Сфатив, на мои 22 години, на моја кожа, зошто било важно да си го „гледаш здравјето“. И, тек допрва ќе сфаќам. Сфатив и по други луѓе околу, што уште не сфаќаат, барем не на ниво на примена. Сфатив што прави нервирањето. Сфатив што прави попуштањето само за да не се караш. Да живееш со стравови различни а сите исти, секој ден, секој момент. Сфатив зошто луѓето сакале пари, зошто постојат спонзоруши. Сфатив дека не е добро на секој жив да му се даваш максимално за помош, дека немаат осет после. Па и не ценат. Сфатив зошто требало да си ја браниш работата/интересот/професијата/фамилијата/другарот. И зошто требало мајка да слушаш.... Епа добро утро Татјано.. 22 имаш... сега ти текна???
Кога некој ќе ми рече да се видиме да си помуабетиме толку тешко ми паѓа мислам ко полна вреќа на грб да ми ставил некој. Вајда со годините си оди и тоа да сакаш да си поќутиш и да не сакаш да раскажуваш .
Како дежаву некое се осеќам. Знаете кога се заљубувате во некого, не му ги гледате маните. Како јас без очила кога сум. После одредено време сфаќате дека човекот не е идеален, ама или го сакате со "недостатоците" или се збогувате. Така јас решив да се збогувам со апаратот за вафли. Оладив. Што ќе ми е? Ќе направам два три пати и после бавно ќе го преместувам од кујна, во шкаф, во подрум, во кутија, во гаража.. Не ми треба, можам да живеам без него. Мислам дека сет од стаклени филџани за чај повеќе ќе ми заврши работи. Или може бамбусен сет, со се подлогата. Може и цел сет со кутии чаеви. Да се запишев на кинески, може ќе отидев до Кина, може ќе се спријателев со луѓе, може ќе ми праќаа чаеви. Да се запишам на кинески, може ќе отидам до Кина и ќе најдам пријатели и ќе ми праќаат после чаеви. Да, одлична идеја. Итс а плен Глеав на една емисија чај гостите пиеа од цвет од кајсија. Нормално гуглав после за чаеви од цвет и нов свет се отвори пред мене. Сега ќе берам неотворени цветови, ќе ги сушам и после во топла вода цветот ќе се отвора пред мене со својата убавина и мирис и вкус Каснам малце а? Што остана да доцвета сега? Пијам чај и слушам шис со хеви, шис со хеви, ај ванчју, шис со хеви. Колку добра комбинација! Не знам за другите луѓе, ама јас озбилно сум среќна кога убави работи им се случуваат на другите луѓе. Ме фаќа еуфорија. Цела сум еуфорична сега Убав ден
СДК дека само паметниот човек разликува две вистини: -онаа која треба да ја премолчи , и -онаа која треба да ја изусти Оној кој трага по вистината ќе ја чуе и тогаш кога е премолчена ...ама не секој може да ја чуе и кога ќе му ја кажеш.
Сакам да кажам дека нема помоќно од поглед на маж кој сватил колку те сака по милион години и кој разбрал дека се друго е бледа копија.... Сакам да кажам дека нема помоќно од моќен маж чиј поглед е разоружан.... Поглед... ах само тој поглед, помоќно од очите за мене нема!
Сакам да кажам дека сакам да учам под притисок ама си оставам фер време да научам. Преместување два предмети една недела порано не е фер. Три предмети во пет дена е премногу и за мене. Милост. Аман.
Сакам да кажам дека, толку ми се мати пред очи што упорно читам реченицава: "Психозите се хронични душевни болести ..." во "Психолозите се хронично душевно болни ..." и нормално ми текнува дека прам пак лапсус и ај од ново. И пак. И пак. Дали е ова знак? Сакам да кажам, два, дека погоре кога болдирав до сакам ми се залепи зборот "пирошки". Е вистина сакам пирошки. Уште еден знак. Доста беше со психологијата. Гатачка ќе бидам.
Сакам да кажам нешто за крофните од Хром,страхотни се,пред некое време дознав за нив и мислев дека се некоја обична шала ама не билеееее.Би ви препорачал и вие да си купите.Бујруммм дечки
Е како тоа јас те исслушувам за се, а кога јас ќе почнам са зборувам за мене само кимаш со главата?! What the f**k?
Колку треба да си фатен во мозокот за на снаа што е 2 дена пред пороѓај да и речеш да спрема за слава плус со уште едно дете од 3 и пол год., а ќерка со 6 месечно бебе да спие и да одмара бидејќи имала дете. Неможам да сватам. Бездушни луѓе имало и ќе има, те молам господе нека ги има што помалку.
Сакам да кажам дека со секој изминат ден чувствата кон саканата личност се` повеќе растат. Ме обземаат. Има денови кога се плашам дека го губам разумот. Но продолжувам понатаму, се смеам од срце, давам се` што може да се даде, се радувам на секој миг, секој ден што имаме шанса да го поминеме заедно. Понекогаш е тешко да им се објасни на луѓево дека не е потребно којзнае што за ваква чиста среќа. Затоа премолчувам, иако ми е тешко да молчам. Знаат само шние што треба да знаат, оние што сфаќаат како е да живееш од љубов, како е да живееш за љубов. Животе, убав си кога си исполнет со љубов. А љубовта е насекаде околу нас. Човек само треба да биде доволно храбар, да протегне раце и да ја дофати.
Денес оплескав работа на факс со еден професор,моите дома дознаа,изглеа ќе си одам од дома со Том и Џери стил.