СДК Тука си, но не можам да те видам. Ти. Мојата креација. Ти што постоиш само во моите мисли; Ти кој си само дел од моите соништа; Ти, една неостварена желба која чека. Една апстрактна појава, појава која ми ја зеде желбата за уште. Некаде во мојата фантазија, таму каде грубо те посакував, а нежно те пуштив ..и ти си замина. И да се вратам во времето, но прашање во кое? Полека се извивам нагоре и дишам. Се чувствувам слободно кога сум сама. Би рекла дека ми недостигаш, но знам дека ќе лажам. И во секој миг кога ќе се сетам на тебе би сакала да се ежам, но тоа го нема. Една огромна празнина, а никогаш не сум го чувствувала твоето присуство како сега кога веќе те нема. Толку реално. И гледам едни очи и не сакам да помислам и не сакам да знам, но залудно е сѐ. Кога се спушта мракот кога ѕвездите посилно ќе блеснат, паѓа една мртва, полека. Толку е убава, но знаеш дека не постои. Го знаеш тоа, но сепак веруваш, веруваш и замислуваш желба. Толку вистинито, го гледаш тука, пред тебе, а знаеш дека во реалноста не постои. Еден момент, само сега го имаш, го имаш конкретно апстрактното. И размислуваш всушност, ако ти беше ѕвездата која паѓа, дали таа ќе замислеше желба гледајќи во тебе иако знае дека не постоиш?
Се прашувам дали на Медицински факултет ги учат секогаш да ги извадат очилата кога треба да соопштат нешто сериозно - или пак на тој начин кусогледите доктори го одбегнуваат она што би можеле да им го кажат очите на пациентот?
Инспирациите ми се помили од животот, а љубовта едниствениот полен кој го вдишувам. Ја гледам архитектурата на моите соништа и размислувам, колку се совршени, колку се нормални...
СДК... Достојно потсетување за уметничката вредност на македонскиот пишан збор низ страниците на делата на нашите великани... Се одбележуваат 50 години од излегувањето од печат на стихозбирката Дениција (1968 г. Култура, Скопје) од вечниот и незаменлив македонски поет и раскажувач Петре Мито Андреевски (1934г.-2006г.) Првите податоци за Дениција Дениција доаѓаше од секаде како дух што го пропуштаат и мртвите стражари на сите момчиња да им се јавува во сонот. Таа беше како оној Врач кој, гледајќи во цвеќињата држеше говор за потеклото на медот. Таа го имаше вкусот на храната што гласно ја џвакаа моите предци. Кога бев со неа јас дишев во сите светови оти во неа се среќаваа сите страни на светот. Дениција значеше и најголема денгуба и најголема тајна за државнат а безбедност. Дениција значеше и детски додаток и распределба на доходот по ефект. Нејзините зборови ги повторував како реткост во друга реткост пронајдена. Таа беше растојание од една болка до друга и жесток пијалак што се разнесува по куќите. Таа знаеше една буква со која почнуваа сите зборови и можеше да викне и да ги смени годишните времиња. Заради неа пријателите по цел ден не сакаа да ме видат. Размислувајќи за неа можеше да се загине и во најкусиот ден и во најтоплото попладне.
Ох, мојата омилена “Дениција”. Ми стои на наткасната до креветот и често препрочитувам по некој стих... Ми буди некое чудно чувство на носталгија кое не можам да го објаснам... Еве нешто и од мене (тешко ми оди пишувањето од мобилен, па ќе прикачам слика)
Она кога те удира шок кога одеднаш реализираш дека до вчера почетната на фб ти била со слики од табло за полуматура/матура и слики полни од тинејџери разголени по плажа или у миничи, а сега одеднаш ти е полна со слики од апсолвентска и истите тие што се сликале така се трудни, омажени или свршени. Па слики од свадба, со деца и со I said yes ти фрчи фб. Ама уствари не сум остарела јас, тие се 19-20години
Вака кога ќе размислам подобро, може да се рече дека I can spiritually relate to cats. Со таа нивна желба за нежност и дружба - но во друга прилика и антисоцијална желба да бидат оставени на мира, заштитничка „склопченост“ во комфорна зона (па и мрза ), откаченост, но и хејтерска настроеност кон глупавост, па и елеганцијата... Можеби затоа и толку ги сакам, а и повеќето од оние кои ги знам дека обожаваат мачки ми се кул луѓе.
