Навика или тактика? Сите ја користиме глаголската форма во недостиг на конкретен одговор. Колку манипулација има во едно ќе видиме...
Чувајте ги оние кои кога сте тука забораваат на телефонот, на обврските, на времето и местото... само уживаат во вашето присуство, во мигот.... Верувајте ми, ова е тешко научена лекција за мене!
СДК 1 Не е финтата да се носат само очила за сонце, има нешто и во однесувањето. СДК 2 За Велигден бев кај една колешка од факс и уште оттогаш го памтам муабетов да ви го кажам. Мажот и на колешкава, добар да речам дуќанџија низ град, познат, додека ми го даваше палтото да го облечам, ми вели :Кое е твоето? ( бидејќи бев со една другарка која секогаш оди поразголена, секогаш сака да покажи тоа што има) Ах, еве го, ми вели, ти се носиш пооблечена... Молам? Според него,како што кажува, жена требало да биди пази СЕКОГАШ дотерана и погодена без разлика на што...хм? За него се чудни оние женски што се со некој хипи стил или кратка коса, машкудантки. Тие биле ко мажи. Мислам хеллоу. Спушти се на земја, доста се пуца по гради и ми кажуваш дека си се опремил со камери дома и имаш сателитска. И ми даваш дефиниции што е жена. Е, извини ама .. Жена е секоја жена што се прифаќа себеси таква каква што е,е она што сака да биде, а не исфрустрирана глупача со ниска култура.
Moрам да го запаметам денешниов ден,почна со нервози предизвикани од лоша личност,продолжи со благослов од најголемиот верник што го познавам,заврши со изненадување,личност што никогаш не се откажа од мене во ниеден момент ме посети на работа а не ни знаев дека воопшто е во земјава,беше со костум и вратоврска,дотеран,дојде да ме види,а баш мислев на него деновиве ми беше мака што испуштив така добра личност,и покрај толку одбивања и правдања од моја незрела страна тој не се откажа,се појави баш на време,не ми се верува дури,се се поклопува дури и некои необјасниви ситуации во кои како некоја виша сила да ме одделуваше од личност што не е за мене,некако како се да ме тера да му дадам шанса да биде со мене,незнам што ќе излезе од ова,стварно е чудно,луѓе,можеби се што се случи било за мое добро..
На некои разговори им е судено да останат само во ројот мисли поттикнати со моменталната луда храброст на ноќните часови...
После скоро година пауза, навистина е тешко да започнам нешто да пишам, а да не зашантрам лево десно, не знам по кој пат пишувам цел параграф па бришам. Се пронајдов себеси кај старите мислења оние од пред година дена и повеќе читкајќи ги и доаѓајќи до заклучок...каков ли идиот, каков ли идиот сум бил што сум го пишувал сето тоа, па од каде да започнам. Ах да ќе започнам од најдоброто, најпозитивното девојката која ја запросив пијано со капаче од пиво по неколку месеци после тоа застана пред олтар и го кажа судбоносното да...но не со мене и тоа е баш ОК не била за мене. Девојката која што ми беше слатка и не знам по кој пат се лигавев во што би и кажал исчезна од мојот живот, но и тоа е позитивно со неа бев некој што сега дефенитивно не сум. Девојката на која што и го обожавав мирисот кој го оставаше на мојата брада...за неа не знам ништо откако прекинавме, се надевам дека е среќна. Девојката со која што ги поминував најдобрите моменти минатата година па се до два месеци претходно никогаш не сум и посветил мислење тука во што би и кажал, иако имам многу нешта што би и кажал, малку е глупаво тоа чуство но истовремено и олеснително и слободно зошто со неа ми поминаа најдобрите неколку месеци па така да не можеш да мразеш некој кој си го сакал повеќе од себеси нели ? Но ја пуштив и неа, ја пуштив да оди слободно иако емотивно ме испразни...