Мене од вчера ми почна викендов. Прекрасно поминат ден и ноќ и допрва следуваат само такви и никако поинакви. Доволно ми е одредена особа да е постојано до мене и светов е мој !
^ Vitomir, колку си само во право. Премногу комплицирање, правење слон од мравка и погрешно толкување на работите, уште толку ни го отежнуваат животот. Еднаш напоменав дека кога сакаме промени во својот живот, потребно е да почнеме од себе, па потоа се` ќе се среди и ќе си дојде на свое место. Јас веќе почнав. Почнав од себе. И верувам дека ако се променам себе ќе можам да променам уште многу други работи. За почеток, го променив начинот на живот и воведов нови навики кои влијаат и на моето здравје и расположение во целост. Подоцна следи трансформација на некои други работи. Ќе елиминирам и ќе се трудам да игнорирам се` и секој кој сметам дека негативно влијае на мене,и на тој начин ќе се ослободам од негативната енергија, а ќе се фокусирам на работи и луѓе кои ги сакам и ме прават среќна и исполнета. Се надевам ќе успеам. Но, најважно од се` е да се чувствуваш добро во своја кожа. Мали промени се во прашање, но значајни.
сакам да кажам дека сега сум нашколо ( од тука ви пишува :geek: ) и дека следниов час ќе праам тест по математика .. држете ми среќа оти ништо незна аааа... незна шо се дешават на час појма немам .. учев дома 3 сати па сега да видиме што ке добијам ..
Денес е роденденот на дедо ми.Мајка ми му купи голем часовник за да ги гледа бројките.Тој беше пресреќен покрај сите нас,беше среќен што сите внуки сме му тука на куп и само се смешкаше.Цело време не прегрнуваше... Ние му велевме до стотка да тера,дај боже да си е жив и здрав и со баба ми да си го изживеат животот до стотка. Ах колку ми се интересни и двајцата ,по 64 год. брак сеуште се сакаат како што се сакале,дај боже сите вие да имате таква среќа и сите внучиња да ви трчкаат наоколу .
СДК... Не сум таму, сеуште, но се движам... Полека, полека, со мали чекори секој ден поблиску до целта. Секој ден е мал предизвик кој треба да помине најдобро што може, со најголем успех што може да се постигне, за крајниот резултат да биде фантастичен. А целта не ми е да освојам симпатија, да ослабам или нешто слично. Целта ми е да станам подобра личност, да успеам во образованието, во кариерата, во создавањето на мојата иднина. Во создавањето на нешто по кое ќе се знае дека сум била тука, сум постоела и сум го дала најдоброто од мене. Нешто што освен мојот, ќе го промени и животот на другите. Сонувам за денот кога ќе застанам гордо пред родителите, саканиот, пријателите, па и непријателите, ќе се насмеам и ќе речам, УСПЕАВ! Ќе знам дека не сум го потрошила животот напразно, туку сум создала нешто што вреди. Ех тие мои соништа
Flappy bird - суицидна птица што кине живци и пак ја играм. Тоа е, како да немам други нервози па се занимавам со тоа. П.с денес уште еден пар непотребни штикли си купив. Како да одолеам на попуст?
Среќа е денов! Денот поминат на високи потпетици дефинитивно секогаш ми е поубав. Си го искористив сонценцето денес, излегов порано од работа, милина беше, наочарки, кафенце, сонце... Си се подновив и си отидов дома. Викенд е луѓенца, let's rock!
