Сте биле во тој момент кога некој ќе ве гушне толку силно, ќе ви каже дека ве сака и ќе ве бакне во чело? Ни јас.. Се мислам дали е побитно да бидеш сакана или посакувана? Не очекувам принц на бел коњ, само сакам личност да ме разбира и сака(добро де, и да биде убав, да слуша мој тип на музика) . Тоа сакам. Да ме сака, да прегази гордоста. Некој што ќе е како "fuck it all, тебе те сакам, единствена си". Ми фалат прегратки, се гушка некој онака.. ради реда и само за да се покаже дека му значиш? .. Ќе одам да се удавам во солзи.. лажам, ќе одам да јадам сладолед и да гледам романтични (патетични филмчиња).
Многу ми е убаво кога животот ти носи позитивни работи во животот засега све ми оди добро,љубовта ми е одлична,работата исто,пријателите се секогаш тука за мене,нема никој да ми верува знам ке помислат дека се фолирам,но боли ме брига кој што мисли,јас сум најсреќен дечко
Ден на Власите било денес. Епа ај да си останете скржави. П.С. Мојата најголема љубов ќе дојдеее. Цела ноќ ако биде буден ќе си седам со него. Аах, и утре ќе бидам среќна само поради него.
Најсмешничко ми е така кога некој мисли дека не знам дека ме чита на фемина и дека знае дека јас сум Лилит. Бре... чудо големо, па не те ни прашува, не ти ни кажува. У случај да не се уплашам па да не не си ги пишам тајните,нема да се забавува. Туф, туф, туф. А по муабетите што ти ги тера, суптилни и тоа...а да не зборам со љубопитниот поглед, одма ти е јасно. Ало Цацко, јас по интуиција се водам и нема нешто што не знам, без да се трудам да дознавам, пророчица Клеопатра не ми е рамна, ти ќе ми продаваш на мене пуфки. Јаку муда ако прочиташ дека ми е или не ми е ден. Ако ми ти е душевна храна, да ми ти е на здравје, среќа да ти се стори, а за злобата ти си знаеш. https://www.youtube.com/watch?v=I2dYk4HIRQI Да искочиме да се забавуваме слободно ние што сме млади. Ајде ќао на сите! Мња!
Половина живот бев слаба девојка,половина живот пополнета жена-просек згодна жена... Значи, јас сум бре згодна жена ! Кој е тој што ќе ме разубеди ?
Ако сакате да ви се случи нешто што до сега никогаш не ви се случило, тогаш направете нешто што до сега никогаш не сте го направиле!- промените започнуваат со промена на себе.
Џинџер не глуми секој дека е среќен има навистина луѓе среќни,а и не мора да значи на некој ако му е среќен денот дека и целиот живот му е таков секој човек има среќни денови има и лоши нормално,ама секој си ја знае душичката како му е ..Ете јас сум многу нервозна личност ама имам некогаш стварно среќни денови исполнети ама камоли секогаш да ми се такви деновите,за жал
Можеби еднаш имам ви кажано ама ај пак Леле бе луѓе колку ме нервира кога некој ми го сече муабетот ... Во друштво си правиме муабет ова она што како и цело време бее ме прекинува,она тоа правела,не сакала незнам што ... Ќе застанам ајде ја ислушувам пак да почнам да зборувам пак исто ,пак има она да каже нешто Не само на мене на сите така им крши муабет сите обраќаат очи Се изнервирав и и кажав : добро знаеме сите дека знаеш се дај те молам биди малку покултурна ислушај што имаме и ние да кажеме И нее бее тие 5-10 минути после тоа пак исто бе цц нема спас значи и кафе и се да ти се одмили од такви луѓе божеее. Сите се радуваат дека викенд ќе си излезат и прошетат јас се радувам дека конечно утре ќе се наспијам малку повеќе ...од кога почнав работни денови да станувам рано наутро почнав да ги сакам сабота и недела.Царица по дома сум бее уствари не царица домаќинка Си се наспивам и потоа фаќам домашни работи ама тоа само за викенд За утре си поставив цел конечно алиштата да си ги средам и да ги подредам хаос ми е во плакарот ... Требаше уште од пред некој ден да средувам ама си викам: Вики остај ма може пак ќе се залади пак ќе бараш тренерки и долги блузи Ама арно сум си дала време бе сеа сигурна сум дека зовре времето се вжешти и есенските алишта нема да ми се потребни.Ќе средував и сега ама сестра ми ја работи истата работа моментално. Па да не се маткам и јас убаво ми е несакам да ми крши расположение и да си ги влошиме односите.Така мене мирна глава и неа ,нека ужива додека средува шо А на вас срцки ви посакувам да имате убав викенд и да не ми се нервирате ама баш ич
Преку таквото веќе од покондирени тикви. Толку да се сакало да се биде центар пажња, па тоа болест е бре. Абе ќе се прави интересен, ќе врти од околу колку е совршен, колку е надпросечно интелигентен, ама само тој си знае колку е мизерен во душата. Не те прави човек тоа што ќе бараш пола саат зборчиња за да кажеш нешто и да испаднеш рамен на научник од наса. А па уште кога знаеш дека некои досетки, со кои мисли дека го фатил/а ѓаолот за муда, се толку провидни, измислени и полни со желби за внимание, добиваш желба со пуканки да седнеш во првите редови и да очекуваш комедија, се разбира.
