Има некое непишано правило кога имаш за учење и си заглавен со книги и материјали за учење до гуша, е тогаш сите да те викаат за искачање и да мораш да ги одбиеш ради учење. Згора на се, баш тогаш сонце пука и гледаш по инста дека сите се некаде отидени. Кога си слободен, на никој не му текнува да те побара и баш тогаш сите се зафатени за искачање. Животе, чоколадо со поминат рок.
Драги мои, ајде да се самоцитирам Сите сте поканети на 22 мај во 18 часот во Јавна Соба (Public Room) на промоција на мојата прва книга “Природно убави со Биодевојка“. Ќе се дружиме заедно, ќе има козметичка работилница и за првите 50 купени книги на самата промоција ќе следува награда - органски производ за нега. Сите книги купени на промоцијата ќе бидат потпишани од мене со лична посвета за оној кој ја купил. Ве очекувам сите!!!
Зошто сите мислат дека знаат што е најдобро за мене подобро и од мене? А мене никој не ме прашува што мислам за тоа?
@Biodevojka ти посакувам прекрасна промоција и многу посетители.Да бев во близина обавезно ќе присуствував, но се надевам еден ден ќе ја имам твојата книга в раце. Ти посакувам уште многу промоции и успешна иднина. Освен био ти си и вредна и прекрасна девојка
Благодарам драга моја.... жал ми е што нема да дојдеш... Ти благодарам многу...не се знае можеби понатаму и во другите градови ќе направиме некој евент, па лично ќе се запознаеме.
Ремарк рекол : „Додека не се предаде, човекот е посилен и од својата судбина“, и така е.... Предавањето, сомневањето, стравовите, недовербата, измевањето на емоциите и токму силата која ни ја даваат да ја промениме таа судбина се теретот кој го носиме, тешејќи се со зборовите:„така било пишано.... судбина..“
Фамилијарните стебла се важна работа, а СДК дека секој треба да знае кој од каде потекнува и до што може да доведе. На пример: Стравот е син на Насилството. Наивниот и Будалиот се браќа. Добриот и Глупавиот се внуци на Воспитаниот. Очајот и Безбадежноста се брат и сестра. Злобата е сестра на Лошотилокот за золва на Зависта. Зависта пак немала деца па ја посвоила Болеста Подмолноста е мајка на Лукавоста и Бедата Криминалот пак е промискуитетен и има многу деца и е татко на Кражбата, Лажгата, Шверцот....Заблудата, Измамата...значи знајни и незнајни, во сите облици Простотата и Неписменоста се сестри а се први братучеди со Некултурата чија единствена рожба е Невоспитанието. Клеветата е маќеа на Угледот а сестра на Невистината, а има две деца близнаци-Ифтира и Набеда Лукавоста и Итрината се од две сестри деца
Сакам да кажам дека вчера добив мини срцев удар кога една од омилените серии ги видов во листата со прекинати серии. Ама било грешка. Better be, не ми треба нахнаден стрес и овој викенд. Сакам да кажам, два, дека поранешните колеги на татко ми сигурно ме мислат за благо пореметена. Кога сум напната сум социјално прифатлива, поприродно изгледам него кога одам негде релаксирано. Ама важно се думав кое е лево, кое десно. Па Богами и имињата на прстите. И за секое прашање на формуларот имав глупо прашање и се думкав на столче дур чекавме. Ама до дома се прснавме од смеење со татко ми. Едно време почнав и сама да се смеам од нигде никаде зошто ми текна се што се случи и ... Дај, знајте како изгледа тоа од добро стоење некој во ултра сериозна ситуација да почни да се смеј. Сакам да кажам, три, гледајте Дедпул.
Сакам да кажам, пак, дека не сум била типично женско дур сум растела, па дали од грижа или едноставно од други причини, татко ми секогаш ми купувал лакови. Не дека сум била фан, ама сакам да имам некои кремасти, розевкасти обоени нокти, ама сепак, ретко си купувам сама лак. Туку, ми купвал татко ми. Често му кажвам каква боја сакам зошто ми кажва дека оди на продавница и дека сакал да ми купи лак. И секогаш се враќа со некоја боја која јас да влезев не би ја купила, би рекла дури и смела боја, како дречлива жолта, темно сина, ептен розова, ептен дречлива лилава и некои такви кои јас во обичен ден да ги видам ќе ги избегнам. И кога ќе ми ги дај онака прво си прам, „дали јас ова би го ставила на раце?“ и после го ставам и увидувам дека ми се допаѓа и го цедам лакот до последна капка. Сега дур си учам сфаќам дека уствари, со последниот лак се лакирам, дека одамна тато ми нема купено лак. Треба изгледа повеќе да се жалам за лак, а не да го молам да ме однеси в затвор или во душевната Демир Хисар за да можам да прашам дали ќе ме примат на пракса. Да доучам и морам да завршам во едно од овие две места. На пракса де.
Точно е дека не му е на секој приоритет во животот да се оствари во улога на родител. Ама крајно себично е пред личности што со цела сила се борат за дете,некој да им зборува како не сака да си го уништи убавото тело,како не сака стрии од бременост и слично. Крајно нечовечки е! Досадна ви е приказната дека сте се здебелиле 100 грама и сега се мразите себеси и изгледате како свиња
Оној баксуз што ти прави да кога се враќаш од забар со уста полна со крв, горчлив лек, да го сретнеш во зграда најзгодниот комшија, да ти отвори влезна врата што ви е со пин, да ти рече здраво, а ти да не можеш да збориш, да кимнеш со глава, да фатиш шпринт по скали и да пцуеш се живо и диво у себе. Их леле што се не убих испод оне крушке...
Ниту дистанцата во километри, ниту расата, религијата, националноста, ниту парите - не се клучен фактор што ве оддалечува од некој друг. Прочитаните книги кои стојат меѓу вас се...