СДК.. Добро бе деца што мислите дека ако имате наполнето 16 години сте најмудри,најдобри,НАЈПАМЕТНИ? На 16 години да стапиш во брак - ЗА МЕНЕ ТОА НЕ Е НОРМАЛНО!! Навистина неможам да замислам што вие мислите,имате доволно години да донесувате толку важни одлуки во животот и да се сносите со последиците од нив? Да се биде во брак не е мала работа,најпрво УЧИЛИШТЕТО? Што со него? А потоа сите тие работи кој ги носи бракот со себе. Следуваат деца,некој треба да се грижи за нив да ги воспита, ама како да ги воспита кога самиот тој не размислува како што треба? Способно е едно 16 годишно девојче да се грижи за себе(едвај) а не па да чува дете .. Абе чудо се ДЕЦАВА! ДЕЦА ДЕЦА ПРАВАТ -.-
Barbie20 тоа што си решила да промениш некои работи кај тебе,тоа покажува дека си зрела личност,само таквите личности секогаш од себе ги почнуваат промените,а не гледаат другите да ги променат,инаку општо познато е све зависи од нас,како ние гледаме во животот,да не се повторувам со веке многу познатата изрека какви мисли таков живот,што посакуваш тоа привлекуваш,во секој случај честитки од мене и не се предавај биди упорна и верувај животот ке ти се смени на подобро. Ти посакувам све најубаво
...Жената не е како што треба (тоа е заради неубавиот живот што го имала во минатото) но сепак е свесна и колку толку грижлива мајка ... има 2 дечиња едното од оваа година почна во школо да оди ... Жената има многу добра душа, и убав лик но како што кажав мачењето од минатото го направило своето. Лузни,секогаш насолзени очи,борбата за секојдневен опстанок. Ја знаеме сите и и помагаме кој некоја блуза,алишта за децата ,греота е да одат голи и боси на овој студ... Прилично е млада и како секоја жена гледа да се дотерува но дотерување во нејзин стил,секако таа не е ни прошетана некаде,не осетила никогаш нешто убаво во животот ,нешто што и пружи убавина и задоволство, ни па разменила мислење со други затоа што сите ја гледат со потсмев уствари тие што не ја знаат нејзината состојба ... Многу е осетлива и искрено мене многу ми е грев за неа ... мажот и не се замара за ништо,без работа и двајцата но колку можат се снаоѓаат... Некој и дал чевлички со малечка штикличка и еве ја доаѓа кога ја видов се и се насмевнав а таа облекла едни фармерки видно големи но нема врска како и да е беа чисти и тексес палто ,ташничка и чевличките се средила колку можела,се гледа дека се потрудила .... Каде одиш Марина ? -и велам јас Еве на училиште детето има родителско па да видам што ќе ми кажат -ми одговара Каква и да е како и да изгледа таа сепак се грижи за нејзиното дете кое е премногу немирно Тргна да оди и и се скрши штикличката и застана ... имаше многу луѓе и беше срам да се подмрдне ... колку ли само во незгодна ситуација беше ... ми падна многу грев за неа,со наведната глава стоеше и само разгледуваше наоколу ... а сите што сватија што и се случи се смееа на глас Колку ми е грејно и неубаво така кога се смеат за глупости и тоа возрасни жени ... затоа што тоа беше пред нашата порта и кажав да дојде кај нас Дојде и и кажав дека имам некои чевли што сестра ми не ги носи дека се нејзин број и и ги дадов ... Колку само се израдува не престана да ми се заблагодарува и ми вели: знаев дека ќе се скрши но немав други немам на нозете што да облечам едвај се движев со нив ... Замина Колку убаво се осеќав само. Сега си доаѓа мајка ми дома и ми вели : Марина плачеше пред малку надвор ја сретнав Замислете кутрата женичка плачела затоа што наставничката на нејзиното дете и се исмеала дека како и да се облечела она била истата жена ... колку и да се грижела за нејзиното дете тој немал да се поправи затоа што не бил убаво воспитан ... Какво однесување е оваа Срамота ,срамота школувано просветно лице со зборови да повреди една толку нестабилна жена која што е премногу осетлива и ранлива ... А не само Марина има многу такви луѓе кои што секојдневно се мета на таквите неприсебни луѓе што се исмеваат на туѓите недостатоци ... Ах посакувам да не постои поделба помеѓу луѓето,сакам да нема богати и сиромашни сите да имаат исто ,сите да го имаме онаа основното за живот,чесна работа и убава живеачка ... но сепак тоа немада биде никогаш ... некои не знаат како да ги потрошат своите пари, а другите ќе тонат во проклетата сиромаштија молејќи за парче леб за подобро утре ....
