Моментот кога си среќен покрај луѓето со кои си опкружен и си толку насмеан што очите ти блескаат. Денес се почувствував среќно после долг период. Те прашуваат зошто си толку насмеан и среќен, а ти им одговараш убаво е времето. До толку сум среќна.
Размислував дали да го напишам ова... Знаејќи дека меѓу вас има прекрасни луѓе кои се спремни да помогнат, сакам да ви се обратам и да ве замолам за помош. Ми се обрати една личност. Во доверба ми го кажа својот проблем. Во тешка ситуација е, а јас самата не можам многу да придонесам за да ѝ помогнам. Јас и плус некои други луѓе, кога сме повеќе, помоќни сме. Сите кои се заинтересирани да помогнат, нека ми пишат приватна порака и ќе ви објаснам подоцна за што станува збор. (потребни се донации)
Гледам дека на форумов има многу душебрижници кои што исмеваат и понижуваат туѓи мислења и си фајќаат сеир. Искрено на форумов активна сум во 3-4 теми и само таму читам,денес случајно влетав во друга тема и искрено се изненадив од некои членови за кои што мислев дека почитуваат туѓо мислење и искуство. Според мене не можеш да коментираш,да обедуваш и да потценуваш мислење за работа која лично тебе не ти се случила и немаш искуство. Во ред е да имаш свое мислење и став,но не и да исмеваш туѓо. Секој си има право да верува во што сака и многу е неубаво кога од страна читам дека некои членови упорно се обедуваат да го наметнат своето мислење и став. Значи ако не ви се случило не можете да разберете. Ете не знам зошто тие тој факт не го прифајќаат.. искрено се разочарав и сменив мислење за некои членови затоа што се исмеваат на туѓата мака и си фајќаат сеир. Кажав и пак ќе кажам не можете да верувате во нешто додека не ви се случи и тоа е океј ама остајте ги другите да веруваат во што сакаат без да се обидувате да им наметнете мислење.
СДК дека тој што најмногу те дигал до небеса, верувај дека и најмногу ќе те гази кога ќе паднеш од небесата.
СДК 1- Да не постоеја лажни пријатели, никогаш немаше да ги сретнам вистинските СДК 2- Толку многу знам да си креирам сценарија во главата, па уште и се разочарувам кога нема да се остварат
Она кога ќе си легнеш а на комшиката ќе и се уврти филм дека во соседниот стан има крадец па армија џандари ќе дојдат и ќе те разбудат...
СДК... Изместувањето на животната рамнотежа пропратено со прашањето Што ми се случува е последица на избегнување на соочувањето со себеси во форма Што направив...
Сакам да се дружам со луѓе, со различни карактери. Да споделуваме мисли, среќа и насмевки. Сакам да сеам среќа насекаде, насмевки насекаде, да се смеам на глупости и да се сеќавам на детството. На џамлиите кои ги чувам во фиока, на детските игри. Сакам да скокам од карпа во море и да доживеам бројни авантури. Сакам да поздравувам и лицемерни луѓе да ги допре малку љубезност во себе и да не берам гајле за тоа. Се тоа сакам и се тоа сакам да го остварам. Не барам многу туку го барам најскапото нешто на овој свет.
"Еурека" - извикал Архимед трчајќи гол низ улиците на Сиракуза. "Имам идеја! Знам каква тројка сакам да гледам!" - напиша еден лик седејќи гол пред компјутерот. "Ако знаете дека сте на вистинскиот пат, ако го имате тоа внатрешно знаење, тогаш никој не може да ве запре... без разлика што велат тие." - рекла Барбара МекКлинток, добитничка на Нобелова награда. "Дебела си" - напиша и отиде да плаче над истуреното шише со шампон.
Koга ќе те расплаче епизода од Сексот и градот тогаш си сигурен дека дефинитивно си или во пмс или за на психолог
Сакам да кажам дека ако ми сретните мислење постаро од година, година и пол, ве молам не ми го читајте или едноставно замислете дека го пишувал друг човек. Кога некој ќе ми лајкни мислење од тема која ја немам отворено 2+ години, почнува да ме дрма лошото зошто сметам дека промените на мојата личност одат кон подобро, па со страв си ги читам тие некои стари мислења. Некогаш воздивнувам онака смирено, еј супер сум мислела. Си се согласувам. Ама некогаш ... Анксиозност за лајк или ознака сум немала никогаш, сем кога знам дека темата не памтам кога било последен пат да ја имам отворено, па ме копка што по ѓаволите имам лупнато.
Имам нерви и проблеми тешки колку еден тон,абе се ми се чини како цел свет да го носам на грб. Им се чудам на луѓето кои кога се во состојба како мојата не јадат,а јас баш утеха наоѓам во јадењето,им се чудам и на оние кои нервите ги слабееле,абе мене и воздухот што го дишам ме дебелее Едно време си бев на диета,сега пак не сум,по милионити пат се откажав....да,пред малку јадев