What's love? Got to do, got to do with it babe What's love? Got to do, got to do with it babe It should be about us It should be about us
Кога по долго време ќе се наспиеш ко човек, без да ставаш аларми со разно разни наслови и насабајле да се дереш и да пцуеш по се, затоа што ем преку работна недела не можеш ко човек да се наспиеш сега треба и преку викенд и кога ќе останаш надвор до касно вечер, без да мислиш дека утре треба да станеш и тоа и тоа да го направиш, дефинитивно дошол РАСПУСТОТ. Добро музиче во позадина, едно нескафе за расонување (со млеко секако мала сум) и цреши кои што ги обожавам дефинитивно рај... Конечно ВИКЕНД во кој ништо нема да учам, рај божји, фала ти Господе, дефинитивно постресна година не сум имала, бегања од тестови, испрашувања, препишувања, расипување и поправање оценки. И едно мало разочарување во „љубовта“, секако ми се изгуби омилената кукла. Ова добро де што ќе лажам си имав симпатија и тоа прва и затоа така малце глупо си се осеќав, ама добро нормално е тоа во годинкиве мои. А да секако не ги заборавам двата теста по екстерно, они се како јаготка на шлагот, но добро за нив не се потресувам многу, на нив на големо се препишува, а и со заокружување е, не е многу страшно (само што лани во несвест ќе паднев додека чекав да полагам математика, но добро ете се снајдов добив 5 не беше страшно). Летово ми е испланирано до точка и за тоа ќе си приумрам од среќа, патувања, свадби, родендени, вамте тамте... Епа ај добро утро, ова де добар ден.
Се чувствува сонцето веќе, убаво е. Утрово конечно слушнав и црцорење на птиците, па убавини. Цвеќињата одамна расцветаа, сега стануваат се поубави и поубаво. Сакам цела градина со цвеќиња. Влијае и на расположението сето ова. Убаво е, преубаво е! "My sun sets to rise again" http://www.youtube.com/watch?v=NMNgbISmF4I
Најубавото утро, ден де, во мојот живот. Не ми се станува од кревет, но ќе станам за околу пет минутки. Ќе се измијам, облечам и право кај моето миличко. И така цел ден ми е испланиран. Секако, кога тој ќе заспие, Лајт ќе легне на подот во дневна да одмори, оти нели ќе ја болат нозете. И така пак со срценцето. Па вечер оп цуп на штиклите, оти нели обавезно ѝ е да биде перфект на штикла. И за крај на вечерта едно денсање по штикли, ох, ох, рај. Па за добра ноќ, секако, Бумеранг мора, оти нели детето нема кој да го заспие. Па оти ќе нема добра ноќ најверојатно, една салата, и така. Аха, да. Во целиот план пропуштив нешто. Одма морам да одам на пазар со мама! Е бравос.. Ај чаос. Имајте добро испланиран ден.
И варам на мајка ми кафе и велам „ со кечап “? Кафе со кечап.Најново, како што сум тргнала, не знам што уште ќе ми текне, а и велам дека е мајстор за лапсузи. Насмевката е универзален подарок, што секој човек може да го подари некому, само од него зависи колку е дарежлив.
Вчера ми беше еден од најлошите денови.Значи,луѓе,не е возможно толку караници,толку солзи и толку глупости во еден ден..или барем така мислев,до вчера. А сеа,ебате викендот,сабота се будам со дожд,ме мава депресивно расположение(нерасположение?) до максимум.Ни музика ми се слуша,ни ништо. Стварно не знам што ми се дешава,ама поентата ми е дека некако нема намера да престане. Outside the dawn is breaking,but inside in the dark I'm aching to be free!
Е, што убаво! Сега Елена ќе го јаде стапот за сите! Веќе и на баба ми братучед ми не можам да им верувам! Издајници! Подлизурковци! Шпион-магариња! Пу! Идиоти! Ме оставија на цедило! Фала ви! И сега сама ќе го трпам емотивниот испад на мајка ми затоа што сме јаделе бурек, а веќе ручекот бил готов! Па кој руча во 12 бе? А рекоа дека заедно ќе се справиме со мама! Сега, Еленче, нервирај се ти тука, а тие ќе си фатат магла! Е, фала им многу! Неправда, па ова е неправда! Бегаш ти, трпам јас!
