Пресреќна сум Во местото каде што живеам, се празнува на големо денешниов ден, па се организира манифестација. Облечена во народна носија, им покажав што знам пред роднините, пријателите, да се знае чива внука сум, по чиви патишта продолжувам да чекорам Дедо ми повторно ќе дојдеше да ме гледа, и само поради мене цела слава ќе ја оставаше на домашните, само мене да ме гледа како играм во носија! Ама заврна, срам да му е на времето -Ви посакувам добра ноќ!
Ех, колку само ги манијачев јагодите на пазар. Ги гледам, мајка ми стои со еден другар, цепажа, а јас упорно јагодите го манијачам. Конечно заврши разговорот и отидовме да си ги купам јагодите. Леле, каков манијак сум била бе. За два саати сите ги изедов, и сега пак сакам. Во понеделник ќе одам на шопинг, па ќе наминам и во пазар да си купам. Мх, мх, пак сакам јагоди да јадам. Ооо, мора некоја замена да најдам... Највероватно салатка некоја ќе земам и ќе ѝ се лигавам безволно, ама тоа е. Нема веќе ЈАГОДИ.
Украдов моменти од неодлучнава пролет,од неочекуваниот дожд од жешкото сонце.Јас се уште мислам дека љубовта има вкус на свежи јагоди и сладолед од лимон во паркот.Книгата што си ја купив од саемот уште не ја дочитав,си стои така молежливо гледајќи ме,посегам по неа се втурнувам во неа чувствувајќи го мирисот кои и се залепил на страниците,испишани. Не се заљубив за прв пат,но сега љубам од другата страна на љубовта. Онаа која краде насмевки,создава соништа,лута низ патеките наречени живот,мириса на пролетни цреши,онаа која ја љубиш под светилките во мракот. Среќа. Би сакала некогаш,да можам јас на сите уморни очи во овој град,на сите мајки,жени,сестри да им подарам црвени цветови барем за момент да можам да си ги избришам сликите кои ми стојат заглавени во главата,кога доцна во автобусите ми се врежуваат.
Се живо ме боли. А мислам на левото рамо, под рамото негде, заметнато имам нерв. Долгата приказна на кратко, постилав тревник кај другар. А тежат тие ролни од еден метар, до крајот на денот се потешки и потешки стануваа. Се исчанчив додека он пола ден забушаваше, моткаше тутун, чуркаше и даваше инструкции, ваму е повисоко, онаму е пониско, за на крај да слика и да опне на фејсбук, како што е ред нели, со статус, завршен е тревникот фала богу Ама ако. А баш добро изгледа, како нов тепих е, да не заврнеше на крајот да му иде на човек да се тркала по него Када, вино, кревет, по тој редослед
Интересно е преку се што би преминале за една глупава љубов. Пс.Бидете среќни и внимавајте на постапките кои што планирате да ги направите...
Синоќе по долгооо време тој се сети на мојот број и ми се јави да се видиме. После цела вечер раката со која го гушнав ми мирисаше на машки парфем И толку од мојот испланирам мрзлив викенд. Моите решиле да реновираат Вчера сите размонтираат, работат, чистат јас три пати се понудив да помош, три пати ме одбија, заради алергиите, имало многу прашина и гадно било За денес да може мајка ми да ми префрла дека сум била спора и мрзлива Е јас ли сум крива бе што имам алергии и на мене мош ми се помага Затоа ете ме сега со крпата во раката и ќе чистам детската. И расправам и тепам муабет сама со себе, влегуваат мајка ми и баба ми со „Со кој се расправаш толку?“ и јас „Сама си зборувам како и секогаш“ Набрзинка ќе зачистам и се враќам на ролерите по долго време. Сум заборавила како е да те болат нозете од возење ролери, чувството кога за малку ќе паднеш, кога сакаш да убрзаш...
Пресреќна сум Една братучедка ја запросија синоќа и друга пред 2 месеци ( и двете ги изненадија, браво за дечковиците ) .. Ќе има свадби во близинааа
Нема нешто поубаво од тоа, кога некој ти посветува барем еден миг од своето време. Не мора тоа да биде некое преголемо внимание, доволно е само некој топол збор да изусти, да ти напише порака за убав ден, да ти подари свеж цвет скинат штотуку од градина. Одамна се немам почувствувано вака. Среќна, исполнета, заљубена. А воедно, се чувствувам и убава. Добив еден од најубавите подароци кои една девојка може да ги добие-букет од цвеќе И не, сеуште не се изумрени ендемските видови-кавалери и романтични момци! Ви посакувам убав, најубав ден! И запаметете, секој момент, ќе биде некогашен спомен. На нас останува да одлучиме кои моменти ќе ни останат како убави спомени, а кои ќе паднат во сенката на заборавот!
Еее па да му се сневиди! Мразам бе коа ке си пишеме околку 1 саат и каже “Ај кажи нешто??“ ВУТ? Цел саат ти пишам, тепам време и овој ми вика кажи неш? Абе ајде Иначе деновиве нели матурски има ова она, сите на фб ги видов, ко некој новогодишни лампиони накитени Еее јас кога ке славам матура, нема да се китам како лампион, ветувам Море јас уште прва немам завршено не пак да мислам за матура И еве денеска ке ми дојде другарка ми, ја чекам како 7-ца на лото аман! И нз шо ми е цел ден се смеам како мрдната, све ми е смешно.. Ваљда до времето ке да е Море штом го тргнав јорганот, више не се покривам со него, знајте лето се ближе, нели ја зимурлија сум си Ајде имајте убав ден, јас ке идам да си порокам
Е кога имам најмногу за учење, тогаш ми текнува да заперам на рака нешто маички од 2011 необлечени ... Иде ми се да мавнам фејспалм со лопата...или ај да одам да учам.
Оу јеа, жешко неделно кафе Причина плус да ја сакам неделата. Колку и да е топло времето, кафето се знае, си се пие жешко Спојлер #randomslikaodnet
Некои прилики треба да се пропуштат, за во иднина да се знае дека такви прилики не се за пропуштање.. М,
Олаааа! Штотуку се регистрирав, после ептееен многу думање,и читање,да не речам манијачење мислења по форумчево Јас ќе продолжам да ве читам,се надевам и вие мене. Многу љубов!
Ај и јас убав денов денес соце,природа ммм убавини милина...се надевам некој лев нема да ни го расипи денов
Дали ви е гајле кој каде го поминува својот неделен ручек на фб? Ни мене. Отидов да се ладам и топлам со љубов, бидете ми информирани оти така требало сите да знаат.