Чудни сме ние луѓето. Стално сакаме нешто што не може да го имаме, а на крај ние страдаме. И кога веќе сите ќе ни кажат да се откажеме од тоа нешто, ние уште повеќе го посакуваме. Па ајде докажи дека грешиме! Добра особина е да си упорен, да целиш кон твоите соништа. Но доколку нешто е невозможно треба да се откажеме. Убав ден беше денес, сонцето е повторно овде. Време е за нов почеток.
Доколку на местото од прекрасните, надворешни, исполирани изгледи на луѓето, на надворешноста се гледа карактерот, светот би бил полн со многу, многу грди суштества.
Тоа е животот,секој се бори за нешто.Американецот можеби се бори за нов Јагуар во гаражата,а Африканецот за бунар во селото,животот не дели на сите исти карти,а многу е важно како ќе ја одиграш партијата со оние што ги добиеш.
Ги имам најдобрите пријатели и некогаш се прашувам со што ги заслужив. На моменти ми ги исполнуваат и најдлабоките празнини и ги обожувам кога се радуваат за моите успеси како да се нивни. И така, и последниот испит пред некој ден откачен, пријава за магистерска при крај, уште да не ми фалеше пријава од лани супер ќе беше. Документи за виза малку по малку се собираат, се повеќе и повеќе се прилижуваме до моментот на вистината, ај ем со ексајтед анд ај џст кент хајд ит. Плановите се сковани уште да се остарат. Посебно сакам кога некој ми ги почитува плановите и е свесен за туѓите обврски, пред некој ден еден асистент ми ја врати надежта дека не се сите себични егоцентрични ѓубриња. По малку и признавав дека ми фалат оние предиспитни недели, оние пеперутки во стомак и неизвеснот, блага возбуда, заеднички учења и по 12 часа пред ипити и непроспиените ноќи. Јас сум проклет носталгичар, тешко се привикнувам на промени и овој студенски живот проклето ќе ми фали. Дефинитивно најубавите години од младоста. Вечерва назравувам за тоа, со истите луѓе со кои ја започнав оваа студенска приказна и ја привршувам. Како слика од пред и потоа ми доаѓа пред очи, какви бевме пред 5 години, какви сме сега. Променети, но сепак длабоко во себе тие сме истите будетинки како на 19 години.
Мислам дека како што повеќе се развива технологијата,така луѓето стануваат се поглупави. Забележувам дека најчесто на помладите видиците им се многу стеснети.Никако не се интересираат за нешто повеќе,да научат нешто ново.Ме иритира и кога некој ќе каже,независно која возраст е,"верувам само во она што го гледам".Зошто толкаво ограничување на мозокот,не сфаќам? Не декa технологијата е нешто лошо,но повеќето навистина не знаат да ја искористат и воопшто не се трудат,еве на пример во школо некогаш ќе ни дадат некоја тема за домашна што е навистина од општа култура тие веднаш за интернетот се фаќаат.Во мој клас има деца што сеуште не знаат да читаат правилно!Осмо одделение сме,ало!Составите кои ги пишуваат на час се на ниво на дете од 3-то одделение.Не знаат да се изразат,тоа најмногу ме нервира! Тоа сакав да кажам .
Ова моето лудо куче се заљубило.Цела недела беше тажно,не си играше,денеска дојде кучката на другарка ми и ова почна да скока.Ама оваа изгледа не го ферма многу многу,еве сега си отиде,овој квичи и завива,цел е депримиран Ова е чист доказ дека и тие имаат емоции,дека и тие чувствуваат болка. Не му е лесно на кутриот,се надевам ќе се утеши некако... Баш ваков е