Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Дали си свесна дека човечноста умира?е затоа се дивиме на тие кој останаа човечни и емоционални.
     
    На Milobebence, КикиМаус, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Од иста причина им викаме фала на колите што ќе ни застанат на пешачки, како услуга да ни направиле, а не дека тоа е нашето право, а нивна должност во сообраќајот. Али пустото сме се навикнале на такви што дури ти свират ако згазнеш на пешачки, бидејќи нели улицата е нивна.
    А најглупо ми е па кога ја возам, и ќе застанам на некој човек за да помине на пешачки, а тој трча и прави фаца као леееле извини што те застанав, еве сега ќе претрчам набрзинка да не ти го трошам времето во возење :(
     
    На Purplelilac, Scott Weiland, LiliBoz и 4 други им се допаѓа ова.
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Ако помогнеш,си помогнал за слава да бидеш виден.
    Ако не помогнеш си бил нехуман,нечовечен.
    Да ти ебам народот забеган.
    Останаа ли луѓе во дупкава,но запрашајте се вие дали сте луѓе,што стално кукате дека нема луѓе.
    Што човечко сте оставиле во очите на тие луѓе,освен омраза.
     
    На Milobebence, Purplelilac, Srcka $ и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Денес на маратонот имаше една девојка, рани дваесети, претпоставувам од Македонија. Што да кажам? Која мајка ја раѓаше матка да и се позлати :D
     
    На Feminka192 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Човечноста или како што велам јас добрината не умира тоа да го запомниш. Туку таа ги напушта луѓето и тие стануваат празни и сурови. Стануваат себични и немилосрдни суштества.
     
    На Rama, simonka93, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    12.552
    Пол:
    Машки
    Од иста причина мразам кога ќе ми спомнат донации, мое е да ги видам сам, не да ми набиваат вина, а дел од што се тргнав од фејсбук беше и тоа, и коментари *донирано*.. Исти прашања ме мачат Зоки.

    Хумани сме ради себе си, не е убаво јавни такви работи да дискутираш, кој треба помош/колку си помогнал. Браво и фала не значат многу.

    За луѓе би рекол има секакви, позитивни ако бараш ке најдеш, јас порано кукав што нема добри, додека не проширив хоризонти и сватив дека има добри луѓе, но во истиот момент сватив колку сме небитни во космосот...

    Се е до перспектива/аутлук/мајндсет.
     
    На Rama, Feminka192, sleepingbeauty и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    Сдк
    Еднаш ми требаше поголема количина на пари , и му се обратив на еден "другар" (коишто е женат и има деца) , и му велам дали можеш да ми позајмиш пари до тој и тој датум ти ги вракам, и он нема проблем за тебе ова она , и на фб : мн си убава , ....јас: Кога да дојдам по парите како што се договоривме , и тој : мн те посакувам , ајде да одиме вечерва некаде , во хотел ,сакам ова она да ти прам......:@ и со него завршив тука !
    Ова ме потсети кога на форумов видов еден оглас за работа од дома или работа како асистенка , и го контактирав огласувачот, па со огласот се труди да фати нешто , па почна да ме убедува да бидам негова асистенка ама интимна , морало секс , и да му прам на вибер мрсен муабет и да му пуштам перверзни мои слики за да си го мавнел другар му ....ми се згади и живот и све па морав да го лажам дека сум самохрана мајка за да не ме замара сељакот, бидејки му го дадов мојот број нели за работата ,огласот ке разговаравме ?!! ! Штом го нема више со постирање огласите и нудење на телефон Ајфон6 плус за 50 евра , ваљда на некоја и се погодил огласот:^) Избришав и разговори и све , едноставно ми се гади од сексизмот!

    Мислам да си знаете сите вие кои го мразите како мене сексизмот ;)
    Никогаш нема да ги разберам тие "машки" што со ваков начин мислат да ебнат нешто(facepalm)
     
    На Milobebence, Srcka $, КикиМаус и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Многу го гледате светот црно и бело и се водите според некои догматски правила. Што е битно дали некој се пофалил дали донирал или не и со каква намери го сторил истото. Тоа што е релевантно е дека го сторил и илјадниците ко него/неа фалбаџики на фб, но крајниот резултат е тоа - излечено дете. Премногу се фокусирате на споредните мани на луѓето. Светот не е совршен и колку побрзо го сфатите тоа толку полесно ќе ви биде да дишете во ова презагадено Скопје.
     
    На КикиМаус, Scott Weiland и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Сите што помагаат се позитива, без разлика на тоа дали е споделено или не. Зошто да се бара маана во вакви позитивни гестови?

    Друг го сликал од страна дечково во случајов. И јас како емотивна личност и ентузијаст за зачувување моменти можеби би сликнала таков момент...

    И што добива човекот од тоа? Не е селебрити па да речеш во некоја мера за слава, не му го пишува ниту името и презимето, го препознале само тие што веќе го знаат. Чинот е битен, добрината и човечноста од истиот што се истакнува, макар и на ден додека е актуелно...

