Дури и на најуспешните лидери знаат дека во нивниот живот постојат луѓе пред кои можат да бидат ранливи и слаби, без да се плашат дека ќе бидат осудени.
Колку и да не го сакам дождот, сепак ми се допаѓа мирисот што останува по него, мирисот на летен дожд, оној што истура силно и остава свежина по него. И по него сонцето светнува посилно, потопло. Убаво е кога човек знае да ја најде убавината и во нештата што не му се баш омилени.
Баш сакам уште повеќе луѓе да се приклучат на Скопскиот маратон. Еден навистина убав настан кој поврзува многу генерации и вреди повеќе да се промовира. Кога се враќав накај дома гледам ми ја украле пластичната канта за отпадоци, а скоро 4 години ми го разубавуваше дворот.
Povekje gi okrivuvam roditelite kaj shto gi gledaat decata kade pravat haos i se pravat na 3ipol,odkolku samite deca. Bash toa si go gledam pred moi ochi,ama pa shto da pravam jas koga roditelite im se ulavi
Ми доаѓа да потонам од срам секогаш кога фризерката се обидува да ми ја расчешла косата после миење. Заплеткана како клопче, мислиш не видела чешел никогаш во животов.
Има разлика меѓу потреба да импресионираш, и вистинска инспирација да станеш подобра верзија од себе. Многу се вредни во животот луѓето кои ти го будат второто...
СДК секогаш сум се сметала за силна особа. Онаква која може да страда, но ретко ќе го покажува тоа Онаа која на само ќе плаче, а во јавност ќе се смее Имам силен одбранбен механизам кога луѓе кои не треба ми се мешаат во животот и ми ја нарушуваат приватноста. Во тој случај ГАЗАМ Без разлика дали е пријател, странец или роднина. Доволно време трпев и се смешкав на секакви недоследни коментари и прашања и не можам повеќе За некои сум ангел, за некои сум кучка. Зависи од човекот што ќе разбуди во мене
^ мене поголема позитива ми се оние личности кои помагаат а за тоа нема фото- доказ. Да знаеш колку прекрасни личности има, волонтери кои им го разубавуваат животот на луѓето а не се фалат за тоа. Ова што го направил дечково не е за поздравување, и да не беше во прашање личност со Даунов синдром, човечки е да подадеш рака. Доколку некој го одминал детево, тоа е веќе одвратно.
А овој на сликата се фали? Мене ми изгледа дека не, сликано е од некој што го видел и само сакал да го покаже на јавноста убавиот момент.
Дечково не се сликал сам,а и да се сликал е за пофалба и тоа огромна,ова е човечност и хуманост,и треба да се види и прати примеров.Верувај има нелуѓе кој би се смееле и поминале покрај вакво душиче,за жал сум видел со свој очи.Подобро ова да го гледам,него ли посран*не политичари кој секој ден несвесно не плачкаат,и фалат како прават добро на државата со наши пари,а луѓе немаат леб да јадат. А знам мн добро како е да помогнеш некому,цел живот го правам тоа,и ке го правам понатаму.И да немам такви фотки,а сакам да имам за спомен,и еден ден на мојте деца да им покажам што е животот,и хуманоста.
Незнам како да си ја контролирам искреноста... И лутината... И бесот... И љубовта... И страста... И емоциите.... И затоа ги повредувам сите околу мене. И затоа на сите им кажувам искрено мислење.. И сакам да кажам дека не бирам зборови и незнам за трпение ни пак ќутење....
Не знам што има толку посебно во овој момент, тоа е човечки да се направи. Тој момент воопшто не треба да се слика, ваквите слики би требало да се секојдневие и чудно е што луѓето се воодушевуваат на вакви работи. Да, човечки е и хумано, ама зошто е за пофалба? Ова треба да е секојдневие, а не да паѓаме у несвест јер некој помогнал некому. Има ли потреба да се направи слика како млад човек и помага на возрасна личност, пензионер да речеме, да ги носи торбите од пазар?
Некои денес трчаа маратон, а ние си постиравме маратонски 42 постови Време: 3 саати и 12мин со пауза за ручек и освежување. Последните 3-4 постови беа најтешки, ама успеавме некако.
Многу ми се интересни луѓето, а посебно жените кои во секој можен и даден момент сакаат да се истакнат пред другите дека се најпаметни, најубави, најдомаќинки, најмајки. Убаво би било да научат да живеат за себе и најблиските без да се докажуваат на околината, и да чекаат пофалби дека се нај, нај во секоја област. Биди убава, паметна, најмајка и домаќинка за себе и твоите дома, а не за да те тапкаат по рамо и да те фалат сите за да се дигнеш во облаци. Ако ти се шминкаш и фенираш постојано, можеби јас не сакам. Ако ти имаш долга коса, не е задолжително сите жени да имаме. Ако ти негуваш еден стил, не значи дека сите како тебе треба да се облекуваме. Ако ти чистиш секој ден и правиш "генералка" дома, јас не го правам тоа. Ако ти готвиш секој ден, јас не готвам. Ако ти не си ги вакцинираш децата, јас ги вакцинирам. И ред други работи кои се дури и смешни за спомнување. Се што правиш ти не значи дека е закон и најисправно, и не значи дека треба да вршиш притисок сите да бидеме како тебе па дури и од околу, као ненамерно да навредуваш. Најлошо е човек кога се споредува со другите и сака да паметува, од страна делува како да нема свој живот.