дали имам или ќе имам нешто во мене за некоја која што ме чека во иднина ? Не знам, но доколку би имал можност да ја пишам мојата приказна би ја пишел многу поинаку од ова погоре, но тоа би ме направило поинаква личност од тоа што сега сум не би ми ја поклонило сета зрелост која што ја добив поминувајќи низ сиот тој трнлив пат. Па така да доаѓаме до прашање, дали ако би имал можност да го променам сето тоа дали би го направил сосем спротивно од сега, дали би го направил сето тоа од погоре позитивно барем со една од нив ? Не, никогаш, напротив мило ми е што добив толку добри лекции кои ме направија подобра личност од тоа што бев, што ме направија емотивно празен, ладен. Дали би пуштил тажна музика во позадина додека некој го читка ова, не ниту тоа. Дали би седел и би тагувал поради тоа, не ниту тоа. Дали би бил идиот со наредната која што ќе почуствувам нешто, не ниту тоа. Дали би измислувал пишувајќи нови филозофии и би се правел жртва во сето тоа погоре, не ниту тоа напротив мило ми е што сето тоа се случи. Луѓето се променуваат во два случаеви, кога нешто добро им се случува во животот и кога нешто екстремно лошо им се случува. Јас сум од овие вторите и навистина ми требаше време да го разберам сето тоа. Се надевам дека сите се среќни и исполнети и се смеат читкајќи го ова зошто да токму тие се тие кои ме направија подобар, пополн со соништа, гладен за нови предизвици за остварување...па така да големо благодарам и збогум од мене до сите нив, имајте го животот за кој што сонувавте.
Колку лесно човек може да е блиску, на раб на бесење, а другите околу тоа да не го ни помислуваат за него, чудо едно.. Сфатив и тоа што не сфаќав - зошто некој би сторил такво нешто. Браво, далеку догурав....
Колку треба да се мразиш себе си , за да се претвориш во пластична кукла ? Гледам по јутјуб , сите пејачки изобличени до бескрај , пластични лица , пластични гради , пластичен задник .. Филери , ботокси , силикони ... Нови трендови како тетовирање веѓи , солариумот пуштен на најјако .. Мислам дека треба да го видат видеово Понекогаш , што и да направите , на луѓето нема да им е доволно . Секогаш ќе ве критикуваат за носот , забите , усните , ширината на нозете ... Затоа сакајте се онакви какви што сте . П . С . Девојката не правела никакви операции , само користи добар фотошоп .
Да може да е вака свежо истовреме и сончево како што е наутро во текот на целиот ден би било совршено..дефинитно треба да живеам некаде каде што има таква клима ..ги сакам утрата❤
Сдк дека периодов ми е толку турбулентен, да се чуди човек како ќе успее на сите страни. Но, нека подобро е така, отколку да седи само така да му поминува времето. И некогаш чудата се случуваат кога најмалку очекуваш.
Оној момент кога ќе сфатиш дека не секој може да биде добар родител и правилно да го воспита своето дете. Но уште пострашно во целата оваа проблематика е тоа што кога неговото дете се однесува недолично и некултурно, родителот да го оправдува и да го поттикнува таквото однесување. Тогаш разбирам дека проблемот не е толку кај детето, колку што родителот му дава лош пример додека детето смета дека однесувањето на неговите родители е соодветно и правилно за дадената ситуација. Дури некогаш од гнев и бес кога сретнувам такви примери ми доаѓа мислата дека не секој заслужува да биде родител и да се грижи за детето во секој поглед. Колку и да звучи сурово и страшно сепак тоа е реалноста.
Многу планови за претстојниот период Многу копнежи, многу мечти за кои верувам дека ќе ни се исполнат. Многу љубов, многу заеднички моменти, заеднички соништа за кои заедно се залагаме за да ни се остварат Многу сончеви утра, топли денови, насмевки и споделени допири. Не ми се верува дека јас, некогаш непоправливиот песимист, полека но сигурно се претворам во личност што почнува да ја забележува убавината и добрата страна на се`. Претстојат уште поубави денови Сигурна сум во тоа