Сакам да кажам дека Македонија наша е чудесно ретардирана земјичка во која женскиот интелект и амбиција не постојат како категорија.... Имено пред два дена излезе некој си список за некакви си едукации, за некои си жени на кои е моето име, заради кои денес уз кафенцето слушам дека се мота прашањето: „А бе кој и е ебачот (буквално со овој збор!) што успеа само таа од градов....?“ И сега како да им кажам дека единствениот ебач во оваа игра е оној кој во декември 1986 година со судни маки ме направил по 8 години борба за пород, кој ми дал интелект, храброст, лудост и амбиција баш за да им пркосам на тие закоравени умови! Жално.....жално за ова ретардирачко опшество кое е убедено дека успеваат само нечиите сестри, сопруги, спозоруши и интимни партнерки!
Само да знаете,глупаво е кога нема да се поздравите со некого,онака од чиста култура нели. Култура?што беше тоа? Не вредело ни поминатото време во Австралија и животот низ Европа,за некои луѓе де,да не се сфатиме погрешно. Вчера со братучедка ми излеговме и случајно се сретнавме со нејзина братучедка,значи моја сваќа,оваа од опишаниот пример од погоре Типката мртва ладна си се поздрави само со братучедка ми,како јас да не постоев воопшто,и за инает и пуштив рака по неколку секунди и ја прашав иронично како си
Откако го видов уништен мојот омилен летниковец на Водно... Останав без зборови Само не ми е јасно како успеаа и зошто?
Да не беше форумот немаше да знам дека имало Евровизија. Да не падна некоја веридба или породување на сцена?
Gledam i malku chudno mi e,decata najmalku se za nekoja zabeleshka vo taa situacija,tuku shto sakaat majkite da postignat so toa shto go pravat ? Gledam majka koja se zatrchala po pat so chinija i lazhica vo race i go dovikuva na svoeto detence da go narani a toa onaka si igra neshto po svoe i si se zanimava. Kakvi deca bevme nie shto majkite nashi ne trchale po nas po patishta so chinija i lazhica vo race pa da ne ranat ? Ova znaci deka deneshnive deca ako taka gi gledaat ce bidat neshto poposebni ili nezz kakvi od nas ? Ili pa samo nekoi majki si izigravaat ludilo vo glavata i pravat filmovi ?
Не Фич. Има деца кои јадат само ако нешто се занимаваат и најчесто надвор се најпреокупирани и успеваат да им бутнат нешто во уста. Во спротивно знае и цел ден на 2 лажици да е. Не судете без врска. П.С на ниедна мајка не и е интересно да трча со лажицата.
Nee lile,ni najmalku sudime t.e ni najmalku go osuduvam ova shto go vidov pred malku vreme,tuku samo mi e chudno kako nie izrasnavme bez toa da ni go pravat nashite majki ??
тие деца се сигурно помали од 3 год кои што ги кажуваш ти Фич. А што правела мајка ти со тебе кога си бил колку нив верувам не памтиш. ако си бил некој не јадач јака и душа. Ако си јадел нормално тогаш немало потреба. Неможеш да кажеш дали го правела тоа или не ..
На се' во животот му доаѓа крај. Најчесто, некои завршници се болни, не' осакатуваат за цел живот, одведуваат дел од нас со себе. Затоа, внимавајте што почнувате. Она што не е ни почнато не може ни да заврши
Што сакаат мајките да постигнат со тоа што трчаат по децата да им дадат да јадат? Хммм... Може сакаат да ги нахранат? Да им дадат вода и витамини што се потребни во текот на денот? И мајка ми истото го правела пред 20 години, па еве не сум ни посебна, ни пак мајка ми изигрувала лудило. Едноставно не сум јадела дома и и било гајле дали е смешно ако трча со чинија по мене по улица. Сигурно имало и такви коментари дека е влезена во филм, ама само таа знаела како и било кога дома НИШТО не сум јадела и кога во болница ќе и кажат дека крвта ми е премногу слаба. И кои се тоа НИЕ така сме пораснале? За себе кажуваш или за кого? Зашто деца од иста мајка не пораснуваат исто, а не па цела поранешна генерација. Навистина во филм се влезени некои мајки што користат разни методи само за детето да е нахрането и здраво.