Другарка го шернала твитот на фб Извини цуро, се знаеме. Тресеше г'з на најдолниот шунд од англиската музика, кај си чула ти за Дјуран Дјуран или Дајар Стреитс. И не си седела по кафани? Е ако де, не ни имаше кафана во селото. Седевме во потпросечни кафичи и пиевме евтина вотка.
Да се прости е голема работа, но да се разбере без да се прости е многу поголема. Кога човек не само што ќе види зошто нешто се случило, туку може да ја свати целата низа на настани кои водат до еден финален болен чин, му се свртува во главата. Некои тоа го сметаат за наследен грев, други за предодреденост, но реално, тоа е само проста, ладна, несентиментална последица. Како лавина или меурчиња во вода откако ќе фрлиш камен. Оптегната челична жица на најмрачниот дел од велосипедска патека или непромислен збор и удар во најжестокиот момент од караницата. Понекогаш се работи за промислен и свесен настан, при што последицата е само еден од параметрите што се земаат предвид, сопственото задоволство е друг. Во состојба на бесчувствителност, каде емпатијата е само збор, осум букви без содржина, човекот е мошне блиску до злото. Се одрекува од целото човештво и станува диво животно. Му се менува бојата на гласот, му се менуваат движеењата, а погледот му станува мртов...
СДК дека понеписмен народ од луѓето во мојот град нема никаде другде. Типкава ги наличила фејковите Huda Beauty на фб страницата за шминка (брука) и половина град отрчал да се шминка кај неа за на табло со цена од 150ден. Сеуште се чудам каква е таа шминка за 150ден. Само трудот не се исплаќа за толку Заеби,кој труд кога таа нема врска од шминкање Така што од сликите на табло забележав едно девојче смешно во веѓите, значи КАТАСТРОФАА ни правилно обликувани,некаде боени некаде не,не изблендани..Така што најискрено помислив девојчето само се шминкало безвезе и кога гледам сега токму оваа истата "фејк шминкерка" ја ставила сликата на ФБ страната со цел да се пофали "шминкала" полуматурантка! Жалости од простотилак си патат тука луѓето а што е најлошо од таквиите денес не се цени ни вредното! А да и ќе заборавев, Кој е заинтересиран веднаш лп! Веднаш ве пренасочувам бидејќи термините се презафатени имало и една невеста! (Жими се имаше на сликите и една невеста мизерија ) Хахахахахах за 150ден имате професионално нанесена шминка со професионални фејкови!
Од многу чочек со тоа штиклите на секој чекор дупка направивте по улицивеБитно е да се меша Еден зурла чочек за нашите патиштасо нови дупки...
СДК дека на секого во животот му доаѓаат неговите 5 минути. Паметните ќе направат да траат цел живот. Будалите ќе ги скратат.
Ете поминаа 10 години од матура,најверојатно ќе ми стигне некоја покана или незнам како одат тие работи бидејќи немам никаков контакт со нокој од генерацијата и несакам ни да имам за да не ме потсетуваат,како и да е јас сигурно нема да одам насакам повторно да ми се вратат тие ужасни чувства па повторно да се борам со анксиозноста,и да одам пак ке стојам сама и само ќе се изглупирам,такада со среќа на сите,ниту ме интересира ниту сакам да знам кој до кај стигнал со животот.
http://www.fakulteti.mk/mobile/news...apravime-restart-so-konkretni-merki-i-chekori Пробај збори му за надеж и вакви филуввани говори на некој шо 10 години бил непожелен поради тоа шо не бил партиски обоен, за сеа и од вас да биде пошо не бил од вашиве и прво требало да се ухлебат брат љубе и остали васиљи и твитерџии. Кај живеат бе овие партискиве гнојови? Вмороните бар ќутеа едно време коа добиваа пари за знамевеење овие горди горди "имале чест да работат на проект у влада", па пари добивање од 5 места, па честитки 500 од уште поголеми гнојови. И мисли дека некој шо не е гној како него му љубомори. За надеж збори младиов шо цела младост ја помина по штабови и митинзи и идол му е другар му со корнишон поезијата. За надеж зборат луѓе шо сто години се у партии и тоа не за да сменат нешто туку да станат директори. Фиром
Пред 13 години со другарка ми смислувавме кореографии за песни кога ни беше досадно. Синоќа игравме на нејзината свадба. Веројатно сите невести се убави, ама оваа, дека ја сакам, беше најубава. А јас открив како се плаче на туѓа свадба, и како се игра боса затоа што ме болеа нозете од штикли.
СДК Имам проблем со апетитов последнава недела, не ми е мал туку ми е преголем. Со ова темпо резултатот ќе е катастрофален... Претажно
Веќе го прифатив фактот дека вторава смена е некој посебен вид на машина за манипулирање на време и денес не си ни зададов посебни планови за пред работа зошто секако ништо нема да успеам да завршам. Станав без никаква идеја како да бидам непродуктивна неколкуте часови што ги имам на располагање. Одбивам да завршам било каква обврска. Чил предпладне/пладне ми е на репертоар и ништо не ме интересира! Отварам форум и видов дека месецов сум прославила годишнина. Пола деценија. Ок. Не мора да значи дека сум толку стара де, така? А да бидам искрена ме фатија некакви недефинирани носталгии. Прочачкав малку низ темиве и гледам некои од другарчињата смениле сликички, некои самите се смениле, некои останале со истата слаткоча во пишанките која сум им ја обожавала, некои пораснале, некои исчезнале... Mислам дека никогаш го немам искористено ова емотиконче: Е добро де, само 5 ми требаа да го употребам, не е многу. Убава работна недела народе. Ваша М,
Сакам да кажам дека сум многу разорачана од колегите/колешките на факултет. Крајно неколегијални се. А јас сум личност која ке помогне на секој(нормално ако можам да помогнам) и затоа многу ме нервираат такви луѓе. Среќа го имам дечко ми, кој ми е најголема поддршка, па така полесно ми поминува нервозата. p.s знам дека не треба да се нервирам за такви работи и дека се се врти, и верувајте се трудам, но тоа е посилно од мене
Понеделник. Мојот омилен ден од неделата, денот кога редовно ми се случуваат најубавите нешта. Лесно е да ти биде убав денот кога е исполет со љубов
Најмногу мразам луѓе кои не се одговорни и кои не се искрени со мене. Значи ме гледа во очи и ме лаже што велат старите. Па после ќе ти каже не сакав да те разочарам, затоа не сакав да ти кажам што се случува. Па ти со самото тоа што не си ми кажал на почетокот си ме разочарал во секој поглед. Зошто секогаш налетувам на такви личности? Изгледа премногу сум толерантен , ќе треба да го средам прагот на толеранција.
Многу поштувам верници и вегани што знаат да прифатат шега во нормални граници околу нивната религија или веганство, без да те направат неморален и да ти одржат предавање на два различни начини. И не ги наведов баш овие групи оти ми се мене спротивни во ставови и начин на исхрана, туку навистина во мојата околина и искуство повеќето од нив се најнапнати околу ова. Малку хумор не е еднаков на непочит и хејтање... сhill out, people!