Како најголемо достигнување од физичкиот и менталниот развој на човекот како битие, и изнаоѓањето на начини како да преживее и начини за олеснување на животот, според мене дефинитивно е создавањето на музичките инструменти а со нив и понатамошно создавање на мелодии. Не можам ниту да опишам колку многу музиката и мелодиите се дел од мене. Единствено можам да направам изедначување на важноста на постојаното слушање или свирење мелодии со важност и неопходност колку и дишењето. Мислам дека не сум минала ниту еден период од животот, било да бил тажен, депресивен, среќен или возбудлив, без притоа да ја употребам моќта на нотите. Се радувам. Се радувам на овој живот во кој постои музика
Сакам да кажам дека сум нова тука и незнам од каде да почнам на која тема да се изјаснам тоест сакам се одеднаш да напишам.
Ова on this day на фб кога ќе си го отворам и ќе си ги видам глупостите од пред неколку години Па убила ме туџа срамота. Ми иде да си го избришам профилот.
Сакам да кажам дека посакувам да депресијата се лечеше со прегратки и со многу "Те сакам", "Сите те сакаме","Ти си најубава, најдобра и најмила"...
Кога ќе сватиш дека и најцврсто заклучените врати може да се отворат ако доволно силно чукнеш на нив... Кога ќе сватиш дека интелектот е сила, слична на разбеснета вода, па никој не може да ја сопре, колку и да пробува... Кога ќе сватиш дека интелектот и амбицијата добиваат на сила кога ќе им ставиш сила љубов и хемија како гориво, како погон за движење напред... Кога ќе сватиш дека нема некој кој не се поклонува на љубовта на двајца кои се бореле за неа, на два интелекти кои процветале благодарение на неа, знаеш дека мора да внимаваш во кого се заљубуваш и кој го нарекуваш љубов на својот живот, погон и движечка насмевка... Затоа што линијата меѓу херој и кукавица, која ја исмева љубовта и интелектот, и силата на истите, е невидлива...
Еве сум. Се пребарав на срчот, никој не ме побарал цела недела, ама ја пак дојдов Дојдов да ви кажам оти мома што знае да готви не е спремна за мажење, спремна е сама да се грижи за себе. Би рекла својствено за наше подрачје, ама најдов такви изрази и во азискине филмови. Знаела да готви, пере, чисти, спремна била за невеста. Друже, тоа основно нешто се учи како растеш, треба да си одговорен за себе, нема цел живот некој да трча позади тебе и да ја мести масата. Спремна била...спремна да биде нечија мајка ли? По муабетот. Слушам денес на радио по колку аларми ставате за будење. Не знам кај работите да може да си дозволите да си доспивате, па снузеви, па тродупли аларми. Кога ќе отворам очи и видам саат, знам дека веднаш морам да станам. Или саат поназад го местите, обожавате да се малтретирате уште од кревет. 59 пулсот иначе. Најдобро се мерел уште од кревет не станати. У мирување. Денес невреме. Утре пак. И то. Толку од кравски мудрости за денес. Седите мирни, пис
Премногу ценам љубезни и насмеани работници позади каса, шалтер... сите што работат со луѓе и притоа не се намуртени туку секогаш одлично расположени а насмевката и пријатниот тон на гласот им се главна одлика. Посебни се. Затоа што имаат моќ да го стоплат срцето на потрошувачот и да предизвикаат насмевка и на неговото лице. Кој би одолеал на тој позитивен, пријателски однос?
СДК дека секој човек си има свое сонце..само треба да го пронајде Тоа е она сонце на кое ќе му дозволиме да не моделира и на кое ќе се покориме...сонце кое ќе направи да да се топи ледот во душата...сонце кое може да те направи слуга и без да ти биде господар
Многу сакам една тројка да родам та до нервен слом да стигнам ама си имам мака. Што ако ептен си личат па дур ги навикнам ги уткам по имиња се тешам во средно имав еднојајчани близначки и ги распознавав. Само јас и мајка им
СДК и бабите не се тоа што беа.Еве мојата баба песни ми пееше , раскажуваше најубави приказни, најубаво јадење ми правеше и со мерак си јадев . Денешните баби по цел ден на тел квачат.Ни песни знаат , ни приказни, за да го наранат детето ја чекаат мајката Ама за совети делење се први Секоја чест на старомодните баби без теЉефон
Ми стигна нотификација прва годишнина на форумот Кога се зачленив имав потреба да напишам мислење во темата што би му кажале, тогаш мислев дека ќе споделам неколку мислења и дека потоа нема да се логирам. Брзо се навикнав на форумот иако ми изгледаше на поинтересно место пред да се зачленам. За жал имав поинакво мислење за некои членови, но мило ми е што сфатив на кои можам да се потпрам и да побарам совет, а кои членови изнесуваат деструктивни мислења. Епа уште долго ќе ме читате
Љубовта е единственото нешто што може да го спаси човек од работ на пропаста. Единствената вистинска движечка сила. Нека ме нарекуваат наивна, сонувач, нека ме обвинуваат дека живеам во свет на фантазија. Нема да престанам ова да го повторувам, нема да престанам да верувам во љубовта. Зашто во моментов го доживувам ова на своја кожа.
Самотијата не е ич така симпатична ко на филмови. Поготово ако си осамен меѓу луѓе. Деновиве направив голема грешка што на тотално неблизок човек му раскажав за мојата состојба. Од едно обично "што ти е?", ескалираше да му раскажам еден куп работи што ме мачат. Сега имам грижа на совест и се чувствувам како да морам да се однесувам попријателски со него бидејќи знае еден тон работи за мене..
Многу ми е тешко што мора некои работи да држам во тајност. Не, нема никогаш да издадам туѓи тајни, но моите ми се тешки.. Дури и кога некој ноншалантно ќе спомене одредена ситуација која ме тангира низ вообичаен муабет или шега, се штрекнувам и индиректно почнувам да анализирам со намера да го согледам ставот на соговорникот за таа одредена работа која соодветствува со мене.. Знаете, не се тоа којзнае какви работи, обични се, ама ете ме повредува ако кон истите се гледа со негативен спектар на емоции. Во тие моменти интуитивно успевам да сочувам poker face, или евентуално да се насмеам, што е лицемерно, ама ајде како поинаку да постапи човек? Не може секогаш да влегуваш во расправа, особено ако не е место и време, и ако процениш дека дискусијата нема да вроди ефект поради ниска самосвест од другата страна. А луѓево денес, кон сенешто почнаа да гледаат со доза на резерва и негативен ритицизам.. Ништо не им е доволно добро, а ниту убаво. На сѐ наоѓаат маана. Премногу осуда, премалку емпатија и алтруизам.
За мене не постои зборот Антиперспирант туку Рексона,независно дали купувам Рексона,Гарниер или Дав,јас си ги викам Рексона и тоа години наназад Имам и друга чудна навика,сите газирани води за мене се Пелистерка И кога ќе ми дојдат гости,кога ги нудам со пијачка спомнувам и Пелистерка(читај газирана минерална вода) а пример им вадам Пела Роса или Добра вода
Ако сака некој најлесно и најекспресно да ја загуби мојата почит, нека поддржи/оправда некакво насилство (освен во самоодбрана) или пак слатко се изнасмее на истото пред мене. За некои недостатоци во ставови и карактер нема место за толеранција и компромис, и така треба да биде.