Би сакала да им се извинам првично на оние неписмени особи кои не знаат меил да си направат, и да се логираат на некој сајт, или па позадина да сменат на комјутер, и на кои им е скапо 200 евра за најмочан лап топ да дадат за да можат основни работи да завршат, али затоа си ги прчат по кафиња за сите да цркнат оти нели ау буржоазија, а се молаќаат за туѓи компјутери, и од друга страна на оние кои си купиле ( да не речам им купиле ) комјутер од 500 евра и јаче, и се удараат у гради со него, го фалат по комшии и селски кооперации, а го користат само за Фејс , Попкорн и ПорнХаб, шо пред 5 - 6 години со пари шо сама ги заработив ( 200 евра не се некои пари, али јбг ), отидов и си го купив најевтиниот лап топ оти не бев будала без него да седам, ниту пак да фрлам повеќе пари само за да седам на Фејс и Џмаил,и да свртам некоја книга, а до сеа ни еднаш не ме заебал, и плус и они го користат оти нели немаат, или скапион за графички дизајн шо им е цркнал, оти бил БАВЕН и ЃУБРЕ. Еве ви сеа пасворд,па слободно користете го и коа не сум дома, без да ме прашате, и наравно нели можете и слободно сексуално да си општите во задникот. Фмп.
Сакам да кажам дека животот е една борба. Борба во која само најсилните победуваат. А тоа се оние кои стојат на страната на Бога и бескрајно веруваат во него
Многу револт ми се прај затоа што страшно е колку луѓето не знаат да ги ценат интимните моменти..одма штом добијат подарок одма да го сликаат за на инстаграм.. Зошто едноставно не помислат колку е внимателен гестот дека некој помислил на тебе кога го купил тој подарок и зошто ти да не му го подариш целото внимание кога го добиваш тој гест.. НО, како може така тоа да помине а да не се задоволи публиката-гледачите..еве јас што добив вие што го немате..човече дај сврти се кон личноста погледни ја во очи и научи се да благодариш за моментот што си тука и што постоиш..а порано ко немало инстаграм шо праеле? Оделе од куќа на куќа да видат шо добиле за подарок... Не знам многу работи ми се нејасни..дури ме јади во душата што се вели
Денес една другарка вика: зошто религијата треба да ти предизвикува страв? Само Будизмот веројатно те прегрнува и те тера да се прифатиш себеси како живо суштество и да се стремиш кон пронаоѓање на мирот и љубовта кон себе.
Idam narabota i ushte nevlezen od vrata koleshkava samo zboruva,kazhuva neshto,vesela nekako auu aauu navamu natamu Se mislam i si velam vo sebe shtoie na zhenava. Sigurno prcnata e sinokja pa zatoa e vesela denes i raspolozena za zboruvanje
Си станав пред 7:30 се средив и тамн да излезам Чадорот ми е кај дм во колата.Ај соблеков кондурчињата под јорганче и чекам да престане дождот. Ќе одам а и несакам да одам од една страна ти нудат бесплатно училиште до среден степен јас тоа го знам,а од друга страна ти нуди работа добро исплатена ама дејност што не ми е по кеф. Незнам дали работи денес се ама последен ден ми е ме уби шо ми даде 3 дена за размислување, а ја неодлучна нема до кај. Ај да прифатам и учење и работа ама училиштето трае 8 часа работа исто 8 часа не се поклопуваат. Чекајќи почна да ми се јаде. Вака спремна несакам да се умерисувам а гладна ни јас не се трпам. Дај ми боже ум да бидам идлучна. Убав ден на сите
Ги сакам луѓето кои имаат самодоверба, се сакаат самите и знаат колку вредат и какви квалитети поседуваат. Луѓе што се смеат и што го сакаат животот. Шират позитивна енергија и ми го прават денот поубав
Во последно време не можам да врзам муабет од пет реченици со повеќето луѓе околу (навидум блиски), тоа што немам намера да им удоволувам за тоа дека нивната идеја за достигнување во животот е и моја и треба да е сечија ни го прави муабетот или контрање или “не се согласувам”, а немам намаера да се докажувам. На пример достигнување е да имаш повеќе деца, добра кариера и заработувачка или двете. Себепромоција исто така не ми е јака страна па тоа што јас го правам во животот го кажувам како факт без помпезности и заќутувам. Ако не се согласувам со туѓото мислење најчесто си преќутувам, не сакам бесмислени докажувања што на крајот водат дека некој победил и е подобар жител на планетава од другиот.
