Она кога те додава за пријател на фб повозрасен член од поширока фамилија, па почнува со ставање лајкови и коментари на сите слики, објави и коментари што се наоѓаат на твојот ѕид од 2010/11 година, па на тие коментари се надоврзуваат други пријатели само за да фаќаат сеир.
Она кога ќе те фати криза во ниедно време за јадење, па идеш залетан до фиока кај што знаеш дека има: чипс, смоки, чололадо, брускети и ред други грицки. Oтвараш - нема ништо! Уствари има, салфетки. Да си забришеш лиги што ти течеле додека идеш по храна. Ми иде да го пратам по пижами и папучи до бензиска! Не е фер...
СДК дека 19 април 2018 (четврток) ќе го памтам по тоа што беше еден ужасен ден иако јас мислев дека ќе биде супер ден
СДК... Не постои личност што на моменти не чувствува несигурност за некои постапки или загриженост поради некој и нешто. Некои само го кријат тоа повешто. Но не значи дека се помудри и подобри од останатите.
Помагајќи и пружајќи поддршка некому, си помагаме и на самите себеси. Прекрасно е чувството кога со разбирање и охрабрување влијаеш позитивно на нечија самодоверба и расположение, те прави и тебе да се чувствуваш вредна како личност. Емпатијата е најважната боја што ја надополнува сликата за човек во вистинска смисла на зборот
СДК Дека свртев нов лист во животот, минатото е зад мене, во смисол на учење на грешки не самосожалување и стоење у место.. Минато е за искуство, денес и утре се битни, задутре не се знае, џабе планирање.. На некој начин со првиов СДК пост, ви се заблагодарувам на повеќето од вас, не би било фер и за тие што не ги знам. Фала фемина, што прифативте нов член и му дадовте мотивација и инспирација.
Се прашувам, се прашувам... Се прашувам како се чувствуваш кога ќе ме видиш случајно. Кога секундарно ќе ја завртиш главата, само за да го избегнеш погледот. Се прашувам дали и ти чувствуваш некаков сличен немир како мене. Се прашувам дали можеби ти е сеедно. Се прашувам дали ти е криво што работите испаднаа вака, дали ме обвинуваш мене, дали можеби ме мразиш. Се прашувам дали направивме погрешни избори, па сега судбината нѐ казнува со среќавање на секој чекор. И случајни погледи. И премолчени зборови. Се прашувам дали ја изгубив способноста за правилно расудување. Дали си замислувам. Дали си правам напразно филмови. Дали ми идат мисливе само заради ситуацијата во која сама си се доведов, па сега очајно барам излез, гранче за да се задржам, да не ме однесе водата. Ех... Се прашувам дали има надеж. Надеж за нас. Ако воопшто може да се каже дека сме постоеле и постоиме како едно...
СДК дека се збори: Од секоја ситуација има решение Да.. И тогаш кога нема,пак се наоѓа решение а се вика-нема решение. Кој разбра-разбра. Кој не-ќе дознае барем еднаш во животот.
Ти си последниот што ја прелија чашата Ти си тој за кога јас ги отфрлив сите други Ти си тој, за кого јас реков Ти си вистинскиот Ти си тој за кого јас се одлучив Не чувствувам ни тага ни среќа. Ти посакувам сѐ најубаво во животот.
Секој на крајот го добива тоа што го заслужува е само тешење или проста фраза на "Семе Синапово,, Кога бе ќе го добијам на крајот,кога ќе умрам. Тоа е крајот кога ќе скинеш конци.
Ни мене, но тоа е. Бог да го прости, нашиве портали закаснија прво важни се кој се тепал за фотеља вестите.
@buba4e89 i mene ne mi se veryva. Sega procitav. Ah kolku imase da ostavi zad sebe muzika za pamtenje
Штета стварно. Некоја посебна музика ми правеше човеков, која двоеше од се останато во моментот. И песниве колку пати сум ги пеел во себе. Имаше многу да остави уште, се сложувам.