Балканци цел живот се караат за наследен имот. Не се расположени за да си заработат. Или да украдат или повеќе да земат. Така им следувало иако не работеле за да го заработат...
СДК дека пријатели се бираат умно. Дури и на блиските неможеш да им веруваш понекогаш, а кога ќе се освестиш ке биде доцна.
5 работи со кои кога се фалите и гордеете, личите на ништо повеќе од иритантна reverse psychology пародија корисна како вежба за очните мускули со нивно превртување: – Елементарно незнаење во кујна и општо целосна неспособност околу домашни работи у стил neznam ni jajca da si sprzam hhehehe, u soba mi e stalno haos huhhuhu... на повеќе од 18, 20, па и 25+ години. Ноу комент нидед! – Мал број на досега прочитани книги, малку читање или воопшто отсуство на истото. Значи не ми се верува дека уште има личности кои со насмевка и убеденост дека се кул кажуваат дури и дека „немаат прочитано ниту една цела книга во животот“, а не се уанаби бунтовници од подоцните одделенија од основно - туку луѓе што протуркале целина од формално образование. Дај некој нека им каже за сапиосексуалност (макар и оној како позерство), надежно ќе сфатат колку се бламираат, па можда и ќе земат во рака некоја книга барем за мода да ги избрчкаат тие кутри површни виуги! – „Знаеш ли ти кој сум јас“ психологијата - односно чувство на моќ, супериорност поради влијателноста на семејството и познаници. Па и бесрамно фалење со целото тоа „снаоѓање“ преку врски, и тоа пред луѓе кои со свој тежок труд си го расчистуваат патот во секакви етапи во животот... Македонија вечна! – Број на врски и (сексуални) партнери зад себе како мерило за вредност на личноста - без разлика на пол и без разлика дали бројот е голем или мал. И за двата соодветни екстреми (фалење во контекст на фраерлук и изразит хедонизам, или пак истакнување на монашки морални вредности и совршено воспитување), само еден збор доволно опишува - отроФ! – Општа закоравеност, игнорантност и неинформираност за разни појави останата од минати времиња. Na vremeto na prababite nasi se poragjale naniva i nisto ne im smetalo, se znaelo ako ne slusas doma i nastavnik na skolo igraat vlecki, stapovi, nemalo pederi i transovi, nemalo potreba od psiholog za ismisljotini kako depresija posto site bile normalni... Епа браво за вас што сте толку силни и нормални како порано, камо и интернет да немавте како што немале тие на времето - па да не ви ги читаат глупостите и осудите сите тие „послаби“ и „ненормални“ личности стопати поквалитетни од вас, а и сите останати кои можат да ги разберат! Grow up!
Тука сум, добра сум и ми фалите. Презафатена со 300 обврски (плачи кукај нема работа нема плата или работи до разболувачка, средина нема у животов мој, само екстреми), со сериозни планови за фаќање магла оттука, со секоја година сѐ потуѓо се чувствувам, тоа е страшно. За среќа мислам дека планот ми успева периодов и дај Боже еден ден ќе ви речам здраво од други координати Spoiler Многу пораснав за овие скоро две години како сум сама многу се сменив и за жал малку и се огорчив и разочарав. Но, што е тука е важно стекнав репутација на амбициозен интелектуалец и вреден работник. Тој впечаток нели тука сум го предизвикала, на Запад веднаш ќе ме скопчаат. Тоа е, ќе гледам да ве дружам што повеќе оти сериозно ми фалите и многу убаво време минував тука.
Спиев некаде до 4, порано легнав мислам околу 11/12? Небитно, се дешава. Си направив кафе, си гледам нешто стари мејлови, албуми, тетратки, малку ретроспектива/интроспектива утрински. Чудно ми е да се споредувам со стариот јас према денешниот јас. Незнам дали некој друг му се има десено пар нагли промени во животот, кога се споиле 2 и 2 и сте добиле 4, во некој смисол на подобро (опширна смисла) менување на карактер. Мислам дека е поради тоа што не го жалам минатото, туку гледам на тоа како сорта на искуство, ојачување. Недела е убав ден би рекол. Неработен, (поздрав до сите што би работеле и недела, знам како е) но убав ден за одмор, мозок на пасење, да се видиш/помуабетиш со некој близок. Иако реално гледам кон иднината, то ест догледната, сепак би рекол дека не е лошо понекогаш да мечтаеш, да се стремиш кон нешто. Пазете што посакувате, бидете спремни кога ке го добиете тоа, има шанса.
