Размислувам за факторите кои ја одредуваат вредноста на човечкиот живот. Дали тоа е бројот на луѓе кои ќе плачат на погребот, материјалното богатство што умрениот го остава зад себе или медиумскиот интерес за случајот? Социјалното влијание на починатиот? Земјата на потекло или бојата на кожа? Или збирот на одобрените полициски средства за истрага на убиството? Спојлер Да се убие човек е едноставно. Проблемот е главно психолошки, а причините за тоа разновидни. Пред најголемиот дел од луѓето стојат многубројни пречки што треба да се надминат. Емпатијата, совеста и промисленоста обично функционираат како пречки против употреба на смртоносно насилство. Но за некои луѓе тоа не е ништо потешко од отварање на тетрапак млеко...
Сакам да кажам дека се отворив ко божур, ко перуника, ко ружа во градина. Излезе од печат моето второ книжевно бебе - „Напишан дом“. Го посветив на мојот маж и иднината со него, нашето бебе што доаѓа и љубовта со која го градам секој нареден момент од нашите животи. На петти мај ќе имаме журка со големо друштво и ќе го прославиме и тој миг на заедништво со радост. Си го слушам телото и умот и не се себесудам. За да не судам и други, бегам од непријатни енергии и почнав свесно да заобиколувам одредени луѓе. Не давам од мирот, ниту од немирот. Не е просветление туку просто бришачите на шофершајбната на животот активни се 100% од времето. Гледам појасно и фала му на унивезумот за тоа. А наскоро, ќе ве канам и на промоција. Да живеат убавите денови!
Оваа година како летото да дојде порано. Го чувствувам тој мирис со воздухот додека уживам на мојата тераса огреана од сонце. Не знам дали само ми се причинува, но се` е разбудено, раздвижено. Ова утро имав време за себе. Имав време за појадок без брзање, кафе со неколку цигари, страници од добра книга, музика што ми носи само убаво расположение и надеж. Имав време и за работа. Конечно, работа во која уживам. Имав храброст да го направам тој чекор. Многу им се радувам на претстојните денови. Му се радувам на животов. Нека остане се` како што е, не барам повеќе. Убаво ми е
Прв ден од месечниот циклус, ја уклучувам Ева апликацијана демек да регистрирам случување во животов и она ми вика: еден човек има изјавено дека, тоа што имаш способност да зборуваш, не те прави човечко суштество. Нели е тоа дискриминација на нас, роботите? Прв ден од циклус, и апликацијата за следење на циклусот ти дрнда вакви ствари
Сакам да кажам дека најмачни ми се мислењата каде после секој втор збор има три точки. Па ги читкам со прекини. На пример: „Не знам јас ... (пауза) знам дека има ама ... (пауза) како било ... “
Моментот кога во полн автобус влегува мајка со мало дете, и кај никој не станува да му отстапи место за да седне, па уште со валкани раце го пипкаат и штипкаат по лицето и образите. Осет, што беше тоа?
Далечината не ги раздвојува и раздалечува луѓето едни од други, туку ги раздвојува и раздалечува тишината односно молчењето . Го премолчуваат тоа што сакаат да го кажат бидејќи гордоста не им дозволува први да го започнат разговорот.
Сакам да кажам дека.. Седам и си мислам, секако понекогаш само седам. - "Младинава забега" или "Македонија може и без ЕУ и НАТО" би рекол барем секој втор на улица. Ама тоа за мене не е предизвик. Малку е парадоксално. Еве зошто. Хипотетички гледано. Знаеш, кога ќе изјавиш нешто у стил "Нештото е грешно" е точно, тогаш нештото е грешно, но ако твоето тврдење дека нештото е грешно е грешно, тогаш тоа мора да е точно. Got it ? RUN
Што би било кога би било? Најтешко поставено прашање и човек одма помислува ех да можеше да се врати времето....
Толку сме оптеретени со глупави ствари сами што си ги измислуваме. Јади колку да се најадеш, а не прејадеш. Џвакај полека, секогаш. Кога јадеш, не гледај телевизија, или телефон. Кога правиш една работа концентрирај се на неа, ослободи се за момент од притисокот за мултитаскинг. Кога си на прошетка, не ставај слушалки, слушај ја природата. Не купувај непотребни работи. Ако можеш нешто да креираш, направи го сам. Исчисти ги плакарите. Исчисти ја куќата. Исчисти ја душата. Имаме премногу, имаме од се по нешто, а најмногу од тоа што не ни треба. И не постигнуваме да уживаме во сето тоа. Бидете среќни. Не дозволувајте да ве загуши пренатрупаниов свет. Ослободете ги мислите. Или како сакате...сеедно. Јас, уште малку...
Сакам да кажам дека во животот секогаш треба да се има некој ред. Ред за облекување, однесување зборување.... Се можам да смислам, сватам , ама во црква да видам млади луѓе облечени во шорц и апостолки, а на еден голем лист напишано е како културните луѓе се однесуваат и облекуваат во црква е за мене тоа е премногу. Залудно е бре момче што си заминал од село и си заминал странство, сакаш да си гастрбајтер, чорбаџија,во Германија си нели? Па кај сакаш биди, дечко селото никако да замине од тебе!!!
Кога сите би имале барем малку трпение еден за друг, многу подруго ќе беше. Ужасно е кога некој не може да те сослуша и одма те етикетира ко песимист. Може е банално, ама така ојдоа многу луѓе. Од неможноста да се сослушаме.