Зошто луѓето на Инстаграм Mood и Stress level го користат постојано, кога сликата или клипот нема никаква поврзаност со истото??? Убаво би било да го разберат значењето, а не и на сликано небо, цвеќе, селфи и кафе да се става колку да се рече. #прашањакоимемачат
После долго време решив пред телевизор да јадам и таман почнав со јадење ми излегуваат реклами од Топ Шоп за некои производи за мазни стапала и апаратче за домашен педикир...Стапалата ви изгледаат вака? (се појавуваат најгрози стапала на екран), епа јавете се веднаш и ќе ви изгледаат вака. Да ти се одмили и јадење и пиење и цел ден да не ти се става храна во уста.
Спиена сум нецели 3 часа, физички уморна, цел ден на нога го поминав, но во мене чувствувам енергија. Огромна, незапирлива енергија. Енергија што ме прави непобедлива. Не сакам да спијам, оваа реалност е поубава. Физичкиот умор не е ништо во споредба со свежината и спокојството што ги чувствувам во мене. Зашто ништо не е тешко кога те имам тебе. И се` е лесно со тебе. И би одела до крајот на светот и назад. Имав уште еден прекрасен ден со тебе. Благодарна сум. И најсреќна на светов
Oној момент кога целосно ќе пукнеш и не можеш да ги издржиш провокациите и навредите од некултурна и арогантна личност која мисли дека е шериф и дека може да прави што сака. Да се доведеш до ситуација да фатиш за врат таква личност и да и дадеш до знаење дека не може да се однесува така кон тебе. Не се гордеам со тоа што го сторив, но очигледно и покрај предупредувањето ова беше единствен начин да му ја затнам муцката.
Седам прееска на автобуска, а малку понатаму си стоеше и чекаше само девојче со полн ранец - очигледно после школо за накај дома. Доаѓа еден човек во години, најверојатно пензионер, и му приоѓа прво на девојчево да праша нешто. Ја прашува за некоја рандом линија автобуси дали иде до некаде, и потоа за друг дали му поминал. Девојчето најнормално му одговара и за двете прашања „не знам“... и тогаш овој со дрзок и потсмешлив глас ѝ вика „А знаеш ли нешто бе, бубуљицо?!“ За многу брзо ми дојде мојот автобус, па само пред да влезам се свртев накај него и полугласно (си) реков „Срам да Ви е, „господине“!“... И како после да не мрчам кога ќе слушнам излитени муабети дека младината не чинела? Што би требало според воспитување да се очекува од потомци на ваков примерок... Култура, разбирање околу булинг и воздржување од истиот, осет околу туѓ физички изглед, внимавање на нечии туѓи чувства?! Ова јавниов превоз и привилегиите за пензионери како да ги изведоа на виделина сите маани на постарите генерации, целата нивна постоечка некултура, подлост и непочит. Страшна работа...
Слично како погорниот пост, да си кажам. Само јас ли сметам дека во автобус треба да им се отстапи место само на тие што имаат потреба? Сум видела постари луѓе кои изнемоштеноста им се познава по лицето, и со толку мил глас ќе те замолат да станеш. А потоа со истиот глас ќе ти се заблагодарат. Ама сум сретнала и дрски и безборазни луѓе. Еднаш една постара жена буквално трчаше и ме турна настрана за да не и го фатам местото при влегување. Или ми доаѓа жена дотерана и во косата и кило шминка со груб тон ми вика да станам бидејќи не можела да стои... И други кои имаат сила да истуркаат се пред себе, само за да најдат место. А најгрдо е кога некој од последниве ќе ми висне над глава, гледа дека сум свртена накај прозор и почнува да збори со тој до него колку моите не мд воспитале, немам почит кон постари. Ама баш онака ко за инат, да чујам и криво да ми падне. Ама можеше и фино лепо да ме замолиш да станам место индректно да ме навредуваш нели? Пак зборете дека младинава е ваква и онаква... Кога сме кај автобусите ги замолувам кои и да се да не ги кинат оние држачине што висат горе, што се нишаат. Кога ќе се најдам у средина при гужва, со моиве 160 цм, раце кинам држејќи се за онаа горната шипка. А во тие старите автобуси е бетер. Три пати се имам резилено пред луѓе од што немало кај да се фатам.