Сакам да кажам дека .. 1. Ве замолувам читајте ме со доза на резерва пошо додека го пишувам ова сум под дејство на лесна дрога. Ви се извинувам однапред и за колку добро да се осеќате. 2. Сум имала и подобри денови од денеска но предходните подобри не ги сметам за норма за тоа колку добро е доволно добро. 3. Знаете онака за Нова година дедо мраз извикува @xoxxxoooxo , така треба и за влето да се измисли некој лик .. ама за сеа @jok од таа работа. 4. У хороскоп сум @S*K*O*R*P*I*A и секогаш имам да споделам @zalosna вест у случајов .. една мачка исплашив се лизна од контејнерот и фати да ја нема. 5. Најголема @Желба ми е да си напраам тетоважа измеѓу Таска Балабанова и папакот. 6. Едно нешто што барам кај дечко ми е да биде @Izdrzliv додека .. 7. Баба ми е весела, @ubavka1 , @milaaa1 ама за сите што ја занислуваат како манекенка .. не .. @Stara е. 8. Имам маичка со @cvekence 03 и уше една со црно @*цветче* ама од шо толку сакам со шари имам и една со @winter flower . 8. Задржува внимание реченицава, проста и проширена. 9. Не забележа дека 2 пати напишав иста точка. 10. Коа ќе играм Дота и со последниот удар таман да го убијам .. коа ќе ми напраи @miss l ( @Miss.A. ) ми иде да се обесам. 11. Девојчето шо ли ми праи сеа. Чим ја нема сигурно не е @Сама Дома . RUN
Вчера внука ми,која има само 2ипол годинки,ја скрши раката,толку се испотресов што мислам дека срцево ми овена.Додека отидовме во болница се смири од плачење и не пушти солза,додека ја снимаа и ставаа гипс,ја гледав со воздишка и сватив,дека е јака девојка,појака од мене.Ке помине рачето,ке помине све,но мојата љубов кон нејзе ке трае вечно,секој ден го следам нејзиниот чекор,она е мојот свет и живот.
Утре отпадоците да си го вратите дома. Еднаш ќе излезат во природа и ќе ја запустат. 1-ви Мај Ден на трудот. Или по наше ден на ѓубрето.
Тоа е дел од интернет културата, што би се рекло millennial humour. Лично, би се смеела многу некој да стави слика од бандера со caption me. Или пак слика од истурена чаша вода со caption mood, слика од гулаб како гледа во далечина со caption same. It's comedy.
Во животот ми се случувало да одам од една крајност во друга,но,лоши биле последиците после тоа,а јас ќе се тешев како било слатко и непредвидливо да осетам адреналин на таков начин Долго време сето тоа е зад мене,одамна веќе сум досадна и монотона личност,исполнета со кочници,страв,премногу размислување што би било кад би било,а не дека понекогаш не сум посакала да се врати старата јас
Кога веќе е неработен ден нека биде неработен ден за сите. Порано знам ден пред први мај се се купуваше а на први уште во 8 одевме негде. Сега во 8 се наредиле редици да пазарат. Поубаво беше кога на времето се знае на празник и на неработен ден само бензиските работеа и тук там по некоја мала продавничка. Среќен ден на трудот.
Жалосно е тоа што за денот на трудот не излегуваме на марш како во сите нормални земји. Наместо тоа ние се размислуваме на кое излетничко место да отидеме, како да си споиме и понеделник со празникот. Тажно е бидејќи ова ни е жансата да излеземе на марш во кој ќе го изразиме нашето незадоволство од работните места кои ги имаме, неповолните услови за работа, ниските плати, искористувањето на трудот. Никој нема да се избори за нас ако самите ние не го направиме тоа. Секој друг ден од годината говориме за тоа колку сме незадоволни од нашите работни места, а кога е први мај сите се прават на удрени дека нема никакви проблеми и се им е во ред. Наместо да го изразите своето незадоволство на марш, вие ќе одите на некое излетничко место кое на крајот од денот ќе биде нечисто од сето ѓубре. Како и да е. Среќен ден на трудот.
Сакав да го изразам мислењево со мои зборови, но несакав да звучам пасивно-агресивно, убаво фразирано. Среќен до сите кои слават би рекол и од мене. https://www.nytimes.com/2018/04/30/opinion/karl-marx-at-200-influence.html
Едно од најубавите чувства е кога со саканата личност си правите планови за заедничката иднина Со душа ги чекам сите следни денови, до еден, сите следни заеднички моменти, се` што можеме да споделиме и ќе споделиме Топло ми е во срцево, потопло и од мајското сонце надвор
СДК сепак на први мај нема да сум со моите туку со друштво.Успеав цел екран на телефонот да го распукам.Мајка ми ме жифцира ми се пали цигара ми се плаче. Имајте убав ден каде и да сте и леп провод
Повеќе ништо не е како порано, а лошо е што знам дека и никогаш нема да биде... За нештата да бидат поубави мора самите да се трудиме што повеќе за да биде како што сакаме и сме замислиле. Мај е мој месец, останува и овој мај да запишам убави спомени и моменти кои ќе се паметат долго... Нека е прекрасен како и секој мај што сум го доживеала до сега
Од една страна велите дека немате пари и се жалите дека едвај крпите крај со крај во месецот. Ама тоа што го видов денес како да не се поклопува со она што го кажувате. Полни продавници и супермаркети како да е дојдено до некоја воена криза или вонредна ситуација. Луѓе не е еден ден во месецот па да ги фрлите сите пари со кои како велите едвај крпите крај со крај. И бидете внимателни да не претерате со јадењето и пиењето. За мене овој ден е како секој обичен ден. Убаво да си поминете каде и да сте. Имајте пријатен и убав ден.
Внимателно,внимателно со пишувањево,да не се најдеш во небрано ко @ivi1987 на претходниот празник па да ти отворат од коментаров нова тема синдором на празнично претрошење Ќе се дигне нова револуција на форумов на денов Ќе те каменуваат што гледаш по туѓите потрошувачки кошнички и паричници
Дај бе остајте ги луѓето да прават што сакаат. За Божиќ ист муабет. За велигден ист муабет. За 1 мај ист. Што сте запнале у туѓите корпи што купиле ко вие да им давате пари за да истераат до крај после. Што ви е проблемот? Тебе не ти се купува на некој му се купува. Тебе никој не ти суди а ти пишуваш постови по форуми. И тој што на кредит ќе живее до крај на месец и тој што ништо нема да стори за мај за себе живее. Не за другите. Само тие што зјапат во туѓото се замараат. А тие пак си го живеат животот. Е така.
Ова го напишав добронамерно. Ме заболе мене кој колку троши и од каде му се парите. Само после нека не се жалат и нека не кукаат како немаат пари. Имај пријатен ден Лилке.
Чек чек сеa зa се смее дa се мрчи, aли aкo кaжеш декa е глупo дa се трoши целa плaтa зa еден ден, oдмa се мешaш у туѓ џеб? Дa, мoрoнскo е и пaтетичнo е дa немaш вoдa у oчите, aли дa пo×беш 200 еврa зa еден ден ждерење зa прaзник, или 2000 кредит дa дигaш дa слaвиш мaтурa нa некoј кoј едвaј зaвршил, или пa сеa не мoже рaбoтa дa нaјде. Никoј не ви брцa у џебoт, туку сaмo ви кaжувa декa е дебилнo. А aкo тoa ве вреѓa, тoa не е нaш прoблем, и oбрaтнo. Фмп.