Идам во продавница често со деца од 5 и 3 годишна возраст и никогаш им се нема случено да земат нешто без прашање, не дај боже да украдат. Така да тоа деца се не проаѓа. Воспитувањето почнува од најмала возраст, а ако е до детето, лопов во најава има и за тоа лек. Ама оправдување нема. А да имаш 10ден во џеб воопшто не е срамно, срамно е што никој не реагира на крадењето на девојчето. Почнувајќи од родителите па сите блиски кои упорно си го водат во маркет.
Знам дека можеби е глупаво и банално ова што ќе го напишам ама ова е реалноста. Отворивте дискусија за некој случај за кој не ни слушнав ни разбрав што се случило. Зошто народот не се бунеше и отвараше дискусии додека не ограбуваше секоја владеачка гарнитура? Ама ние македонците сме таков народ си молчиме за големите работи, а отвараме дискусии за некои помалку важни настани од општественото живеење.
Има еден феномен кај нас како нација кој не може едноставно да се објасни зошто е тоа така. Кај нас сите се експерти за секоја област. Сите мислат дека се најпаметни и дека се знаат. Не е срамота да кажеш дека нешто не знаеш, срамота е да се правиш паметен и дека се знаеш но всушност ништо не знаеш. Имајте добра ноќ.
Види... Ќе сретнеш скитник, ќе го нахраниш, ќе го облечеш, ќе му дадеш пари - да му се најдат, ќе го прибереш дома да преноќи - да не биде на невреме надвор, а тој ноќта ќе ти ја ебе жената.
Од архива ова. Одам во Тинекс далечната 2014ли15ли Бабево зема ќеса со зеленчук и мерат на вагата за тоВа еве пример 2крстаици беа,и лепат ценичка и се вртка околу бабаево за дуго да земи коа си додаде уште 2крстаици. Стара и требиТ крстаица вишак Една од продавачките ја насети и застана на празна каса специјално ја отвора бабево на ред ко стаса и јас за побргу зад бабево се стаив. Молк и наеднаш продавачкава и велиТ бабе некако ефтино 4крастјци а дај да премериме и држ не дај бабе даде ама не за џабе дек нема џаба ни код баба. Не остана за џабе бабе зш кога ја опоменија дека позајмила пол кило крстајци таа рече е море чупиња јас докторант сум за докторска тема спремам колку е бескрајна чоечката глупост,туку ај арни да ми останите и од арно куртул да не видите/сетите
Рафе рибата смрди од главата не од опашката. Владата и сВе това политичарите смрдат народот од опашката живурка ко риба на суво
Ова со владеачките гарнитури го напишав само како пример. Се тоа беше споредба со дискусијата погоре. Дали некој ќе краде или не зависи од воспитувањето, свесноста, опкружувањето и неговиот статус во општеството.Дали е приморан поради тоа што нема или е клептоман. Затоа напишав дека се замараме со работи кои можеме да ги спречиме само кај оние во нашето семејство преку воспитувањето. Додека за големите проблеми кои се како овој погоре едноставно немаме волја и желба да се потрудиме да ги решиме. Се откажуваме од самиот старт. Затоа сме такви какви што сме како народ.
Рафе не е бре се до народот немој вака Реално шу ќе се постигне ако даваш отпор и се буниш а? Еве мене ич не ми се свиѓа промената на името,не влечам ни по онаа ни по оваа власт,онака народски си зборувам и сега ако јас и х особи секој ден протестираме урламе што ќе се промени? Ништо. Само што маката групно ќе ја споделуваме и искажуваме,друго се по старо зш 100стапа по туѓ грб по грбот на народот не болат,а и гратис пол џеб пара за продадено име. Е од тоВа патиме од корумпирани политичари а народот пишав како живурка веќе,така да од дотепан народ е ова мртвило или револуција и гилотиња за буржоазијата друго чаре историјата не запишала дека има а упс има тоа инките ли ацтеките ли еволуирале до степен на самоизчезнување. Е или тоа ни е трета опција
Станувам од спиење, седнувам на тараса со моето омилено 300мл црно шербет кафе, уживам во неговиот вкус и песната на птиците и притоа ја отварам темава да читам нешто и киндер јајце муабет После моето сконцентрирани читање на сите постови, не само што доживотно ми се одјаде киндер јајце туку и ќе подразмислам дали некогаш повторно ќе му купам на внучко не за друго, да не направиме во маркет некој лапсус, па да не зборат по форуми Имајте убав ден
СДК дека поодамна прочитав нешто што ми се врежа, ама незнам точно да го цитирам, па ќе парафразирам: Не копнеј по недостапното, зашто и тоа што ти е достапно често неможеш да го имаш Мислава не е моја Ама е вредна да се прочита Имај го врапчето во рака, остај го гулабот на гранка
Има точно 2 недели како аларм на целиот комшилук ни е одвратниот,продорниот звук на машина за бушење земја од кај комшијата. 2 недели како секое утро околу 7 часот на нозе сме сите, пошто уши пара. Малце насабајле па поручек за nap time пак истото. Како зомбиња сме со подочнаци сите. Спиеш и потсвесно само чекаш кога ке почне. Претеризам веќе..