Околу декларативните работи на религијата и останатите нешта. Запрепастена од неписменоста во постов кој ми искочи како предлог пост и при тоа што е честитка за овој празник, синоним за писменост... Гледајте народе и учете зошто религијата најчесто е лицемерие. Сфаќате ли колку не знаеме сега? И не, не е важно дали е црквава во странство или во Македонија, тие големи господа таму веќе кога ја проповедаат православната вера и се претставници на македонската црква, требало јазикот да си го научат литературно. Оти нели тоа е поентата, да бидат поблиски до дома, да им биде поблиско дека е на мајчин јазик. Пу јазк! Принт скринов го направив со огромно задоволство, затоа што иронијата ми искочи од екран и ќе ме голтнеше за малце. Сите правиме огромни грешки, ама ова... да честиташ празник, па уште и кој, со тон грешки во постов и при тоа честитката да ти нема врска со празникот... мислам поједеше ме туџа срамота. А околу тие што џмијат во Бигорски на бдеења,а устата им е поголема од чорапа, во некоја наредна прилика...
После шопинг среќата и расположението се секогаш на високо ниво Особено ако друг плаќа Колку ми е само непријатно кога одам на купување со некој друг. Сите ми викаат дека не знам што сакам, ама знам што не сакам и очигледно тоа што го сакам го нема Имам специфичен вкус и стил, често не можам да се одлучам што да купам и тоа предизвикува голема тензија и напнатост кај сите што се околу мене. Од многу пробување дури лошо ми стане и super awkward. Ако ништо не ми се бендиса ми се плаче А кога ќе си одберам што ќе си купам и го купам излегувам од продавницата воздивнувајќи „Алелујааа“. Важно среќна сум и задоволна
СДК Никогаш не го разбрав тоа пишување под сопствена слика на фб некои долги реченици, поезии, стихови од песни
Чувството кога ти се плаче, сакаш да викнеш силно, сакаш да не живееш во овој свет. И кога сакаш да успееш, ама немаш талент. И ти е потребна поддршка, ама ја немаш. Скоро една година поминала од кога го запоставив форумов. Е не може така, одсега ќе се дружиме.
Викендот не е викенд ако не те разбуди тропањето на комшиите што чистат и мирисот на само што испрани алишта што доаѓа од едната соба и мирисот на домашен ручек од кујната.
Многу ме мрзи да учам за матурава... Не беше доволно што ни воведоа и трет екстерен предмет, па сега македонски јазик ќе полагаме за точно една недела - на 31 мај... Тапа сум, врска си немам. И не ја сфаќам поентата на полагањето државна матура - 4 години го учиш и обработуваш материјалот за на крајот пак да те тестираат. Ајде приемните испити за на факултет ги разбирам, не си учел некои предмети и повеќе од јасно е дека треба да се припремиш за тоа што планираш да го студираш и да полагаш нешто што е ново за тебе, нешто што ќе ти користи во иднина. Што доколку научам напамет кои дела кој ги напишал, која е нивната содржина, тема, ликови, во кој период биле напишани итн итн? Ќе ми помогне нешто тоа кога ќе барам работа по завршувањето на факултетот? Ќе ми пишува ли во cv-то дека ги имам прочитано делата и дека знам се во врска со нив??? Еххх Македонијо бедна - се ти е совршено и средено, па сега удирај по образованието
Колку е глупо чувството ко ќе се чувствуваш празен Немаш никаква емоција, ниту си среќен.. ниту тажен. Кога си некако на граница со љубовните емоции, и сакаш и мразиш.. ама поќе ти е сеедно. Никогаш не сум се чувствувала вака.. Јас одсекогаш сум била заљубена.. добро можеби не баш вљубена онака лудо ама сум имала чувства, а сега ми е сосема рамнодушно.. не знам се осеќам глупо. (Реков поназад на темата дека нема повеќе никогаш да се заљубам и ќе си стојам на зборот) Ама пак вака е многу празно, безмислено. Ама пак од друга страна си викам поарно.. ниту