Мајка. Само гласот да и‘ го слушнеш и перницата ти станува помека. И ги чувствуваш нејзините рапави дланки со мирис на јагода како ти ги милуваат образите и ти ги бришат солзите. И одеднаш те насмевнува, па ти се распрскуваат солзите на сите страни. Мајка.
1. Многу луѓе почнаа да уживаат во користољубието... Абе ги немало месеци, години, сега мака имале па ќе те побараат ... Свашта! 2. Господ да те чува од женска беља!!! 3. Кога нешто сакаш да направиш- не се откажувај па колку и да е тешко, или неостварливо. Еве јас на пример сакам нешто, тешко е да се добие, можи ќе има и војна, можи и да нема, не се знае, ама не се откажувам де!
" How to kill someone; Hold their hand and then never touch their skin again, See them nearly everyday and pretend they don’t exist, Act like everything you ever said to them was a lie. " Се на се,чиста вистина.
Толку би можела сега да се испукам поради различни видови луѓе што толку ме изнервирале во последно време, и нивните никакви навики и особини... ама не. Ќе си се возджам и ќе си се насмевнам вака па ако треба и вака само да го спречам ширењето на негативна енергија. И сега баш во моментов кога се чувсвувам најосамено, слушам вибрација на телефонот и си реков: кој сака нека биде, среќна сум што на некој му текна на мене. Вибрацијата беше исклучување на телефонов за батерија Каде се наоѓа судот за осамени да поднесам жалба?
Ми се здосади и мене веќе неможам,неможам повеќе да се обидувам залудно без резултат.Залудно правам се кога не сум среќна..Се прашувам ако не сега кога?Кога јас ќе се насмеам од срце?Кога и јас ќе бидам среќна кое утро ќе биде тоа? Толку многу долго ја чекам среќата на мојата врата,кога ќе дојдат и моите 5 минути?Ја загубив довербата кај сите, а одамна ја загубив самодовербата?Се прашувам што ми е?Одговорот не го знам,но знам повеќе не сака да биде така си го сакам животот назад! Не сакам ни пари ни богатство не сакам ни нова облека ни телефон не сакам ништо сакам само трошка среќа,а тоа тоа никој неможе ниту да ми го купи ниту да ми го даде.
СДК денес (добро, може да се каже вчера) го славам мојот прв роденден на фемина а воедно и мојот 18ти роденден Посебен ден е Премногу работи ми се изменија во животов во оваа 1 година. Станав многу позрела личност, а заслуга за тоа си има и форумот. Од искуствата овде научив да бидам поцврста, поиздржлива во многу ситуации, а исто така и да се радувам за убави работи што ви се случуваат. И иако често пати ме нема, не пишувам мислења често, сепак тука сум Епа, нека ми се множат годиниве, и роденденски и форумски
Посакувам да имав мало човече на рамово, да ме потсеќа дека треба порано да почнам да ги спремам испитите. А не последните неколку денови да немам социјален живот, а и спиење богами..
Исфрлете ги од својот живот оние кои ве повредуваат вие ја одземаат енергијата и ве влечат да дното,и не жалете за својата постапка.
Цреши и мирис на мајски трендафили.Кафе на тераса со новото кутре-бушавото топче. Можам да кажам, животот е убав!