Денес е ден на таткото. Татетенце мое , животе мој. Стар си веќе памтењето не ти е веќе како некогаш.Почниваш да забароваш, се плашам да не ги заборавиш нашите заеднички мигови, да не ме заборавиш и мене. Господ да ти го чува разумот. Мажче мое и ти стана татенце .Се радувам кога те гледам како тој прекар те прави горд. Толку ги чекавме овие моменти , а имало и зошто.Уживам кога те гледам со нашето пиле како си играте и гушкате , целото трпение што го имаш. Среќен празник татенца мои живи и здрави да сте ми Ве сакам најмногу на свет
@Ava.84 шуне фајартаг Читам за случајот “бабата и киндер јајцето” јас да си кажам само донеси го детето тука во де и еднаш да украде нешто кој и да види ќе ја кажи на каса и нормално бабата мора да плати или ако нема пари да го врати. Како бе го оправдувате девојчето па веќе е големо на тие години разбира плус и бабата имала 10ден и носи дете у маркет никако не е за жалење. Овде еднаш да проба да краде ќе и се укаже на грешката и втор пат најнормално продавачката вика полиција и они си терат кај треба... Ќе кажете се споредувај Де со Мк но култура е култура. Моите немаа за киндерјајце па ниеднаш не украдов Затоа ние нема уште 100 год да се оправеме Оти оправдувате невоспитаност,а најжално е што родители ова го оправдуваат надеж остана во идните родители И од вакви случаеви кај абе ајде мало е вакво е такво е подоцна и град и државата ја крадат без осет.....
Одам по улица така готик во црно облечена, галам рандом кутре и ме гледаат сопственициве попреку ко магија да ќе му фрлам на кучево... Свашта.
На ваков начин треба секој да се бори за вистината да излезе на виделина. Таткото на Давид рече дека нема да се смири додека не се реши случајот и правдата не го победи корумпираниот систем .
Почнувам да ја мразам глобализацијата, цел свет сме го виделе и сите пејсажи и деликатеси сме ги доживеале само преку интернет. Ниеден зачин не е уникатен повеќе и сечиите проблеми и се и наши. Повеќе знаеме за Аласка околку за сопствената татковина. Со два клика на интернет имаш оригинал превод на руски, или јапонски, а некаде измеѓу се губи суштината на егзотиката. Светот е глобално село и ние сме негови жртви, славиме туѓи празници и се викалапуваме наместо да ја негуваме традицијата. Тоа е кога растението е со мутирано семе, се помалку е автентично се додека не исчезне секој негов белег. Можеби звучи чудно, ама ми се смачи од секојдневието да знам што се случува на сите континенти секојдневно, Трамп што доручкувал, или свадбата на принцот. Сакам да се разбудам едно утро да не погледнам прогноза на телефон и да запалам кола во непознат правец без резервации и ривјус... кога ќе стигнам на дестинацијата да ме изненади хоризонтот. Знам дека звучи лесно ама воопшто не е...
sto e DE?Denmark li??? @MissDior za tebe The Circle Nevozmozno e da se vratime vo kameno doba isto tolku kolku e nevozmozno ona za sto poveketo mectaeme i podednakvo veke nedostizno da bide kako sto bese,da zivees vo iscekuvanje kakov horizont bi te docekal.