му ја мислиш ниту му го бериш гајлето. Не си врзан со срце, оти колку поќе се врзваш за некој со срцето толку поголема болка ќе чувствуваш.. вака е најубаво, да не осеќаш ништо. Само едно ми е глупо, шо досега секогаш знаев да давам совети за љубовта.. да го разберам заљубениот и да му помогнам, да се ставам на негово место.. А сега едноставно ја немам таа моќ повеќе, не знам како би постапила и не знам каков совет би му дала на некој кога веќе и самата не можам да почувствувам тоа што тој го чувствува. Зошто не сум вљубена! Си викам.. на крајот има време и за љубов.. можеби.. Ќе се трудам да ги контролирам емоциите и да не се вљубам повторно во некој кој не ја заслужува таа љубов. Засега најдобро е само да бидам со некој колку да си го пополнам времето и да не сум сама, а љубовта да ја оставам за понатаму.. кога ќе созреам и ќе најдам човек со кој ќе размислувам за оформување семејство. Засега.. љубовта нема големо значење, се е само пополнување време.. и непотребни нерви. Арно размислувам, како не ми текна порано??? Ее.. ова изгледа од вчера ми дојде вака да мислам дека наполнив 19.. Како можело човек преку ноќ да го смени мислењето а?? Родендено е крив!
Деновиве сум изгубен случај. Имам мноооооогу вишок на енергија. Не ме држи место, нигде. Као идеше онаа: И не ме држи место, не ми иде ууум, ти мене не ме сакаш каков и да сууум. Искрено ги жалам тие што се околу мене. Буквално ги малтретирам. Само нешто зборам, само нешто пеам... А искрено ги жалам и тие што ме слушаат у автобус. Не зборам (пеам) гласно, ама тие што се околу мене... тешко нив. Башка по два саати поминувам дневно у автобус. Па не е малку. Мора и занимација да се бара. Вчера еден у автобус, ни се пукна од смеење. Дури лајк ни покажа со прстот. Јас, пукнав. Удри бригу, на весеље. Па не можам бе дечки, видете какво сонце грее? Не е ли грев да си намрштен? Океј сеа, имам малку и турбулеци у расположење. Може така да сум флегма, све да ме мрзи. Ама после некое време и тоа поминува. Што и да е, ќе поминеееееееееее. Поздрависимооо. И да. Едноставно обожаааавам распеани личности. http://www.youtube.com/watch?v=y6Sxv-sUYtM
Feeling sick - In my sexy bed. Чекај, со пишување статус ќе оздравеш? Наместо да го трошиш времето со пишување статуси и да знае цел фб дека си болен, можеш да отидеш до аптека и да си купиш лекови за да оздравеш побрзо.
Ако некогаш маските беа средство за имитација и засмејување на публиката и се користеа само за време на маскенбал,денес нивната употреба има поинаква димензија и значење. Модерниот живот е сведен на маскирање и глумење. Секој физички недостаток може да се прикрие со рзлични корекции и зафати.Убавината има своја цена,ама таа е занемарлива во споредба со она што посакуваме да ни случи.Толку е нарушена бариерата за постигнување на совршена убавина во секој сегмент од физичкото битие што стануваме смешни во намерата дека сме поразлични од другите. Секојдневно тонеме во некој идеал што не постои.Ама затоа пак постои козметиката да не убеди во спротивното со својата магична моќ.Се шминкаме,се средуваме,избираме облека што ќе не направи привлечни,а со со секој поглед фрлен во огледалото не ни забележуваме дека ја маскираме својата природна убавина. Ставаме насмевка на лицето што не ја чувствуваме,вештачки се смееме и изговараме филувани зборови од кои градиме петкатница без никакво значење и вредност.Ја губиме линијата меѓу вистината и реалноста.Живееме во фантастичен свет и градиме празнина во нас без да бидеме свесни дека се има своја граница и време на употреба. Се може да се маскира.Само не постои вечна маска што ќе ги прикрие разумот и срцето. Тие секогаш го откриваат нашето вистинско лице. П.С. Секоја чест на исклучоците.