Признавам дека некогаш се чувствувам уморна и ми доаѓа сите да ги отерам у - - - - , дека не сум доволно наспана, среди дете, среди куќа, среди маж, време за мене и сето тоа во што порано уживав (книги, филм, кафиња...) се помалку и помалку имам. Ама тогаш ќе го погледнам син ми, си викам вакво дете да барав немаше да ми се погоди, не е проблематичен, спие, весел е и насмеан, па пак си викам греота е да не е прошетан, наигран и тако даље. Во тој момент си ги отфрлам лошите мисли и сфаќам дека ни книги, ни филмови ми се потребни, само да го гледам како расте среќен, па ќе си играме заедно секој ден ако треба во таа песката пред зграда... Ете, толку.
Вчера го гледав видеото од говорите кои ги одржале Лила Филиповска, Сашо Самарџиоски и Рисима Рисимкин на Економскиот факултет како дел од акцијата Feed Your Brain, каде што со мотивациски говори познатите личности образложуваат зошто е подобро да се остане тука кај што сме и да не се бега од државава. Ги слушав говорите и можам да речам дека имаа некоја добра мотивациска поента во однос на тоа што значи да се работи на себе и колку позитивен исход би имале од тоа. Конкретно во говорот од Лила таа постави едно прашање на кое мислам дека одговорот го добива со видеото што погоре го постави @John Snow . Прашањето беше: Зошто сакаме да си заминеме од државата каде сме граѓани од прв ред (ова мислеше во однос на правата кои ги имаат граѓаните) во држава каде што би биле граѓани од втор ред? Обидете се да се остварите како личност најпрвин во сопствената држава. И ете го одговорот. Затоа што правата кои мислиме дека ги имаме во сопствената држава се неспоредливо понебитни од тоа со кого ги делиме тие права и со кого газиме на иста почва. Лично за мене повеќе делува разочарувачки менталитетот на нашиот народ отколку тоа да бидам граѓанин од втор ред во друга земја и да треба дупло повеќе да работам и да се докажувам за да бидам успешна таму. Секако и тука би била иста будала која би работела дупло повеќе отколку што ми е должност, односно би ја работела работата на неработниците што кај нас ги има многу, па барем таму тоа дупло што ќе го работам ќе ми се исплати за некаков пристоен живот во културен свет.
Не знам дали звучи глупаво ама за мене кафето останува едно од најголемите задоволства во животот. Посебно кога ќе си го погодам, а сама најдобро си го погодувам И кога ќе си го помислам ова
Сакам сонце,тоа го имам во секое време,ама сакам море и плажа...сакам да шетам покрај морето и ветерот да ми дува во коса,а јас да уживам не размислувајќи за баш ништо... Ух,колку ми недостига да одам на одмор на повеќе дена,не сум била три години Се надевам дека ова лето ќе бидам во можност,и дека ова лето ќе се памти
Интересно, како некои кои не се поврзани на никаков начин и не се во сродство, дури и не знаат за постоењето на другиот, а толку многу личат, како да се браќа/сестри. Не ми се верува сеуште чиј двојник видов денес.
И јас пред некое време си ја видов мојата двојничка на рамка за слика во џамбо. Беше на возраст од моето детство. Кога ја видов рамката помислив дека сум јас. А којзнае кое е и од каде е тоа девојче.
Што ќе речат луѓето? Абре што сакаат нека речат,ти за кого живееш за себе си или за нив? Прочитано и препишано и потполно правилно.
Кога човек ќе сфати дека неговата судбина е да страда, тогаш мора страдањето да го прифати како своја задача. Никој не може да го ослободи од страдањето или пак, да страда наместо него. Единствените можности на човекот се кријат во начинот на кој го носи сопствениот товар. Ако постои смисла на животот, тогаш мора да постои и смисла на страдањето. Тоа е неизоставен дел од животот, подеднакво како и судбината и смртта. Без страдање и смрт, човечкиот живот не е целосен.