    Се согласувам дека ни основните културни манири не се толку честа работа колку што треба да бидат, а и хуманоста, емпатијата и свесноста кон луѓето со Даунов синдром... и затоа премногу се восхитуваме на истите. А денес социјалните мрежи се медиум преку кој се пренесува сѐ, и камо повеќе вакви моменти и пораки да се споделуваа.
     
    На Purplelilac, КикиМаус, Rama и 17 други им се допаѓа ова.
  10. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Понекогаш многу малку е потребно за да си среќен. :*:
     
    На КикиМаус, Rama, BlackAndWhiteSwan и 5 други им се допаѓа ова.
  11. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.710
    Најмногу од се' во животот мразам луѓе што ти се прават пријатели, но во одреден момент ќе ти покажат колку навистина им значиш...
     
    На КикиМаус, Rama, BlackAndWhiteSwan и 10 други им се допаѓа ова.
  12. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Поради вакви моменти го сакам фудбалот и живеам за него. 31948115_10156403674556967_5094491293694820352_n.jpg
     
    На КикиМаус и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  13. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека доколку сакаш нешто да промениш, започни сега. Можеби утре ќе биде доцна, а можеби и нема да постои.
     
    На КикиМаус, Rama, VictoriaSan и 6 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, но училиштето не е само за образование, туку и за воспитување, во училиште треба да се одвива воспитно-образовен процес. Ама денес за жал нема ни квалитетно образование, а за воспитување да не зборуваме.
     
    На КикиМаус, Rama, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Сакам да кажам гледам стар концерт на Тоше и секогаш на вакви снимки се прашувам тие фановите во публиката колкави се сега, дали се пораснати, што прават во животот, каде се моментално и дали можеби има некој од нив овде? Исто и тие танчерките од Србија што му беа, вистина, што прават во животот сега? :)
     
    На Ana Chio, КикиМаус, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    А, замисли да застани кола на пешачки и дур преминуваш уствари тој од зад него претицува. Сега преминвам до негде и ѕиркам, мил ми е животот. Во еден случај (комбе застана за да поминам и не можев да видам забрзина кола, па буквално до раб на комбето стигнав да видам да не претицва некој и во право бев) дури и возачот кој ме пушти излезе од кола да пцуе, да се нервира, каква сообраќајна култура била таа. :?: (facepalm) И некогаш по два пати денот има полиција тука и џабе.
     
    На КикиМаус, Rama, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Имам за частење. Една недела немам слушнато лоша вест. Изгледа се решиле да ме растеретат малку после тоа. Или и себеси да се растеретат.
    Вчера во невремето, сама, ѕверев во ѕидот и си мислев, колку ситуацијата ги прави приоритетите поинакви. Во даден момент побрзо ќе отпуштиме од раце една работа, на сметка на друга, во друг момент обратно.
    Така, се откажав од апаратот за вафли. Од многу работи се откажав. Тотално ми се непотребни. Ќе патувам.
    Држев за рака блиска особа, и уште една, и уште една. Се смеам на себеси, чувствувам како да сум последната личност која треба да стои како потпора за друг. Ама некако, во последно време како да постојано е тоа така.
    Се е толку некако релативно.
    Освен мојот пмс кој очајно бара сладолед.
    Денес не можам да се борам против себе...ќе се напијам кафе.
     
    На Purplelilac, КикиМаус, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    43.492
    Мене па само не ми е јасно шо овој имал потреба да го носи детето у раце, нит има скршено нешто нит е сакато, али јбг...

    Можел само да го стане, и да си истрчаат еден до друг до целта...

    Али пак, јбг...
     
    На Madam-A, Purplelilac, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Читам седум од десет деца во Мк биле жртви на некакво насилство, психичко, физичко...
    Така си ги раснеме децата, со тепање, со викање, со закани, со уцени, па се чудиме потоа на агресија во училиштата, се чудиме на емоционално отупавените луѓе... Се чудиме како децата ни биле на последно место во светот според pisa... Ги учиме од мали да бидат "борбени", ако сакаат нешто да земат, се гордееме со таквите деца, а оние кои прашуваат за нешто лошо ќе си поминеле во животот. Се фалиме кога детето во градинка на сите им ги земало играчките, ептен снаодливо било. Се што е погрешно го фалиме и цениме и потоа се чудиме зашто секаде сме последни во се. Зашто не напредуваме во ништо, туку се враќаме назад и назад. Има нешто, нешто што смрди во земјава македонска.
     
    На Annath, Srcka $, ivi1987 и 25 други им се допаѓа ова.
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Вчера ми ја украдоа кантата за отпадоци. Ништо страшно. 1000 денари. Ќе си купам деновиве поубава, но ако некој ви ја украде земјата, татковината, слободата е тоа е веќе проблем...тоа не се купува. Затоа мислите со глава. Рамнодушноста и малодушноста нека не ви бидат двигател во животот.
     
    На Purplelilac, КикиМаус, N.2106 и 5 други им се допаѓа ова.