав како сакам Самсунг телефон, кој тој тврдеше пред тоа дека се најлоши. Веднаш поправи дека се добри и по недела дена преку друг човек слушнав дека Самсунг ќе земал. И го прашав, зошто знам дека неќи, ми рече само дека сум била во право. И јас не ни кажав зошто мене ми се допаѓаат, едноставно ми се допаѓаат. Нема право- не право во сакам и неќам. Не стигам да кажам зошто ако некој одма се согласи и прифати или механички клима. И не е ова со мене, ова е вака со сите кои ги познаваме и двата, за другите кои не ги познавам и не можам да знам. Дали ми гази на нерва? Да. Колку и да неќам да признаам, колку и да не се познава на форумов, јас сум нервозен човек, дури и агресивен. Особено кога давам цело мое внимание на пријателите, а тие не го ни земаат сериозно.
Сакам да кажам дека е чудесно кога разговараш нормално со тој што си го сакал повеќе од себе, и кога знаеш дека животот продолжил за двајцата, дека дошле нови емоции, нови луѓе, нови случувања и дека никој не сопрел, не застанал да го сопре другиот и да рече: „Не, не сакам без тебе, ме чекаш ли...“ Чудесно е кога знаеш дека некои луѓе не се љубов, туку лекција и баш со нив може да зборуваш за исчекувањето на таа љубов и за кртериумите кои сме си помогнале еден со друг да ни станат појасни.... Чудесно е кога ќе замине љубовта, омразата, болката, желбата за одмазда... останувате ти и некој човек, ама само човек...непознат
Треба посебен психолошки поим да се измисли за идеализирањето на минатото од страна на некои личности. Не носталгија, туку она банално мрчење во секоја можна прилика дека луѓето се испорасипале и сѐ оди во неповрат... Мех!
Моментот кога наутро се будиш што порано зашто не сакаш да го губиш времето во спиење. Не сакаш да пропуштиш ниту еден миг, да чувствуваш, да сакаш, да се радуваш... Зашто, конечно, реалноста е поубава од секој сон.
Скоро ја гледав најновата реклама на Хајнекен која беше обвинета за расизам. Ако не сте ја гледале, ова е кратката содржина: Девојка пие бело вино и се мурти, нешто не ѝ е по кеиф. Шанкерот ја приметува и пушта една флаша Хајнекен да се лизга по шанкот. Флашата одминува една девојка потпрена на шанкот, еден блуз музичар, една манекенка и застанува кај девојката со виното, при што се појавува слоганот „Sometimes, lighter is better“. Рекламата завршува со текст кој објаснува колку малку калории има Хајнекен уствари. Ако се прашувате каде е расизмот у муабетов, да додадам дека девојката со виното е со светол тен, а типот и другите две девојки се црни. Ако сѐ уште се прашувате каде е расизмот, тогаш сте на слична мисла како мене. Особено затоа што девојката со виното исто така не е белкиња, а шанкерот личи на латиноамериканец. Прашањето ми е – дали е рекламава стварно расистичка или па сите кои од целата приказна се сконцентрирале само на бојата на кожата на учесниците се оние кои се расисти, барем на некое потсвесно ниво? Можеби подобар начин за намалување на расизмот и дискриминацијата во генерала е едноставно да прекинеме да ги перцепираме луѓето според бојата на кожата, наместо да броиме колку раси се појавиле во некаква реклама, да анализираме кој во каква улога бил и да бараме подеднаква расна застапеност и рамноправност во нивните улоги во истата. Затоа што стварно се осеќам глупо што прво треба да направам racial profiling на нешто, за да можам да проценам дали истото е расистичко. У превод, морам да бидам расист за да не испаднам расист. И патем, зошто на никој не му засмета тоа што модел во рекламата за ниската калоричност на Хајнекен е жена?
Дел од овие хронеркиве тотално забегале.. Дали тоа хроното на некои им ги суши мозочните клетки Читам прееска - дали може моето дете, 1 годинка е, да го хранам по хроно? Оди мори жено лечи се.. Секта е мал збор
Пa тукa и не требa бaш мoзгaње. Пoминувa пивoтo низ црнци, стигнувa дo пoсветлa девoјкa и вели лaјтер ис бетер. Хелoу, oчигледнo е
Да, ама треба да имаш расистички мајндсет за да приметиш дека пивото одминува црнци и стига до посветла девојка. Значи, мора да си расист за да го приметиш расизмот и да се побуниш против него. Тука лежи зајакот и - иронијата на муабетот. Иначе озбилно, зашто жена е у фокусот на реклама за нешто со помалце калории? Само клада е лек за сексистите од Хајнекен!