Сакам да верувам дека овие проблеми ќе пројдат , ќе дојде период кога се ќе биде таман. Се ќе средиме...само трпение... И кариера и врски и семејство и се. Сега е малце расклимано, не оди по план ама мора да е тешко . Така? Сакам да верувам.
Мигот кога во паркот на клиниката за онкологија слетаат 5 гаврани и пациентите од клупите ги бркаат со изјава " ау нека бегаат тие се предвесници на сметаа " станува јасно се....и животот и надежта и борбата и волјата и стравот.... И тоа како се расте преку ноќ.....
Ништо не е тешко кога имаш јасна цел пред себе. Кога човек има за што да се бори, кога се бори со целото срце, веќе е победник
Случајно на српскиот ТВ канал РТС ја слушнав веста дека докторка со лажна диплома работела на педијатрија, а имала положено испити само за 1 година. Епа затоа здравството е дојдено до ова дереџе на Балканот. И секако добила отказ и кривична пријава. Ама тука не е виновна само лажната докторка бидејќи таа веќе си го уништила животот на себе и на своето семејство, туку и самото министерство за здравство бидејќи поради нивната грешка и пропуст можеле да настрадаат мали и невини суштества. И тој што го потпишал решението за работа на лажната докторка треба да биде санкциониран.
На денешен ден починале 1. Гоце Делчев 2. ЈБ Тито 3. Васка Илиева Не дека ја ставив на 3 место е нај небитна туку за мене најпозната,зошто јас растев со неа и нејзината песна.Може е смешно но како мала освен “Мечето Ушко” и “Во светот на бајките” немав желба за ТВ па така татко ми уживаше во македонската фолклорна музика. Навистина жената имаше глас што и сега кога пишувам се наежив.Ако смеам да спомнам една македонска пејачка од овие “Гологазовите пластични безобразлук” не можат со неа да се споредува.Остави аманет Сузето Спасовска да продолжи со македонската песна но ништо од тоа. Умре жената, а девојчето не и го дадоа или може ја знае јас не знам. Пееше од душа заМакедонија Гоце умре за Македонија а ние сеа во што живееме во Циганија. Греота сме
Се надоврзав со погорниов одговор на тема, ми текна убаво на Мечето Ушко/Светот на бајките/Дајте музика/Мечињата со доброто срце. Убаво е кога си таа генерација и си раснел со тие работи. Се сложувам и за Васка Илиева до некој степен традиционален, иако хумористично линкав 2-3 пред 2 дена од неа. Неможеме сами/во еден ден да ја смениме Македонија би рекол. 2 па 4 па 8, и чекор по чекор прогресија само. Само слобода на глас/говор да има во прав смисол. За поопширно не би знаел доволно политика и историја да се искажам. СДК Денес почнав да користам белешки да се организирам, ептен верувам во организација во што и да правам.
До кога ќе се поставуваат граници и правила, едната другарка има маж, работа а друга другарка баш во тој период не може да си најде дечко... До кога со маабетите дека ако ти си си го средила животот треба да ги форсираш и другите дека треба да бидат како тебе Што ако ти си среќна, а твојата другарка минува низ лош период.. Лугето во вакви ситуации се почесто се одбегнуваат, за жал.....
Гоце Делчев, 1903: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ Многу од Македонците денес, 2018 (кога би биле искрени): Јас го разбирам светот (посебно Балканот) како поле за натпревар во национализам, ксенофобија, верски фанатизам и препукување на интернет со Балканци од други држави за тоа која земја е најстара... #иронија
Ако се прашувате, што правеле другите луѓе изминатава седмица - еве ви. Па, човече, јас се' што успеав да направам е да кажам “не“ кога првиот пат ми понудија сладолед (незнамштоденбешеилиштоноќ), после тоа секој пат викав “да“, дури и почнав сама да си зимам без ничему изазвана. И како после тоа да не се замараш со прашања од типот...кој сум јас, зошто постојам, која е смислата на животот... Бар да прифатеше дека си обичен просек кој не бил роден да прави големи ствари. Освен ако дебелеењето го рачунаш под големи Ќесиумрамнекојодовиеденови.
Вчера бев на Саем на книгата и не купив ништо како што и претпоставував. Немаше нови книги од тоа што сакам да читам, се исто и како лани. Така да, интернетот ми врши голема работа Но една од работите што ме иритира е кога ќе разгледувам на штандот и некој од тие што продава ќе ми каже " Повелете" и океј ќе кажам дека разгледувам, а на тоа ќе ми врати "Кажете, како можам да ви помогнам" .. Добро значи разгледувам. Ако имам потреба да побарам помош, ќе побарам. Значи вака кога некој ми стои над глава и ми врши притисок (као демек ќе ме натера да купам) уште толку ми станува одбивно. А најчесто на тоа кога ќе ми кажат "Како можам да ви помогнам" или " Што конкретно барате" или слично, ги прашувам дали ја имаат некоја книга која што знам дека ја немаат И тогаш ме оставаат -.- Сфаќаат дека не можат да ми помогнат за тоа што го барам Али зошто да се ставаме у ваква ситуација ... зошто ? RUN
Љубов. Будење во прегратки, раширени зеници, кафе и гербери над старите книги... Лакирам ножни нокти, а он ми ги пува додека ги лакирам оние на рацете. Па си ги пуваме заедно уз тивко музиче, додека се натпејуваме еден со друг. Емоции истурени како од мало, меко облаче право во негови гради. Еден цел свет ми е. Кикотење до сите вечности.
Емоциите можат да бидат најсилни крилја, но и најцврсти синџири на еден човек што ги има во изобилство...
Ноќите во кои се превртуваш бессоно во кревет и се прашуваш - дали погрешив? - се навистина тешки, но нималку во споредба со ноќите во кои непокретно зјапаш во мракот и ги слушаш само своите мисли на сигурност - да, погрешив! - е тие се ужасни!!
Кога ќе увидеме дека животот е кревок како пламен од свеќа, треба ли истиот да се троши на инает??????? Е ова прашање ми се врти во главата во вечери како оваа кога гледам луѓе кои премногу се сакаат, кои се мислат еден со друг 24/7, а никогаш, ама баш никогаш нема да си признаат... Кои иако се насолзени ќе се повредуваат до болка.... Е во вечери како оваа сакам да имам моќ да ги затворам во една соба да викаат, врескаат, бакнуваат и милуваат додека не си признаат се што чувствуваат еден за друг... Зошто има ли полза животот кревок како пламен од свеќа да се троши на инает????????
Синко на враќање од манастир исповрати во колата. Тек треба да го капам, тек ручек да му дадам. Тек утре на градинка мора да оди. Значи мора. Немам помош повикај невработена женска роднина да го причува макар само утре. Си го мразам животот, посебно во вакви моменти. Да ти се плукнам во Ѓурговден, со извинение на светиците кои се побожни. Уште еднаш на манастир со малиот не, макар да се испокарам со домашните.