Повеќето луѓе не живеат за своите соништа и неостварени желби, туку живеат со своите стравови и се плашат да го превземат првиот чекор кон остварување на нивните соништа. И се тоа поради чувство на страв и неспокојство кое не обзема во моментот. Меѓу таквите личности спаѓам и јас. Наша најголема грешка и слабост е откажувањето уште на самиот старт, најсигурен начин да успееш е да се обидеш повторно од почеток односно уште еднаш иако неуспехот ти ја разнишал самодовербата и те вратил на почетната позиција.
Илинденска затворена, Партизанска во хаос. И така цела колона коли чекаме заглавени во гужвата и една фраерка се најде паметна 20 мин така да легне на свирката, дека знаеш тоа ќе смени нешто... Ок е сестро, фала што свириш, сеа сите ќе си ги земеме колите под мишка и ќе ти пуштиме пат! Ај што на +30 се печеме у колона, па и уште свирењево како ми дојде... топ!
Не знам како може секогаш кога ќе ме гушне, толку добро да мириса. Па крадам уште некоја секунда повеќе за да го впивам во себе. Како цела пролет да си ја носи во гради. Како јоргован на развигор и како божур на утринска роса... дури сетила разгалува. Како блага топлина. Како дом.
Ќе сфатат ли некогаш моторџиине дека и моторот/веспа/скутер, што и да е, е исто така моторно возило и дека сообраќајни правила важат и за нив? Исто така и дека не смеат да возат кај ќе им текне, по тротоар и слични места наменети за пешаци и велосипедисти само.
Сакам да кажам дека треба да се искористи секој даден момент. Но и ние самите не треба да чекаме тој момент сам да дојде. Сакам да прашам дали во Скопје се најмуваат точаци на саат? Ако да, на кои места и колку се плаќа?
Некогаш ќе ни ги земат позициите кои сме ги бркале, некогаш мажот кој сме го сакале ќе не порамни со најбезвредната и ќе ни ја прикаже како повеќе од нас, некогаш оние кои цел живот добивале партиски подароци ќе се обидат да ја омаловажат нашата битка за соништата, Ама едно знам никогаш ама баш никогаш нема да ни го одземат интелектот, инвестициите што сме ги направиле во себе, знаењата, харизмата со која плениме и лудоста да одиме напред и кога се вели „стоп“, и затоа секогаш ќе победуваме!
Сакам да кажам дека опасно ме изигра. Сета доверба што јаимав во тебе сега ја снема. Си велам како може тој човек да ме лажел, како можел да ме лаже цело време. Те мразам, те мразам и те мразам.
Некои деца ја имаат таа среќа да имат родители што се грижат за нив и им пружаат се што можат, тие родители се најценетото нешто на светот, за тие родители треба да се живее, за тие родители треба да се трудиме да бидеме подобри, за тие родители треба да ја дадеме душата. За некои родителот е само родител.
Некни во литературна анализа на еден автор од минатиот век прочитав супер поента која би требало да ја сфатат сите и во секојдневието - дека искуството е релативна работа. Ме асоцираше и ми текна на површноста на луѓето кои сè уште зрелоста ја мерат во години, а искуството што би значело релевантност на твое мислење - го поврзуваат најпросто со самиот факт дали си влегол или не во одредена етапа од животот. Создадени сме со мозок за да размислуваме, заклучуваме, формираме мислења - освен од тоа што лично го доживуваме, и од она што го имаме во вообичаената околина. Личните искуства што ни се случуваат не нè издигнуваат самите по себе, туку она што ќе го извлечеме од нив. Која корист од оние добрите ако резултат на нив е самобендисаност и ароганција, или од лошите ако резултираат во омраза, завист и злоба кон другите недолжни луѓе? А, и да - животен настан како потпис во матично или донесување дете на свет на пример, секако е голем чекор за самата личност - но сам по себе не ја прави истата позрела и експерт со ексклузивно право на свој став; ниту пак мора да значи промена за 360 степени на личноста (disclaimer: вообичаено се мисли на враќање на патријархални и конзервативни корени). Посебно ме иритира кога се зборува за семејни односи и некој ќе се избаци на помлада интелигентна личност што добро знае што вели, со она фамозното „кога ќе имаш деца ќе те видам како ќе збориш“. Ако немаме свои деца - зарем не сме биле ние деца, тинејџери? Зарем тоа искуство и таа страна на чувства не е сосема подеднакво важна и релевантна? Една млада образована личност која плус имала зад себе дисфункционалност во семејните односи - за мене е неспоредливо порелевантна од просечна средовечна жена чија узречица е „ќотекот е излезен од рајот“, па ако сака и фудбалски тим деца, па и внуци нека има вторава. Затоа, не дозволувајте никој да ве увери дека не смеете да отворите уста на посериозни теми (брак, родителство и сл.) само затоа што не сте во брак и/или немате деца на пример. Токму оние што би ве ограничиле вака, се тие што треба да си ги преиспитаат своите мислења и аргументи. The joke is on them
Моментот кога си се радувала на купување облека,козметика,книги а сега се радуваш на полно ќесе лекови земени на рецепта. Моментот на вистината дека си остарела