Знаеш дека успешно си се излечил од OCD, кога отвараш и затвараш е-маил и брига те што на сите три поврзани еден со друг е-маил адреси, ти зјаат по преку 30 (per address) непрочитани и неизбришани пораки и уште неколку пати по толку драфт пораки. И второ, сајтот за пилотите не се откажува од мене нова рунда огласи за пилоти. Првиот каде на друго место ако не у Африка. Све се тоа игри на универзумот, све. Ми шепти нешто само јас сум дудук за да укапирам што точно. И послемка, ќе се жалам дека се' у круг се вртам со исти дешавки и луѓе. Еми е де, е.
Кога погледнеш позади себе и се најдеш целосно исцрпена од миговите на давање себе на личности кои знаеле само да ги исмеваат твоите идеи и сништа. Кога се погледнеш и знаеш дека си бесен поради тие кучиња кои чекаат милост како коска фрлена пред касапница додека ти се бориш за целото месо, знаеш дека во иднина ќе си внимателен, ќе внимаваш на нечиј мозок, на нечиј капацитет за идеи, за успеси, на нечии искуства животни пред да се дадеш целосно себе... За мене и за сите оние Феминки кои биле омаловажени и исмеани од просечен машки ум кој знае само да потценува, нека ни трепка ова тука, зошто мал мозок, не се прави голем!
@zhap4e Шо зезаш, каква Африка еве биди си пилот кај нас Spoiler http://morm.gov.mk/?objavuvanje=конкурс-за-запишување-слушатели-на-ст-2 http://morm.gov.mk/wp-content/uploads/2018/03/Izvestuvawe-za-prodolzuvawe-na-rok-2.pdf
За родители кои не сакаат да ги подржуваат своите деца финансиски, би рекла дека се по малку себични. Ама не зборувам за некои кои едвај се снаоѓаат и малку имаат. За таквите секако е во ред. Мислам на родители кои работат на добри работни места и земаат добри плати, а притоа се правдаат со фактот дека нивни пари ќе ги трошат како сакаат, или сметаат дека само другиот родител треба да се грижи за потребите на детето. Не сфаќаат дека тоа е сепак нивна обврска, а не привилегија кон детето, особено во тинејџерските години, и додека студира на пример. И не се себични оние што родиле на 40, како што прочитав еднаш. Себични се оние што родиле, а потоа мислат само на себе, и кон детето се однесуваат како да тоа побарало да се роди, па за своите должности него да го обвинуваат.
Исто али није исто секој што ме знае, знае кој оток сум на тема Африка плус, овие од воена академија се ептем дискриминатори, мајку им. Нас старците не нејќат.
Уште постојат луѓе што сметаат дека машките не треба низ дома да помагаат. Ти си му жена/сестра/мајка и ти намести му го креветот, дај му да јаде, испери му ја облеката, а тој е машко... Не верувам дека на некоја припадничка од женски пол би и било тешко да го намести креветот на својот близок или да му постави да јаде, ама зошто некаде постојат уште такви поделби? - Дојди да се учиш да готвиш зашто ти си женско и мора да знаеш да готвиш, инаку што ќе му дадеш на мажот да јаде? Срамота е. А зошто на пример секој возрасен да не си знае сам да си направи јадење? Да си го намести креветот? Да испегла облека? Доаѓа од работа мртов гладен, а жена му уште е на работа и што? Ќе ја чека да се врати за да му даде да јаде? Ќе умре од глад ама сам да не зема зашто е машко? Среќа немам вакви луѓе во моја близина, ама пред некое време бев сведок дека уште постоеле вакви поделби (наместо домашна/куќна работа, ја нарекуваат ЖЕНСКА работа) и не знаев како да реагирам.
На некои луѓе не е можно да им објасниш дека не се во право. Толку се ограничиле, ако излезат надвор од кутијата во која се затвориле, ќе се загубат.
Многу ми се смешни луѓето кои секогаш, во секој разговор сакаат и гледаат соговорникот или околината да ја навредат на било каков начин. Ама не, они не навредувале, туку само биле брутално искрени. Тоа драги мои не е искреност, туку лечење комплекси и издувен вентил, затоа што дома не смеете да се однесувате така
Изненадена сум си колку знам некогаш да се надминам, да направам некои работи, да издржам некои случувања, да паднам и да станувам полека без некој да ми подаде рака. И благодарам на мајка ми, што во одредени моменти ми даваше сила, кога немав никој друг покрај себе, еден ден ќе и вратам за сето тоа, сигурна сум, што ме направи јака личност. Но од сега ме чека долга борба, не само поради некои работи што една личност ми ги приреди, туку највеќе заради себе, да успеам како личност. Признавам, по некогаш размислував да им вратам на некои луѓе кои ми наштетиле намерно, на оние кои ме игнорирале кога сум молела за помош, на оние кои сум им кажувала колку ги сакам а да ми вратат со исмевање или нож во грб, но кога ќе размислам подобро, не сакам да изгубам повторно драгоцено време со нив знаејќи дека ништо не може да промени. На крајот на краиштата, ако сам себе си не си помогнеш, нема никој.