Слични погледи Раф, се сложувам, би додал и дека може самите да си повторуваме вистини/невистини додека не биднат реалност. СДК Отварам очи, пијам кафе, чекам муштерии. Иако поретко работам со купувачи (цивили?) повеќе со други фирми, финансиската состојба во државава е катастрофа. Има причина од која гледам глобална политика повеќе од домашна, се се тоа некои игри, некоја маскарада на моќ, лево/десно да ни заслепат очи, како да створат илузија на слободен избор, демократија. Незнам каде оди светов, прво гледам за себе. Имам нешто читано за универзален основен приход, незнам до толку економскиот аспект што ке значи за тоа, и ако гледаме колку време прошло од првиот авион до Хирошима и Нагасаки бомбардирањето, или поновово, од нокиа 3310 до првиот смартфон, па мирц до социјални медиуми што ги имаме денес, се движиме кон некоја врста на свет кај што колку и ја цениш приватноста, ке ја нема би екстрапорирал од тоа. Дали ке биде добро или лошо ако сите сме поврзани со интернет во форма на чип (аугментирана реалност/артифицијална интелигенција) и си читаме мисли, што би се случило во свет кај што нема лаги и сите имаме за основни потреби? Би биле ли тогаш среќни како луѓе? Човечкото око е незаситно, его да не навлагаме, тешко е да најдеме нешто што ни се допаѓа, но ако бараме проблеми повеќе работи би можеле да најдеме, бар од моја гледна точка. Сеуште сме во некоја фаза на еволуција, интернетот го убрзува процесот би рекол. Иако генерално е познато дека сме настанале од мајмуни, еден психолог рече дека ние сме мајмуни, многу сме поблиску до бонобо/шимпанза отколку тие што се до горили и останатите мајмуни.. Food for thought.
Сакам да кажам дека сум се родила во светот на музиката, во свет каде секој можи да се изрази како што сака самиот. Се прашувам понекогаш како им било на луѓето кои немале избор за музика , уметност , живот, брак, луѓе кои не можеле да бидат среќни зошто среќата била одземана од нив. Немале право на среќа зошто биле дел од шаблон. И тоа некој да го идеализира, во мој "речник" би значело дека се плаши да скршне од тој шаблон, зошто ако секој излези од него, бркајќи ја среќата, шаблонот ќе престани да постои, а од таму и сигурната зона. Јас го направив мојот избор, а ти твојот. Да има шанса и тој, за својот. Среќата е во својот двор и дом , не во туѓиот. Среќата е кога ќе престанеме да се грижиме дали комшијата е разведен и дали вчера се караа, или не дај Боже ќерката на матичната да остани не мажена, а синот на куќните пријатели бил хомосексуалец. Сем нив, на никој друг не му е и не треба да му е грижа. Секој живот е различна приказна, оставете секој да ја пишува својата.
Извесно време, се на лево се движеше.Па дури и јас, целата. И си го присвоив, што да правам, сфатив дека ништо плански не излегува. Го отпуштив кормилото, да ме движи нешто друго.Некои познати коани, така думат нели? Тоа е клучот. Епа...не е. Епа, епа чорба баце. И кога на крајот, самиот крај да се зезне пак.....Го зезнав јас. Се чувствувам како светот да го зезнав. Какво чувство, позитивно влијае на умот. Инаетете се луѓе,џабе труд и позитивна мисла ако не се инаетите како кози.
Јас сум од оние што не зборуваат многу. Сакам да слушам и да собирам информации. Ако правилно се употребува, молчењето не е лоша особина. Слушајќи внимателно научив многу работи. Предноста на позадината е во умешноста да се замени вербалното отсуство со физичко присуство. Луѓето повеќе сакаат да бидат во центар на вниманието, отколку да слушаат. Всушност, не знаат да слушаат.
СДК дека пред неколку месеци не можев ни да сонувам дека ќе бидам тука каде што сум во моментов. Искрено, се` ми се чинеше безнадежно. Бев човек без волја да стане од кревет наутро. Сега е поинаку. И само да знаете колку го ценам тоа. Колку ги ценам и колку сум благодарна за овие месец и пол, кога коцките конечно ми се наредија. Барем почнаа да се редат, полека но сигурно. Сега се радувам на секое ново утро, секој нов ден зашто знам дека ќе ми биде исполнет со љубов. Сега правиме заеднички планови за понатаму, за следните месеци, па зошто да не и години, зошто да не и цел еден живот... Ако постов треба да носи поука со него, тоа е да не се откажувате дури и кога ви се чини дека се` се распаѓа. Понекогаш човек прави чекор наназад пред да направи два напред