Сте приметиле у последно време оти не мрзам луѓе? Ме прашуваат како сум се прилагодила у Дојчландија, дали ме акнал ко дамла културолошкиот ,, ШОК ,, ? Ај не ме је*и, мајке ти, шо да ме акне, на шо да се прилагодам? Шо бусовите се точни до минута, шо у банка нема ред, шо сегде со картица купуем, и плус секоја трансакција икад на апликација ја иам? Шо нема ѓубре, ни лист ни снег по улица, шо нема ни маче ни куче, али со Доги ко магариња по ресторани ручаат, и види молим те ниедно дете не црка од страв, уствари ни едно дете не се понаша ко размазено дериште , не се лупа од земја и не се дере ( или ова модерново за тешење по вашки тантруми шо си го викате ), шо секој вика и добар ден и добра вечер, и шо се чека ред во ситуации каде што се гледа дека нема друго, шо се работи до осум? Што сите работат и не си ги прчат по кафиќи, истовремено цркајќи дека немаат пари...Уствари тоа само Балканецот се жали демек дома да бил на кафиња дента само 4 пати ќе отишол, а нали наравно тука дошол оти нема пари. Уствари, лажам. Мрзам само Балканци, оти они не се луѓе. Да, и Ние Македонците не сме луѓе, паразити сме. И вирусот наш клет се мислиме ќе го прошириме каде и да одиме, али слабо... Ние да бевме народ , немаше чочек да вртиме оти пат направиле, да труеме кучиња, оти едно гризнало некој,а педофили и силувачи по дома да си чуваме оти курвата си го барала или на детето родителите лажеле за пари, немаше на доктори поклони да носиме оти види мајке ти работата си ја забршиле, оти секнеме нос и сереме по улици, оти стари вампири не вадат пари од банкомат оти нели шалтер има одма тука, шо гзот под кирија си го дадоа за ВМРО или СДСМ за 200 евра на 4 години, шо ни се серат цел живот и не дупат, а ние си бараме уште оти Сорос, Америте и Бранко се криви, али ние не... Па и у право сме, како може некој неспособен за живот, да сноси одговорност за истиот...Ако ни е, и малце ни е... Се надевам дека никад нема да се вратам, и ќе се потрудам...И да, поголема патриотка сум од вас шо сте слепци и шо ништо лошо не гледате, али само цркате и се жалите али ќе останете оти ја сакате Маќедоња, не оти некате кај да избегате, или сте си го шитнале гзот... Да, можев и ја и сите пола милон и јаче да останеме да се бориме, али идиоти мазохистички ве има повеќе, а чим не можам да ве победам, па ќе си ја прашам дали ќе ви се придружам. Попрво ќе цркнам. А, да, и ако некоја нежна душа ми го пријави мислењево помеѓу две кафиња, не модерирај Реин ако ти се модерира нешо, бриши. Бриши се. Фмп.
@Gosh Хитлер нив ги научи како не треба. Германецот учи од грешките за да створи живот. Велат и кај нас дошол животот,па елај си ваму да не те фане т'га за југ ''oрелски крилја как да си метнех, И в наши ст'рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам'' Потполно те разбирам за Дојчландија ама не само народот и икономијата ги прави мноооогу пред цела ЕУ,а не па ли со нас да ги споредуваш,тоа е увреда за нив,нивната култура и тоВа danke schön lieblibg
Оние денови кога сфаќаш дека сама на себе си си доволна... Смачено ми е веќе да го молам да тргни од мртва точка и да превземи некоја акција во својот живот, како на пример да дојди кај мене да се пресели комотно, да најде работа и што сака повеќе??? Не, г-динот сакал да замине странство,воедно кога ги свикале двајцата со другар му на интервју,погодете што? Му откажале и му рекле дека не можат, ќе појделе наредна недела, и така поминале 7 месеци... Мислам готово за вечерва...
@CaraMia Мислам дека песната би одела малку поинаку според Гош, а јас би се согласила со неа: „Не, ја не можам овде да седам, не ја не можам глуперди да гледам“. И така..
ме пресмеа во позитивна смисла. Остај тоа носталгијата ко ќе мавне озбилна работа е. И реално кога иде таа од таму тука не иде за глуперди иде за своите,за најблиските кои се надевам не се како опишаниве На почеток у странција од сегде мед и млеко тече,ама по многу години се создава монотонијата поготово кај поемотивна особа во комбинација со носталгија е утепувачко Не дај Боже да се доутепаш сам така па и да се вратиш нит овде ќе ти чини нит па таму пак да отидеш е ко што сакаш. Зглавен си меѓу ваму е поубаво кога си таму или таму е поубаво кога си ваму. Си гледам во фамилија вака напатени душички. Налет се за жалење ми се. Тука кога се ми вртат муабет абе таму какво е поубаво. Од таму кога е јавуваат муабетот е тука какво е поубаво. Нит се води нит се тера
Сакам да почнам нов живот , но судбината ме кочи .... Зошто ? Зошто сите планови ми пропагаат во вода ... Зошто ништо не ми успева? Зошто тапкам во место ? Ништо не се помрднува од мртвата точка ... Никогаш не верував во срека , верував само во напорна работа ....но изгледа е дека стварно постои срека па нешто таа ми е скарана и не сака да ме дружи . .... Се прашувам дали уопште некогаш ке ми тргне па бар да реализирам бар еден мој план или сон ..... Иако ми гледа тешко , но пуста надеж ..
Постои едно царство во него царуваат зборовите на книгата Тајна за да не се јадосувате,себе си обвинувате,обвинувате дека не владее царството на пријателството и да верувате дека во царството е сВе убо и нежно и сВе на тоВа му се радува.